Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Во ред им е насловот, на ова се мисли со него:
- Членовите на избирачките одбори се должни да му укажат на избирачот дека може да гласа за двата или само за едниот вид избори и оти подоцна нема да може дополнително да се врати на гласачкото место и да гласа, доколку претходно се определил да гласа само за еден вид избори.
 
На менито денес - Нова Македонија и нивната весела математика

Избори 2014

Одѕивот во 13 часот е 30,93 отсто
Според најновите информации од ДИК одѕивот за парламентарните избори е 30,93 отсто до 13 часот

27042014143513_mapa%20za%20parlementarni_13h.jpg



Од ДИК инфорамираат дека гласале 541.829 граѓани од вкупно 1.780.128 запишани на избирачкиот список.Највисока излезност е забележана во ИЕ 3, а најниска во ИЕ 5
Screenshot_2.png
 
Детална анализа на интернет медиумите. Онака, лично од мене.
Немам фејсбук а и ретко се замарам со социјалниве мрежи па затоа сум еден од последните што слушнаа за некојаси публицитет курва под име Дарко Лешовски. Баш ме интересираше што "твори" типот и по 3 минути читање ми се згади. Ваков ли изрод ужива популарност у МК ? До кај сме стасани бе? Некој погоре напишал дека сме дно дна. Не бе батко. Ние одамна го имаме продупено дното и си врвиме надолу со брзина на јапонски суперсоничен воз.
Еден портал објавува статии за изгубени јакни, други за газот на Станија, а за оние третите немам ни коментар затоа што ни криптографско одделение на ЦИА неможе да ги дешифрира поради големиот број на печатни грешки.
Прочитав и друг член како вика дека големиот број сајтови со моронски содржини требале да бидат хакирани. И? Тоа ли треба да биде казната за масовно оглупавување на нашата нација? Секогаш сум бил против регулација на интернет, ама ваков идиотизам мора под хитно да се регулира. Инаку имате слика за споредба колку е популарен Даре заедно со другар му Бетмен Серит.

Ова се добронамерни критики за следниве сајтови ( у случај да читаат уреднициве или некои нивни роднини и пријатели )
On.net.mk - Престанете со фрејмувани статии од странски популарни сајтови. Ако не знаете да преведувате земете си преведувач. Инаку новиот дизајн на on.net.mk е најлошото нешто по Втората светска војна.
Off.net.mk - Трендо беше ок се додека не се здружи со лигави типови како погоре наведените. Сега покрај 354 банери ке мора да ги трпиме и нивните хејтерско-хипстерски постови. Чат пат и по некоја фрејмувана вест, ама ке му се прости затоа што е зафатено типче. А може и комшијата му ги пишува статиите, кој знае.
Tocka.com.mk - Мрш у прво одделение. Вашата учителка треба да биде суспендирана од работа, а за вас казна затвор од 6 месеци затоа што сте неписмени и масовно го оглупавувате народот.
Sitel.mk - Да живее ВМРО! Не ми е јасно дали статиите им се таргетирани за проста маса или уреднициве им се прости.
Motika.mk - Дечки...2014-та година сме, дизајн лош, таргет група уште полоша. Посетители на сајтот ( судејќи според коментарите ) имаат IQ како зимска температура у Сибир ама за нијанса се попаметни од читателите на сител.
Би напишал уште збор два ама не вреди, ништо нема да се смени, затоа што утре пак ке читам за гзови и изгубени јакни.


upload_2014-5-8_2-28-43.png
 
Последно уредено од модератор:
Секој ден ми почнува со time.mk. Не поминал ден да не се изнервирам заради некој глупав наслов или уште поглупав чланок од нашите портали. Секој ден никнуваат како печурки а на сите концептот им е ист: стави во наслов: сензационално, неверојатно, еве како, 5 ова, 7 она и сосема глупав текст што ни те информира нит те учи на нешто. Потешко е да се најде добра статија или колумна него месо во бурек. Од она што го читам само Нова Македонија знае понекогаш да објави издржан текст.
 
Напнаа со разводот на Лима и кошаркаров по медиумиве.. Секој ден нова причина за разводот. Исто и за Шуми.. Кога ќе прочитам почетокот на реченицата: Според извори блиски... и веднаш.. цревата ужичко коло ми играат.. Кои извори блисќи бе? Менаџерката негова ви изјавила?
 
Без наводници гугл ги пребарува сите статии коишто имаат збор ЕВЕ или збор КАКО. За да го добиеш точниот резултат ке треба зборот да го ставиш во наводници.
Инаку и мене ми се гади од ЕВЕ КАКО статии.
upload_2014-5-10_21-55-15.png
 
:facepalm:
КАКОВ НАСТАП: Мајли го јавна пенисот на бина
Контроверзната пејачка Мајли Сајрус, на својот последен концерт во еден геј клуб во Лондон, продолжи да ја шокира публиката со своето однесување. Само што сите помислија дека ги искористила сите луди идеи, таа одлучи на бината да јавне огромен пенис на надувувување.
majli.jpg


Веднаш штом го заврши тој перформанс, пеачката им одржа и кратокговор на присутните.
- Сите ние сме по малку геј. Некој се малку повеќе од другите. Занјте дека тоа е вистина, порача пеачката и веднаш по тоа банка една од нејзините танчерки.
 
Ова е врвот, толку глупо како сајтов ....

ОРГИЈА ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ВИЛА НА ВОДНО!

orgijaVodno.jpg

Погледнете ја оваа беда, оваа морална деградација и срамота... Овие т.н уметници побрзале да добијат вечера во претседателската вила на народна сметка затоа што му дале поддршка на Хорхе.

Во знак на благодарност, претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов, завчеравечер организираше неформална средба и вечера за уметниците кои го поддржуваа и беа со него за време на неговата кампања. Вечерата се одржа во релаксирана атмосфера во претседателската вила на Водно, а на неа присуствуваа пејачите: Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Калиопи, Каролина, Ламбе Алабаковски, Елена Ристеска- Ивановска, Тони Михајловски, Сенко Велинов, Зоран Љутков, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска и други


http://maktel.mk/index.php?option=c...-vo-pretsedatelskata-vila-na-vodno&Itemid=660
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom