Никој не сака да се прави најпаметен а тебе да те подцени. Ако си Живеел и си видел Трамвајски и други видови на јавен транспорт повели кажи ги твоите искуства. Еве јас студирам во Германија во еден град со 200.000 жители по име Касел, градот има многу автобуски линии и 9 трамвајски линии. Трамваите возат по највачните магистрални линии низ градот помеѓу населбите, додека автобусите ги покриваат внатрешностите и поодалечените населби. Не пример, еве да речеме како што вози сега 22 низ скопје, тоа е многу фрекфентан линија, и воколку ја продолжиме до ново лисиче, наместо да возат автобуси и да се натпреваруваат по партизанска и останати улици, ќе има среден шински превоз каде што нема тркање, и со трамвајот неможеш да создадеш метеж. Освен тоа трамвајот има предност на минување, со што го прави Јавниот транспорт побрза и попримамлива варијанта од возење кола во гужва.
Како што спомнав погоре по тие траси по кои се движат трамваите не се движат автобуси, така да нема да има плус автобуси, додека ако треба одредена дистанца да вози автобус паралелно со трасата на трамвај, може да се направат шините да бидат така наместени со коцки измеѓу за да може по тоа да возат и автобуси.
И од мое искуство од крадот кај што студирам, трамваите ама воопшто не сметаат на останатиот сообраќај а голем дел од шините се измеѓу двете коловозни ленти.
Со други зборови на партизанмска едноставно ќе го тргнеш зеленилото во средина и ќе добиеш место за трамваи.
ако подетално ве интересира, отворете Google Earth и впишете да ви го најде Kassel каде што има доста детални воздушни слики, па ќе можете да видите како тоа е средено во еден град од само 200.000 жители.
Едно мора на сите да ни е јасно, многу поефикасно и побрзо ќе се стига од место во места ако се прават други видови на јавен транспорт како трамвај и подземна железница, бидејќи со тоа се намалува сообраќајот, додека колку повеќе се става акцент на автобуси и автомобили, само ќе има повеќе сообраќај, и многу поспоро ќе се стига од едно до друго место, и многу чекање на семафори и нервози, и трошење бензин без потреба.