Детална анализа на интернет медиумите. Онака, лично од мене.
Немам фејсбук а и ретко се замарам со социјалниве мрежи па затоа сум еден од последните што слушнаа за некојаси публицитет курва под име Дарко Лешовски. Баш ме интересираше што "твори" типот и по 3 минути читање ми се згади. Ваков ли изрод ужива популарност у МК ? До кај сме стасани бе? Некој погоре напишал дека сме дно дна. Не бе батко. Ние одамна го имаме продупено дното и си врвиме надолу со брзина на јапонски суперсоничен воз.
Еден портал објавува статии за изгубени јакни, други за газот на Станија, а за оние третите немам ни коментар затоа што ни криптографско одделение на ЦИА неможе да ги дешифрира поради големиот број на печатни грешки.
Прочитав и друг член како вика дека големиот број сајтови со моронски содржини требале да бидат хакирани. И? Тоа ли треба да биде казната за масовно оглупавување на нашата нација? Секогаш сум бил против регулација на интернет, ама ваков идиотизам мора под хитно да се регулира. Инаку имате слика за споредба колку е популарен Даре заедно со другар му Бетмен Серит.
Ова се добронамерни критики за следниве сајтови ( у случај да читаат уреднициве или некои нивни роднини и пријатели )
On.net.mk - Престанете со фрејмувани статии од странски популарни сајтови. Ако не знаете да преведувате земете си преведувач. Инаку новиот дизајн на on.net.mk е најлошото нешто по Втората светска војна.
Off.net.mk - Трендо беше ок се додека не се здружи со лигави типови како погоре наведените. Сега покрај 354 банери ке мора да ги трпиме и нивните хејтерско-хипстерски постови. Чат пат и по некоја фрејмувана вест, ама ке му се прости затоа што е зафатено типче. А може и комшијата му ги пишува статиите, кој знае.
Tocka.com.mk - Мрш у прво одделение. Вашата учителка треба да биде суспендирана од работа, а за вас казна затвор од 6 месеци затоа што сте неписмени и масовно го оглупавувате народот.
Sitel.mk - Да живее ВМРО! Не ми е јасно дали статиите им се таргетирани за проста маса или уреднициве им се прости.
Motika.mk - Дечки...2014-та година сме, дизајн лош, таргет група уште полоша. Посетители на сајтот ( судејќи според коментарите ) имаат IQ како зимска температура у Сибир ама за нијанса се попаметни од читателите на сител.
Би напишал уште збор два ама не вреди, ништо нема да се смени, затоа што утре пак ке читам за гзови и изгубени јакни.
