Се згрозив.Каде ќе им оди душата на ваквите. Можете да го прочитате писмото од таткото по хронолошки ред.После ова не очекувам дека ќе видам нешто точно и вистинито на тв.
2013год.
Во раните утрински часови во некои медиуми (
првично Канал 5) беа пуштени шпекулации дека девојчето
умрело од свински грип. Се повикуваа на извори од Инфективната клиника, целта беше да се дефокусира јавноста, да се отргне вниманието од нивните грешки (Извор: хттп://тоцка.цом.мк/1/149320/поцина-12-годисно-девојце-од-свински-грип
Дванаесет годишно девојче денеска почина од свински грип на Инфективната клиника во Скопје, јавува Канал 5.
Информацијата ја потврдуваат доктори од клиниката.)
Следуваа разни будалштини, дезинфекција на училиштето „Ѓоргија Пулевски“ и на болницата, па тоа одеше до таму што и директорот на училиштето каде учеше Анамарија им забрани на учителите и децата да дојдат во нашиот дом (демек свински грип -лудило до бесвест). Кај Анамарија
не беше пронајдена дури ни бактерија, замислете!!! Сепак, тие кои најмногу ја сакаа, нејзината учителка, класната и една мајка, и покрај се храбро дојдоа кај нас. „Немаме зборови за Анамарија, во генерацијата сме немале таков ученик“, велеа.
Подоцна
свинскиот грип го демантираше директорот на Инфективна.
„Директорот на Клиниката за инфективни болести Звонко Миленковиќ ја исклучува можноста некаков вид грип да биде причина за смртта на дванаесетгодишната пациентка од Скопје која синоќа околу два часот починала на Клиниката.
– Не станува воопшто збор за грип, сезонски или пак било кој друг вид. Пациентот вчера околу 23 часот е примен на Клиниката со исклучително тешка шокова состојба со акроцијаноза, ацидоза, изразита хипотензија и доминатни гастроинтестинални симптоми со повраќање и проливи. И покрај укажувањето на екстензивни дијагностичко-тераписки постапки, за жал, четири часа по приемот почина на Клиниката. Клиничката симптоматологија, она што го регистрирале лекарите во моментот на прием и она што го имале како анамнестички податок во
никој случај не укажувало воопшто дека станува за грипозна состојба, а камоли да укажува на одреден тип вирус којшто може да предизвика вакво нешто - изјави Миленковиќ.
http://plusinfo.mk/vest/43303/pismo...-za-nekolku-casa-ni-ja-vratija-vo-mrtovecnica