Треба ли конечно да се стори нешто со МРТВ?

  • Креатор на темата Креатор на темата korpi
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 октомври 2005
Мислења
30
Поени од реакции
1
Катастрофа од телевизисака програма, ем кајшто не страми со нејзината содржина овде па и на сателитсака ја има...?!! Да се праат и таму реформи попусто: На премиера ке стретнете филмови од 1943, просечната старост на персоналотголема е поголема дури и од вработените од Студентскиот дом "Кузман"...во категоријата "+18" се филмовите сo Наполеон, Цезар и сл. Луѓе дај да излеземе на протести за да ја укинат или да ја запалиме :icon_mad::se_ molam ...итака веке има неколку национални телевизии...
 
програмата на МрТВ беше одсекогаш катастрофа

ама шо да ја запалиме бе, после да треба пак да се дават стотици милиони за (стара) техника и предимензионирани објекти...

и повикот на вандализам е кривично дело, многу „потежок„ деликт него прекрШОК :wink:
 
Јас би ја оставил вака, да тоне до дно. Сериозно. барем да ја нема да не ја гледам. И онака шо ќе ми е, џабе место ми фаќа на канал, џабе стискам едно стискање плус на даљинското коа ја прескокнувам дур ги листам каналите.
 
Имаше една статија по тој повод на главната страна на Кајгана... Пребарај и ќе ја најдеш :wink:
 
А зошто да се затвори, уништи, пропадне, растури? Зошто да не се направи нешто убаво и корисно?

Телевизијата е моќно оружје. Не попусто секој новопечеен тајкун најпрвин бара да има своја телевизиска станица, или ако не тоа, барем некаков медиум.

МРТВ веќе подолго време е на надолен пат. Конечниот удар и беше зададен во 2002, по доаѓањето на СДСМ на влас и инсталирањето на Гордана Стошиќ за генерален директор.

Деградирањето на националната телевизија до вакво долно ниво како што е денешното може да се смета како логичен дел од разбивањето на националното ткиво како стратешка цел на врхушката на СДСМ. Ништо не може така да ја сроза самопочитта на еден човек како што е погледот на телебизискиот екран: еве ја МРТВ, таква каква што е, тоа е најдоброто што може да го создаде оваа овчешка маса да го направи и да го има - ако сакаш поквалитетно, гледај Планета или Пинк.

Интересен факт е што, по целосното преземање на државата од страна на ДПМНЕ, партија која се декларира како заштитник на националните интереси од докажаната деструктивност на СДСМ, нема никакава фактичка промена во МРТВ. Моќното оружје и понатаму се употребува против Македонија, а не за нејзина одбрана.

Замислете си колкаво значење би имало кога на националната телевизија би се прикажувале умешно одбрани и стручно изработени документарни емисии и коментари со кои би се разобличувале лигавите “експерти“ кои буквално се потепуваат да заграбат колку што е можно поголемоо парче кеш убедувајќи не дека предавството е најголем дострел во животот.

Македонија има умни луѓе што се во состојба, можат и знаат да направат нешто убаво. Има и лични луѓе, младост и убавина, сигурно не е проблем да се одберат за телевизиски спикери кои ќе биде милина да ги гледаш и слушаш. МРТВ има и техника и материјална база, има сниматели и технички кадар.

Што е тоа што недостасува?
 
Kako bese onaa od toni MTV za RTCG e HTV.Steta samo za zgrada takva so ima nacionalna televizija.Pa samo od iznajmuvanje na studijata moze sami da se odrzavaat.za programata i da ne zboruvam.Samo koa mi e loso da ne butam prsti pa pustam MTV za da povratam.Steta stvarno.Pod hitno da se privatizira.
 
Одамна веќе требаше да се направи нешто, ама на некого му одговара да не се направи ништо. Впрочем како и повеќето работи во државата.:toe:
 
МРТВ треба да се реновира и да се замени старата, дотраена техника. Факт е дека најдобрите новинари и ТВ презентери излегле од оваа куќа, оваа куќа претставува еден вид фабрика (во позитивна смисла) за добри, квалитетни новинари и презентери. Државата треба да стори се' што може за МРТВ, бидејќи сепак е државна телевизија. Треба добро да се вложи во нашата национална куќа бидејќи таа е огромен промотор и афирматор на македонската култура, идентитет, јазик, фолклор и воопшто на Македонија и Македонците насекаде низ светот.
 
немојте луге што ке прави ТОМИЧ хахахах па гласот на народот ... не ке може народот да си се искаже ...:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:,, к
 
Треба да се преименува во СМРТ само може,друго ништо
 
Не навистина. МРТВ од предходниот пост имаше добри најавни шпици ова она, многу добра беше, потоа се вратија на старото сивило.:kesa:
 
Една од најдобрите емисии од тоа време беше и "Говорете македонски". Многу поучна емисија за тоа како се чува и брани македонскиот јазик.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom