ЗРНЕСТ ЛЕБ
Напишано од Младеновски Ласте - дипл. инж. технолог
Ако светот треба да се доведе во ред, мојот народ треба прв да се измени. Ако мојот народ треба прв да се измени, мојот роден град треба да се преуреди. Ако се преуредува мојот роден град, прво треба да се поправи моето семејство. Ако моето семејство треба да се поправи, ЈАС МОРАМ ПРВ.
Со современиот начин на живеење, исхраната, која најчесто вклучува употреба на рафинирана, мрсна и брза храна, како и многу стресни ситуации, водени од брзото темпо на живеење, придонесуваат за сè почести нарушувања на нормалното функционирање на телесните функции, како што се: варењето на храната во дигестивниот тракт, метаболизирање на шеќерите, кардиоваскуларниот систем, работата на црниот дроб, бубрезите, панкреасот, и сè почеста појава на рак, алергии, дебелеење.
Начинот на исхрана е примарен фактор за нашето здравје и психофизичката состојба кои влијаат врз нашето однесување, расположение и среќен живот.
Промените кои треба да се направат во однос на погрешниот начин на исхрана не се само потребни, туку и неопходни за зачувување на здравјето и ослободувањето од медицински интервенции и лекови.
Познавајќи го традиционалниот начин на исхрана, кој се базира претежно на житарки во зрно, следејќи ја препораката на СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА, во која стои дека потребата од храна за 60% треба да биде од интегрални житарки, како и врз основа на најновите сознанија и технолошки достигнувања од областа на здрава и функционална храна, се обидувам да ве информирам за можноста човечкиот организам, на природен начин, со природна храна да ги добие сите потребни хранливи материи, неопходни за правилно функционирање, за да се спречат модерните заболувања и да се намали терапијата со лекови.
За таа цел, со гордост го произведовме ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ.
Вредноста на зрнестиот леб е потврдена преку повеќегодишни испитувања на светско ниво, како и преку практични тестирања. Потрошувачите на зрнестиот леб го изразија своето задоволство од лесното варење на храната, зголемената работоспособност и виталност, како и чувството на ситост. Истовремено, се намалува или се исклучува потребата од консумирање на јајца, месо и сувомеснати производи, млеко и млечни производи, бели печива, масни пити, т.е. брза храна.
Овие производи го оптоваруваат организмот, ги зголемуваат мрснотиите и холестеролот, и се ризични фактори за добивање на дијабетес и кардиоваскуларни заболувања. Присутните хемикалии во овие производи придонесуваат за формирање на слободни радикали, кои се ризик фактори за појава на рак и алергии.
Белковините од животинско потекло дополнително ги оптоваруваат бубрезите и претставуваат ризик-фактор за нивно заболување.
ШТО Е ЗРНЕСТ ЛЕБ?
Зрнестиот леб се добива од природни намирници, цели зрна од најквалитетни македонски житарки, како пченица, рж, јачмен, пченка, интегрален ориз, лен, семки од тиква, сончоглед. Како нерафинирани намирници, ги обезбедуваат речиси сите хранливи состојки, неопходни за добро здравје.
Зрнестиот леб во себе содржи макро-хранливи состојки, како што се јаглехидрати, белковини, масти и микро-хранливи состојки, како што се витамините и минералите.
Витамини кои ги има во зрнестиот леб се следните: Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Б15, биотин, холинг, фолна киселина, инизитол, парааминобензоева киселина, Б5, Витамин Е, Витамин Ф, Витамин П, Витамин Т, Витамин А.
Од минерали, застапени се 7 основни минерали: калциум, јод, железо, магнезиум, фосфор, селен, како и други минерали: хром, манган, молибден, ванадиум, бакар, натриум.
Начинот на кој организмот ќе ги искористи макро-хранливите состојки, директно зависи од микро-хранливите состојки. Имено, добро познато е дека Б витамините, присутни во интегралното зрно, делуваат кон разложување на сите негови состојки, вклучуваќи ги и јаглехидратите. Сличен процес се случува и во природата, при никнување на зрното житарка, при што се формира нов живот. Доколку се отстрани обвивката на зрното, во која се присутни витамините, зрното станува „инвалид“, од него веќе ништо не може да порасне, ниту пак може да претставува полновредна храна.
Состојките на житното зрно, како природна храна, се во урамнотежен однос. Тоа е многу битно - за панкреасот да произведе инсулин, потребни се цинк и витамин Б6, понатаму, за способноста на инсулинот да го контролира шеќерот во крвта, потребен е минерал хром. За метаболизмот на јаглехидрати се потребни скоро сите витамини од Б комплексот и 6 минерали: калциум (Ca), железо(Fe), магнезиум (Mg), цинк (Zn),манган (Mn), хром (Cr).
Доколку овие микро-елементи ги нема во храната, организмот ги зема од сопствените резерви, додека пак, ако и таму ги нема, јаглехидратите не можат да се претворат во енергија, а тоа се манифестира со губење на кондиција, промена на кожата, анксиозност, депресија, нарушување на нервниот систем.
Онаа храна што организмот не може да ја претвори во енергија, поради недостаток на витамини и минерали, се претвора во масни наслаги, а тоа само по себе води кон дебелеење и претставува ризик-фактор за други модерни заболувања.
