Трансформација на карактер

  • Креатор на темата Креатор на темата Ganimed
  • Време на започнување Време на започнување
И јас се сложувам со ова.Карактерот на човек многу тешко можи да се смени,да не речам дека воопшто не можи.Како што кажа The Goddess,до тогаш му биле врзани рацете,тој бил потчинетиот и морал да игра по правилата на тие над него за да „преживее„.Е кога тој ќе стигни горе тогаш си го покажува вистинското лице.

Токму така, и јас се согласувам. И ако уште на почетокот некој го покаже правото лице, би останал без работа, би ги отерал тие над него кај што треба и не треба и ќе остане невработен.
А ако по некоја случајност дојде тој над нив, е тогаш ќе им се покаже во вистинско светло и ќе им врати за се што тие претходно му направиле.
 
Не се согласувам дека се покажува вистинското лице со власт во раце.Тоа не е вистинското лице,истото лице е само малку изменето затоа што е зашеметено од моќта што ја поседува во моментот,и не знае каде попрво да се “докаже“.
Нормално дека никој нема да ја испушти шансата да се изнавика некому,кому без моменталната моќ не би можел ни да сонува дека го прави тоа,ама тоа не значи дека тоа е неговото вистинско лице,или дека карактерот е променет,туку баш спротивното,покажува лице кое е изопачено од моменталната состојба.

За карактерот потребно е повеќе од власт за да се измени,потребно е време.
Не можам јас да се сменам ако денеска ми дадат власт,од утре да бидам друга личност.Со текот на времето може ќе се променам,ама тоа нема да биде целосна промена на мојот карактер,туку ќе биде надополнување на истиот.
Ако сегашниот карактер ми нема допирна точка со карактерот што ми бил пред да се здобијам со власт не значи дека јас имам лесно променлив карактер,туку дека го збогатувам мојот карактер,дали на добро или на лошо,зависи.
Не значи дека ако ми ја одземат власта јас ќе се вратам на старото,туку ќе продолжам со карактерот кој сум го градела и пред да се здобијам со власта и од кога сум се здобила со власта,а по некое време сигурно ќе биде различен од моемнталниот.
 
Не се согласувам дека се покажува вистинското лице со власт во раце.Тоа не е вистинското лице,истото лице е само малку изменето затоа што е зашеметено од моќта што ја поседува во моментот,и не знае каде попрво да се “докаже“.
Нормално дека никој нема да ја испушти шансата да се изнавика некому,кому без моменталната моќ не би можел ни да сонува дека го прави тоа,ама тоа не значи дека тоа е неговото вистинско лице,или дека карактерот е променет,туку баш спротивното,покажува лице кое е изопачено од моменталната состојба.

А тоа не е вистинско лице?

Значи без здобивањето на присутната моќ не можел да се изнавика на тие над него иако тоа го сакал можеби и повеќе од се...но, поради присутноста во околностите не го правел тоа, се смеел иако сакал да плаче,се понижувал иако сакал и повеќе од се да понижува... и зарем тоа не е скривање на она што во суштина би сакал да биде дотичниот?

Значи сака да биде едно ама поради околностите е приморан да трае, да ја наведне главата и да одигра нешто што не е иако после заминувањето ќе го изнаколне оној кој го натерал да се понижи себеси...
 
Така, јас мислам дека тоа е всушност потиснат гнев, држен во себе подолго време, и кога ти даваат власт ти гледаш да го извадиш тој гнев од себе, што понекогаш завршува во нечие невино лице.

Претходно поради околината морал да трае и да прави што му е кажано и сл. ко што кажа The Goddess погоре. А потоа кога ќе добие власт во раце ќе почне да се истура и околината ќе рече “леле види што ти прават парите и моќта“, а уствари човекот отсекогаш бил таков само претходно морал да се затскрива. Уствари можеби не бил таков отсекогаш, туку таков станал поради/во текот на изигрувањето на некој што не е.
 
Темпераментот е вроден,ама карактерот го формираш во текот на целиот живот.Детството и адолесцентната возраст се тој мост на оформување на карактерот,кој може да претрпи најразлични трансформации во текот на животот,под влијание на желби,мотиви,настани и слично.
 
Ganimed напиша:
nego...nesho gi polazue koa ke osetat mok u svoja ruka

se menjaat na losho obichno

zasho e taka?
Ja mislam deka ne se menja karakterot na covekot , VLASTA samo gi pojacuva skrienite mali ili golemi vrednosti koj covek veke gi ima ,

zatoa se vika ke vidis kakov e , znaci prethodno SE KRIE

Сите мислат, дури и оние на +50 дека карактерот им е изграден, дека се познаваат себе си и дека можат да ги предвидат своите постпаки. Вистината е дека, искуството, мудроста доаѓа со разновидноста на животот и бројот на различни ситуации. Карактерот нема да се смени, па макар имаме 16 години но претходно сме поминале низ сито и решето, од облаци до контејнери.

