Дефинитивно кремирање.
И после кремирање, сакам да бидам дрво (цреша поточно)

Ја најдов
странава и мислам дека најзакон идеја што постои!
Мразам гробишта, и мразам одење на гробишта. Глупаво ми е. На човек му се посветува внимание додека е жив. Откако ќе умре голема работа што ќе правиш. Демек ако некој иде на гробишта секој ден, повеќе го сака човекот од некој кој не сака да иде? Булшит, според мене. Па ај остај што е скапо ионака, па некои луѓе купуваат незнам какви споменици. Абе, дај ги парите некаде каде што ќе му помогнат на некој, а не да ги фрлаш (за мене е фрлање барем) за глупости.
Башка, помислата од тоа дека може да се разбудиш (зависно како си умрел) е најлоша. Вака, чим те изгорат, готово.
Пред кремирањето, би дала органи и се` што може да се даде, што е функционално нели...
Имам размислувано и да го дадам телото за истражувања или учење на студенти или незнам таму за што ги користат (не верувам дека во Македонија го има, ама во Америка го има). Ама, не знаеш какви луѓе има и може да го злоупотребуваат. А јас немам некоја добра верба во луѓето, така да НЕ тоа
Иначе не сум религиозна, не сум идела по цркви никогаш, а и не сакам моите деца (ваљда) да даваат пари по попови и сл... И ич не ме интересира дали црквата одобрува или не