Маснотиите и белковините не можат да се искористат за добивање на енергија доколку недостасува витамин Б6 и Б12, фолна киселина, биотин.
Железото, калциумот, магнезиумот, хромот и цинкот се минерали кои што се битни за добивање на енергија.
Кациумот и магнезиумот им требаат на мускулните клетки за контракција, а нивен недостаток предизвикува грчење на мускулите.
Магнезиумот е потребен за правилно функционирање на половина телесни ензими, и за искористување на јаглехидратите од страна на организмот. Недостатокот на цинк ја нарушува контролата на апетитот, се губи осет за вкус и мирис, што често доведува до прекумерно консумирање на месо, сирење, јајца. Хромот го стабилизира нивото на шеќер во крвта, а со тоа и телесната тежина. При оптимални вежби хромот учествува во согорување на маснотиите, исто така го снижува и холестеролот, а посебно е корисен за лица кај кои постои ризик од појава на дијабетес.
Големите количества природен калциум, содржани во зрнестиот леб, овозможуваат правилно функционирање на коскениот систем и се добра превенција од појава на остеопороза, проблем најчесто присутен кај жените во климактерична и постклимактерична фаза.
Железото го штити организмот од анемија. Селенот штити од рак, витамините од Б-комплексот претставуваат голема основна сила во борбата против стресот.
Витаминот Е е познат антиоксиданс кој ја спречува оксидацијата на слободните радикали, заштитувајќи го организмот од голем број заболувања и прерано стареење, и го одржува младешкиот изглед. Ги штити белите дробови од загаден воздух, и е превенција од спонтан абортус.
Битен момент е да се нагласи дека зрнестиот леб се добива од житарки од органско потекло, кои се богати со витамини и минерали. Тие се произведени со органски ѓубрива, а не со вештачки ѓубрива кои ги користи интензивното земјоделство, и кои ги врзуваат минералите и витамините, не дозволувајќи им на растенијата да ги апсорбираат. При култивирање на житарките, не се употребуваат пестициди, хербициди и фунгициди штетни по здравјето, туку се применуваат физички мерки на заштита, што придонесува за добивање на производ здрав за употреба, кој нема штетни влијанија врз здравјето на луѓето.
Зрнестиот леб се добива БЕЗ употреба на хемикалии, како адитиви и конзерванси, за кои современата наука потврди дека се штетни за човековото здравје и предизвикувачи на канцерогени заболувања и алергиски реакции.
БЕЗ употреба на ГМО (генетски модифицирани организми), кои не само што ја деградираат и уништуваат животната средина, туку и негативно влијаат врз човековото здравје, од повеќе аспекти.
Зрнестиот леб се добива со помош на природно кисело тесто, што дополнително ја зголемува хранливата вредност со над 200 нови хранливи состојки. Печен е во земјена печка на дрва, што придонесува за зачувување на хранливите состојки, особено на витамините, од деградација и добивање на подобар квалитет на печење, арома и вкус.
Зрнестиот леб се добива без употреба на пекарски квасец, за разлика од лебот добиен со квасец, кој го дуе стомакот, ги слабее цревата и ја разредува крвта.
Зрнестиот леб изобилува со диетални влакна во урамнотежен однос, такви какви што се во природата, кои што се дефицитарни во стандардниот начин на исхрана. Тие ја подобруваат перисталтиката (движењето) на храната во цревата и секојдневно празнење, и го регулираат изметот.
Омега-3 незаситените масни киселини, присутни во зрнестиот леб, се ефикасни во превенцијата од кардиоваскуларни заболувања, срцев напад, мозочен удар, и со нивна помош се синтетизира витаминот Б.
Белковините (албумин, глобулин, глиадин, глутенин), претставуваат основни градбени материи на клетките. Содржани се во зрнестиот леб во избалансиран облик.
Од сегашното излагање може да заклучиме дека зрнестиот леб, од повеќе аспекти го подобрува здравјето на луѓето.
- Совршено избалансираниот сооднос на сопствените компоненти овозможува правилно функционирање на организмот, регулирајќи го метаболизмот и хормоналниот статус.
- Присуството на прости и сложени шеќери овозможува континуиран прилив на енергија, без драстични скокови на шеќерот во крвта, со што се спречува трансформацијата на шеќерите во масти и се штити панкреасот од прекумерната работа.
- Со секојдневна употреба, го намалува ризикот, во некои случаи, го лекува диабетот тип 2.
- Овозможува правилно функционирање на нервниот систем, мускулите, срцето, ја подобрува психолошката состојба, го помага памтењето, дејствува смирувачки, ја намалува болката, помага во одбрана од стресни моменти.
- Го намалува ризикот од рак, срцев удар, тромбоза и дебелеење.
- Го намалува нивото на холестерол и триглицериди.
- Го зајакнува имунолошкиот систем.
- Спречува формирање на камен во бубрезите.
- Ги спречува ревматските заболувања.
- Го намалува заморот и го подобрува видот.
- Ја подобрува лактацијата.
- Го успорува опаѓањето и побелувањето на косата и придонесува за здрава кожа и нокти, ја заштитува кожата од ултравиолетово зрачење.
- Помага за правилен раст и плодност.
- Придонесува за побрзо зараснување на раните.