За разлика од овој пример, познаваме секојдневно лабилни возрасни карактери кои во момент на менување на околностите осознаваат нов свет кој ги враќа во “детството“, односно во градењето карактер кој имал пауза во својот развиток од децении. Некои, умираат без изграден карактер. Повеќето умираат мислејќи дека биле силни личности на кои ништо не може да им влијае...

Ах колку сме ние луѓето пресметливи.
 
sekako, najdraga moja kreativke, nego...nesho gi polazue koa ke osetat mok u svoja ruka

se menjaat na losho obichno

zasho e taka?

За да биде поинтересно.:smir:

Сериозно, луѓето од секогаш биле лоши, сега само имаат можност да го покажат тоа и да уживаат во истото без санкции.
Во природата на човекот е да тежнее кон моќ и злоупотребување на истата.
 
Карактерот се гради цел живот на него влиае се, дури осознателно можеме да го промениме ако сватиме дека така ќе бидеме подобри,а од друга страна моќта овозможува да спознаеме кај себе нешто што не сме знаеле дека е наша особина,наеднаш се чувствуваме силни и над другите сега доаѓа до израз она вистинското кое во др. прилики не сме го покажувале.за жал почесто излегуваат на површина негативните особини има и исклучоци при моќ осеќаме дека сме похумани и можеме да направиме добри дела.за мене е најлошо ако почнеме да ги менуваме нашите поими за вредности ,тие сега стануваат други, тогаш доаѓа и до трансформација на карактерот.
 
За да биде поинтересно.:smir:

Сериозно, луѓето од секогаш биле лоши, сега само имаат можност да го покажат тоа и да уживаат во истото без санкции.
Во природата на човекот е да тежнее кон моќ и злоупотребување на истата.

не, не и не. Луѓето се луѓе, само критериумот варира. Инаку јас сум убеден дека човековата природа е ни лоша ни добра, туку негде на средина, во зависност од индивидуата.
 
не, не и не. Луѓето се луѓе, само критериумот варира. Инаку јас сум убеден дека човековата природа е ни лоша ни добра, туку негде на средина, во зависност од индивидуата.

Уствари е да, да и да. Човекот е по природа злобен. Го поткрепувам тоа со фактот дека сите имаат грди, и гнасни фетиши кои не ги кажуваат никому а кои не е нормално според општеството да се имаат.

Но затоа, околината и степенот на развиток на човештвото според мене треба веќе да бидат на едно повисоко ниво. Оние кои сеуште не сакаат да го прифатат “добриот“ кодекс, па макар со сила иако не им прилега и не го чувствуваат како свој, се заглавени во минатото. Минато на безмилосни војни и омраза, палење на клади и братоубиства за моќ.

Личи ко конзервативен муабет, но навистина е обратно. Либерализмот е добар токму заради промените и одењето напред на светот. Но под негова јурисдикција не е злобата, туку позитивните промени за општ благодет.
 
Vistinski karakter nikakva vlast ne go menja !
Тоа би бил Исус Христос само. :) Колку од нас би паднале на тестовите што тој ги имал од Ѓаволот кога му била понудена моќ?
Кога би имале некоја натприродна моќ којзнае како би се однесувале, на пример како Ханкок кога во затворот налетува на затворениците и на едниот од нив му ја напикува главата до рамена во задникот на друг... Или и тогаш би биле добри како Бог?
Едно сум сигурен, на тој тест би паднале оние многу самоуверени „карактерни“ комплексаши кои се многу храбри и дрски во мирнодопски околности. А некој поскромен човек, со отворен ум, секогаш спремен да се преиспитува и менува, тогаш би се покажал колку е над се.
 
не, не и не. Луѓето се луѓе, само критериумот варира. Инаку јас сум убеден дека човековата природа е ни лоша ни добра, туку негде на средина, во зависност од индивидуата.

Тука веќе можеме некако да се согласиме, иако сум детерминист по природа, сепак логично ми делува човекот да дојде „неутрален“ на овој свет.
Но, сите преживуваме зло на наша кожа, неправди и санкции, а човекот секогаш се учи да го прави тоа што некој друг му го правел, затоа кругот е магичен и затворен.
Колку и да е голема индивидуалната потреба за добрина во светот, сите доаѓаат до ситуација кога чувствуваат и бес и злоба и лутина, тоа вади различни рекации кои не се така сјајни.

Со што повторно се потврдува теоријата дека му е во природата на човекот да биде злобен, да гази и уништува, дури и кога мисли дека создава.:wink:
 
Не е тоа трансформација на карактер.
Тоа е само покажување на една вродена човечка особина отворено.

Човекот, ма колку и да сака, не може да се отргне од желбата за моќ.
Кога ја нема моќта, го прилагодува карактерот за да му биде соодветен со правилата кои ги наметнуваат оние со моќ.
Но, штом добие моќ, тогаш си го покажува она што го носи отворено и без страв.
Што поголема моќта, тоа пореална сликата за особата која ја поседува.
 
Back
На врв Bottom