Мене доста луда приказна ми беше и на Светсково првентсво во дисциплина маратон жени кога 3то место зема уругвајката Julian Paternain, која на крај не знаеше ни сама дека е 3то и се фати за глава кога виде дека само 2 се пред неа завршени. Уругвај е тотално со никаква традиција за маратон и генерално за било која дисциплина во трчање, џокер во ракавот и била преселбата во Англија, па во Америка и можноста да се развива како атлета во поповолни услови, а со тоа и да напредне, но сепак тоа не ја прави помалку луда приказната. Мислам кога трчаше немаше прегледност од тие пред неа кој се откажува, ниту колку ја пратат првата група која и бегаше и ја немаше на видик, така да мислам вистинско беше изненадувањето на крај. Патем девојчето е сеуште 25 години.


Последно уредено: