Денес завршува 99-иот Тоур д Франс.
Браво за Вигинс и целокупниот СКАЈ тим.
Ако се покаже дека се сите чисти, на што искрено се надевам, ги заслужуваат сите почести покажаа и докажаа дека моментално се најаки.
Вигинс се покажа дека моментално е најспремен и најуниверзален. И покрај некои критики дека “не му дозволувал“ на Фрум да оди напред на некои етапи мислам дека не држи муабетот дека Фрум е појак.
Целокупната организација во СКАЈ тимот беше на врвно ниво. Во секој момент знаеа кој што треба да направи. Да не им испаднеше рано младиот возач Сивцов кој што требаше дополнително да им помага на Фрум и Вигинс на брдските етапи мислам дека ќе освоеа прво место и во тимска конкуренција.
За да некој тим успее треба да има беспрекорна дисциплина кај возачите. Кевендиш светски шампион, една етапа победува спринтирајќи сам (без некоја помош од тимот, разбирливо се чуваат на почетокот на турот) вториот пат победува со голема помош на Вигинс. На други две етапи па го гледавме како магаре како се товара со бидони и им носи на возачите од тимот напред. (едно 3-4 пати одеше до колата и се враќаше натоварен напред)
На една етапа Вигинс проба да го извлече на спринт и Босон Хаген ама зелената маичка многу јако испринта тогаш.
Фрум на две етапи го влечеше Вигинс по брдата наметнувајќи му на моменти и прејако темпо, ама неговите вртења кон Вигинс не беа во стил „ај пушти ме да шибам напред“ туку повеќе беа според мене „ајде можеш ти... да им избегаме што повеќе... да ги убиеме у поим конкурентите...“ На 17-та етапа мислам дека и не беа свесни во тие моменти дека се во можност да ја добијат етапата. Таа етапа Валверде сосема заслужено си ја освои, иако Фрум можеби и можеше да ги надокнати тие 19 сек. Верувам дека Фрум е презадоволен од постигнатото и покажаното и дека ни на крај памет не му е мислата дека можел тој да победи на туров, а една етапа мање више не е ни битно. Се виде на хронометрите кој е кој и кој ја заслужува жолтата маичка.
Останатите тимови потфрлија, како на физички план односно спремност на возачите (пред се Еванс со БМЦ) и Ликви гас со според мене малку лоша тактика на моменти. Нибали покажуваше на моменти јачина ама дозволувајќи спринтерите од Скај да им диктираат темпо на брдски
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
етапи покажаа несериозност како тим. Кога ќе искочеше Басо или Нибали напред на темпо одма отпаѓаа сите од Скај и остануваа само Фрум и Вигинс (очигледно им фалеше третиот). Премногу чекаа и тактизираа на брдските етапи и поради тоа и не успаја посериозно да ги загрозат Скај. Саган им е најсветлата точка, освојувајќи ја зелената маичка.
БМЦ им треба подмладување. Еванс готов е за пензија изгледа а тимот би било убаво да почнат да го градат на младиот Ти Џеј, кој ако се навежба има добри предиспозиции за шампион.
Се на се одличен Тур иако ги немаше Енди и Контадор.
ПС. Го заборавив точкастиот Воклер, нај к’не
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
возач на годинешниов тур.