Домашни потврдени настани за планинско трчање 2019-та:
25ти Мај - Ohrid Trail: https://ohridtrail.mk/, ќе има две патеки.
Трка во планинско трчање со должина од 60 километри и висинска разлика од 3,140 метри и втората пократка 34.9 километри и висинска разлика од 1,470 метри, се одвиваат низ Националниот парк „Галичица“
16ти Јуни - Титов Врв Скајрејс: https://www.facebook.com/events/409783312914783/, Стартот и финишот ќе бидат на Попова Шапка (1750м), а техничките карактеристики на трасата се 21К со 2100 метри висинска разлика, главно по суров терен над 2000 мнв.
Септември - Chupino Trail: http://www.chupinotrail.com.mk, се одржува на почетокот на Септември, има 2 патеки 30К со 1,800 метри висинска разлика и 13К со 800 метри висинска разлика. Се тргнува од градскиот парк во Виница и се трча по падините на Плачковица.
28ми Септември - Krali Marko Trails: https://kmt.mk , 3 патеки, 16К со висинска разлика од 800 метри, 34К со висинска разлика од 1,750 метри и 67К со висинска разлика од 3600 метри, трките се одржуваат во Прилеп (kaj амфитеатарот во Варош).
12ти Октомври - Momata Rock Trails: https://www.facebook.com/events/1115229878648442/, стартот и крајот се во Селечкиот манастир „Свети Димитрија“, над село Селце, во близина на Прилеп, има три трки 10К, 20К и 40К. Се трча во регионот селечка Планина, инспирирана од култната карпа наречена Момата.
Ноември - Strumina Trail: https://trex.mk/strumina/, се одржува средина на Ноември (лани се одржа на 18ти), една патека со должина од 18К и висинска разлика 750 метри.
Непотврдени:
Септември - Rashtak Trail: Се одржува во Скопје, на Скопска Црна Гора, должината на патеката 13.5К со +600 метри висинска разлика, би требало годинава да биде подолга патеката (барем така беше најавено лани)
Oктомври - Gradche Trail Run: https://trex.mk/gradchetrailrun/, лани се одржа на 21ви Октомври, една патека со должина од 13К и висинска разлика од 660 метри, се трча во Кочани т.е. кај Кочанско Езеро (Езеро Гратче).
Октомври - Kitka Trail Run: Се одржува во Скопје поточно Драчево, Стартот/Целта е на локалитетот Три Круши. Има 2 патеки 14К со висинска разлика од 400 метри и 28К со висинска разлика од 1350 метри.
--
Календар