Trail Running

Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Место за муабетење на разни теми поврзани со планиско трчање, совети, настани, опрема итн. итн.
 

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Немам никакво искуство со ова, но ќе кажам само едно нешто: пазете се од крлежи.
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Домашни потврдени настани за планинско трчање 2019-та:

25ти Мај - Ohrid Trail: https://ohridtrail.mk/, ќе има две патеки.
Трка во планинско трчање со должина од 60 километри и висинска разлика од 3,140 метри и втората пократка 34.9 километри и висинска разлика од 1,470 метри, се одвиваат низ Националниот парк „Галичица“

16ти Јуни - Титов Врв Скајрејс: https://www.facebook.com/events/409783312914783/, Стартот и финишот ќе бидат на Попова Шапка (1750м), а техничките карактеристики на трасата се 21К со 2100 метри висинска разлика, главно по суров терен над 2000 мнв.

Септември - Chupino Trail: http://www.chupinotrail.com.mk, се одржува на почетокот на Септември, има 2 патеки 30К со 1,800 метри висинска разлика и 13К со 800 метри висинска разлика. Се тргнува од градскиот парк во Виница и се трча по падините на Плачковица.

28ми Септември - Krali Marko Trails: https://kmt.mk , 3 патеки, 16К со висинска разлика од 800 метри, 34К со висинска разлика од 1,750 метри и 67К со висинска разлика од 3600 метри, трките се одржуваат во Прилеп (kaj амфитеатарот во Варош).

12ти Октомври - Momata Rock Trails: https://www.facebook.com/events/1115229878648442/, стартот и крајот се во Селечкиот манастир „Свети Димитрија“, над село Селце, во близина на Прилеп, има три трки 10К, 20К и 40К. Се трча во регионот селечка Планина, инспирирана од култната карпа наречена Момата.

Ноември - Strumina Trail: https://trex.mk/strumina/, се одржува средина на Ноември (лани се одржа на 18ти), една патека со должина од 18К и висинска разлика 750 метри.


Непотврдени:

Септември - Rashtak Trail: Се одржува во Скопје, на Скопска Црна Гора, должината на патеката 13.5К со +600 метри висинска разлика, би требало годинава да биде подолга патеката (барем така беше најавено лани)

Oктомври - Gradche Trail Run:
https://trex.mk/gradchetrailrun/, лани се одржа на 21ви Октомври, една патека со должина од 13К и висинска разлика од 660 метри, се трча во Кочани т.е. кај Кочанско Езеро (Езеро Гратче).

Октомври - Kitka Trail Run: Се одржува во Скопје поточно Драчево, Стартот/Целта е на локалитетот Три Круши. Има 2 патеки 14К со висинска разлика од 400 метри и 28К со висинска разлика од 1350 метри.

--
Календар
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Strumina Trail, ќе се оджи на 17ти Ноември
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
За истово збориме у темата за трчање.
Не е толку активна и непрегледна тема за да ги сееме и делиме.
Спортот е многу сличен, да не речам ист, а добар дел од нас учествуваат во двата типа настани.
 
Член од
23 август 2015
Мислења
240
Поени од реакции
434
Чупино треил ке се одржи на 1 ви септември официјално..една од најдобро организираните трки во Македонија
 

Kajgana Shop

На врв Bottom