Tour De France 2012

Кој возач ке победи на Tour de France 2012

  • Бредли Вигинс

    Гласови: 3 13,6%
  • Кадел Еванс

    Гласови: 6 27,3%
  • Френк Шлек

    Гласови: 4 18,2%
  • Денис Менчов

    Гласови: 0 0,0%
  • Виченцо Нибали

    Гласови: 0 0,0%
  • Ван Дер Брук

    Гласови: 1 4,5%
  • Самуел Санчез

    Гласови: 3 13,6%
  • Роберт Хесинк

    Гласови: 1 4,5%
  • Пиер Роланд

    Гласови: 1 4,5%
  • Некој друг

    Гласови: 3 13,6%

  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
дечки едно не мие јасно..како оди тимското боудвање? дали е според 3цата најдобри возачи од секоја екипа?-ако е така како можи на шлек тимот да е подобр од скај..
Се собираат времињата на тројцата први возачи од тимот од секоја етапа поединечно.
Некој од возачите во генерален може да доцни и 2 ч, ама на некоја етапа да победи (пример Кевендиш) и неговото време собрано со времињата на следните двајца од тимот што ќе финишираат, влегува во вкупното време на тимот.
1. RADIOSHACK-NISSAN 235h 40' 21''
2. SKY PROCYCLING 14' 09''
3. BMC RACING TEAM 36' 21''
4. ASTANA PRO TEAM 39' 20''
5. TEAM EUROPCAR 01h 03' 07''
6. LIQUIGAS-CANNONDALE 01h 05' 27''
7. MOVISTAR TEAM
01h 08' 04''
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.144
Поени од реакции
8.109
Се собираат времињата на тројцата први возачи од тимот од секоја етапа поединечно.
Некој од возачите во генерален може да доцни и 2 ч, ама на некоја етапа да победи (пример Кевендиш) и неговото време собрано со времињата на следните двајца од тимот што ќе финишираат, влегува во вкупното време на тимот.
1. RADIOSHACK-NISSAN 235h 40' 21''
2. SKY PROCYCLING 14' 09''
3. BMC RACING TEAM 36' 21''
4. ASTANA PRO TEAM 39' 20''
5. TEAM EUROPCAR 01h 03' 07''
6. LIQUIGAS-CANNONDALE 01h 05' 27''
7. MOVISTAR TEAM
01h 08' 04''
фала ти друже..убаво објаснато
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.144
Поени од реакции
8.109
Алав да муе на тој чоеко шо на сите хронометри седи кај финишот и мафта со Мкедонското знаме :D (y)
и лани и годинава.
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
Алав да муе на тој чоеко шо на сите хронометри седи кај финишот и мафта со Мкедонското знаме :D (y)
и лани и годинава.
Еве ги дечките (линк http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=22B980A3E161614DA2D7AF62C251B097), ги имаше во статија на Дневник. Ама морам да им признаам на стратешката локација.
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Денес завршува 99-иот Тоур д Франс.
Браво за Вигинс и целокупниот СКАЈ тим.
Ако се покаже дека се сите чисти, на што искрено се надевам, ги заслужуваат сите почести покажаа и докажаа дека моментално се најаки.
Вигинс се покажа дека моментално е најспремен и најуниверзален. И покрај некои критики дека “не му дозволувал“ на Фрум да оди напред на некои етапи мислам дека не држи муабетот дека Фрум е појак.
Целокупната организација во СКАЈ тимот беше на врвно ниво. Во секој момент знаеа кој што треба да направи. Да не им испаднеше рано младиот возач Сивцов кој што требаше дополнително да им помага на Фрум и Вигинс на брдските етапи мислам дека ќе освоеа прво место и во тимска конкуренција.
За да некој тим успее треба да има беспрекорна дисциплина кај возачите. Кевендиш светски шампион, една етапа победува спринтирајќи сам (без некоја помош од тимот, разбирливо се чуваат на почетокот на турот) вториот пат победува со голема помош на Вигинс. На други две етапи па го гледавме како магаре како се товара со бидони и им носи на возачите од тимот напред. (едно 3-4 пати одеше до колата и се враќаше натоварен напред)
На една етапа Вигинс проба да го извлече на спринт и Босон Хаген ама зелената маичка многу јако испринта тогаш.
Фрум на две етапи го влечеше Вигинс по брдата наметнувајќи му на моменти и прејако темпо, ама неговите вртења кон Вигинс не беа во стил „ај пушти ме да шибам напред“ туку повеќе беа според мене „ајде можеш ти... да им избегаме што повеќе... да ги убиеме у поим конкурентите...“ На 17-та етапа мислам дека и не беа свесни во тие моменти дека се во можност да ја добијат етапата. Таа етапа Валверде сосема заслужено си ја освои, иако Фрум можеби и можеше да ги надокнати тие 19 сек. Верувам дека Фрум е презадоволен од постигнатото и покажаното и дека ни на крај памет не му е мислата дека можел тој да победи на туров, а една етапа мање више не е ни битно. Се виде на хронометрите кој е кој и кој ја заслужува жолтата маичка.

Останатите тимови потфрлија, како на физички план односно спремност на возачите (пред се Еванс со БМЦ) и Ликви гас со според мене малку лоша тактика на моменти. Нибали покажуваше на моменти јачина ама дозволувајќи спринтерите од Скај да им диктираат темпо на брдски :tapp: етапи покажаа несериозност како тим. Кога ќе искочеше Басо или Нибали напред на темпо одма отпаѓаа сите од Скај и остануваа само Фрум и Вигинс (очигледно им фалеше третиот). Премногу чекаа и тактизираа на брдските етапи и поради тоа и не успаја посериозно да ги загрозат Скај. Саган им е најсветлата точка, освојувајќи ја зелената маичка.

БМЦ им треба подмладување. Еванс готов е за пензија изгледа а тимот би било убаво да почнат да го градат на младиот Ти Џеј, кој ако се навежба има добри предиспозиции за шампион.

Се на се одличен Тур иако ги немаше Енди и Контадор.

ПС. Го заборавив точкастиот Воклер, нај к’не :) возач на годинешниов тур.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom