Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Не е битно на кој, битно на ОКЕАН е, ти текнува?

Ана Николиќ: Промоција на новиот албум и на…

Поп-пејачката Ана Николиќ денес го промовира новиот албум

„Фригидна“

За време на едно ТВ-интервју по тој повод, пејачката откри и

повеќе одошто планираше.

Конкретно, ја откри










левата брадавица.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
..
.
.
.
.
.
.
.
.
.
..
.
.
.
.
.
.
.
.
V


.
hqdefault.jpg
Извор?
 
Значи дечко, си си ја изменил веста ти.
Јес да е шлајм и без тоа што си ја изменил, но сепак.
Да бе женска, ја разубавив.
Поглупа и да сакаш не може да ја направиш.
 
Немам линк или клип, ама вчера слушнав невидена глупост на една локална телевизија. Известуваат за матурантите, и водителкава вика: „И матурантите си ветија еден на друг дека никогаш нема да ги заборават деновите поминати заедно во гимназијата“.

Да бе, а да не си ветеле, сите ќе ги фатело колективна амнезија и ќе заборавеле. Ќе ги дрмало илузија дека од основно одма на факс отишле. :facepalm:
 
Паника кај граѓаните: Регистрирани два земјотреса во Македонија


Толкава паника, што луѓето одат по улица и си кубат коси:tapp:
Ама и народов наш се возбудува како да нема утре. Преклани кога беа поплавиве на Балканов, памтам една вечер подзаврна малце повеќе и одма фатија ширеа по Србија, Хрватска, се јавуваа роднини по Македонија, мислеа тука Годзила поминала.
 
Кога тема не е убиената српска пејачка и нејзиниот дух кој излегол од некаде, неизбежни се секојдневните информации за згодите и незгодите на Цеца и на нејзиното на многу начини несреќно потомство.
http://www.press24.mk/vistinski-rom...inot-na-ceca-ja-iznenadi-svojata-devojka-foto

Самите наслови на овие, а и на други „вести“, се сведени на Сите зборуваат за нејзиниот најнов фустан! Погледнете како..., Нема да ви се верува кој..., Никој не очекуваше дека..., Таа успеа да се сети на сите букви во азбуката, но потоа се случи ова!
Обично потоа следуваат две реченици (оти и тие се многу) и 2 фотографии за дополнително појаснување за што се работи.
Не се ретки ни информациите кои започнуваат со Страшно - Стотици жртви! односно Мајка си ги задавила седумте деца (наведувајќи го недолжниот читател да мисли дека се случило кај нас) - за потоа да испадне дека се работи за сообраќајна несреќа во Куала Лумпур, а мајката давела во Каракас. И дека двете вести се бајати подолго време.
 
http://republika.mk/?p=603966

Дно од суптилна пропаганда и манипулирање.

Ќе ги направиме Легија, Аркан, Земунци и Слобо светци и невини, само за да преку едно зборче во цел текст (Канвас) да ја доведеме приказната во актуелниот контекст на „рушење власт“ „странски служби“ „предавници“.

Но не ме чуди, врвот на пропагандната булумента е голем почитувач на ликот и методите на другарот Слобо (со наследникот Вучиќ), на православните браќа кои на времето тепаа муслимани и усташи и воопшто на целата таа антизападна, небескараса, неможенамниконишта српска бајка од 90-тите.
 
http://ekipa.mk/luda-tetovazha-na-daniele-de-rosi-foto/

А тетоважата постара од самиот занает. :facepalm:

Дно од македонско новинарство, мене не ми е јасно што размислуваат овие што праат вакви малоумни статии, грам памет да се немало у тоа лејките.
И после сакаш напредок, куров мој напредок.
 
Ми се кења од тоа што упорно се форсира како срцето на Али биело уште пола саат откако откажале сите органи. Ниту сум експерт по физиологија, а ме мрзи во моментов да истражувам, но секако не е тоа поентата, али дајте бе го испотевте со истата статија на пола македонски интернет портали. И да, патетичен е секој обид да се прикаже дека ова има некаква наводна поврзаност со големото срце и големиот човек со име Мухамед Али, зашто тоа се однесува на нешто што има преносно значење. Башка многу луѓе со "големо срце" за кои не знаеме, секојдневно умираат но ете не слушаме за нив зашто немале прилика во животот да станат светски шампиони.

Ок, умре, нека му е лесна земја, жалосно но тоа е животен процес- нема потреба од драми и отекување полови органи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom