TotalTV Македониjа Сателитска DVB-S телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување Време на започнување
Тешко сама да ја "уловиш" Astra деликатна работа е, можеш само се да избуричкаш и после ништо да не гледаш.

Затоа те прашав кој ресивер е, ти гледаш преку тој модулаторот. Вака што можам да ти кажам, ваљда има мени.

Ок, не ја чепкам Астрата.
А за ова другово има мени, вчера чепкав не најдов такво нешто. Ај после пак ќе барам фрекфенција.
 
Можам сама да ја позиционирам? Или трескам глупости :)

Кажи ми за Македонскиве каде да кликнам за да прескенирам на оваа фрекфенција.
нормално дека можеш,но потребни ти се два LNB на еден држач едниот ќе биде за Астра а другиот за Еутелсат а за фреквренциите нема што да скенираш,целата програмска листа е од ТоталТв по потреба тие автоматски е обновуваат
 
Многу глупа работа(за мене) е ова со повеќе LNB-а. Најдобро за тие пари што ќе ги исподадеш по LNB-а да си земеш мотор и еден од најефтините ресивери и врти од сателит на сателит без маки. Јас затоа си го чувам стариот ресивер. Кога ќе има некој проблем со сигналот веднаш зимам стариот ресивер и вртам по малце и ќе го дотерам. Или доколку не може до толку милиметарски да позиционира моторот(ми се случило неколку пати) го оштрафувам малце држачот на моторот и сосема малку ја помрднувам антената со рака и доаѓа на точната позиција и потоа со моторот ја допрецизирам. Иначе да не ми е моторот и стариот ресивер треба нон-стоп сам да ја оштрафувам антената и да ја вртам рачно, ама рачно е бааги тешко Еутелсат да го погодиш, тешко е со мотор па камо ли со рака.
leandra, што ќе ти се германските? Да не збориш за HD германските доколку ти дале од Тотал HD ресивер? За HD вреди да местиш. :)
 
Ма немам поим ни што ми дале, ни како да се местам, ни што да правам, кревам раце на компјутер ќе си гледам, додека не дојде некој што знае барем што е сателитска :)
 
Ма немам поим ни што ми дале, ни како да се местам, ни што да правам, кревам раце на компјутер ќе си гледам, додека не дојде некој што знае барем што е сателитска :)


Па за германските што не си земеш DVB-T/T2 ресивер и да ги гледаш дигитално?
 
што ќе и е друг ресивер,кога со тоталовиот ресивер исто ќе ги гледа дигитално


Да ама треба уште едно око да купува. Но и некогаш да и се измрда антената ќе треба да вика мајстор. Да не беше моторот и јас ќе требаше мајстор да викам или рачно да ја вртам.
 
Да ама треба уште едно око да купува. Но и некогаш да и се измрда антената ќе треба да вика мајстор. Да не беше моторот и јас ќе требаше мајстор да викам или рачно да ја вртам.
Колку кошта тоа пусто око ха,ха...јас со години имам антена со три ока и никогаш не сум имал проблеми,ниту мајстор некогаш ми требал и сигурно поевтино од мотор
 
Колку кошта тоа пусто око ха,ха...јас со години имам антена со три ока и никогаш не сум имал проблеми,ниту мајстор некогаш ми требал и сигурно поевтино од мотор


Да, се разбира дека окото е поевтино од моторот. Но сепак да немаш мотор треба рачно да го вртиш тањирот и повеќе време се губи.
 
Да, се разбира дека окото е поевтино од моторот. Но сепак да немаш мотор треба рачно да го вртиш тањирот и повеќе време се губи.
нема што да вртиш,еднаш се мести,секое око ти за еден сателит и готово..немој погрешно да ме разбереш,но изгледа не се разбираш многу од сателитски антени,позз
 
нема што да вртиш,еднаш се мести,секое око ти за еден сателит и готово..немој погрешно да ме разбереш,но изгледа не се разбираш многу од сателитски антени,позз


Знам дека окото еднаш се мести, но сакав да кажам дека за мене(бидејќи имам мотор) подобро и полесно е да ја вртам антената со мотор доколку нешто се помести. Доколку нема мотор се ќе си биде фиксно. Да не одиме веќе оф-топик. ;)
 
Ај вака да се обидеме, бидејќи стручно лице за ресиверов од МКД незнам каде да викнам. Ова е ваљда обичен ресивер, нема антена, нема мотор има само црна кутија која се приклучува на ТВ. Нема картица со него, нешто збореа за картица али не ги разбрав па не ни земав.

Значи со овој ресивер можам само прва програма од МКД да гледам, а за Германските ми треба картичка од МКД? Или треба негде да притиснам да ги гледам и другите мкд канали?

Фала ти на трпение:)


Незнам што логика ти е да го чуваш тотал тв ресиверот, поготово без картица......Тоа ти е ѓубре ресивер, полош немам сретнато. Неможам да го откачам, го имам истиот дома. :). Имаш на ибеј багатела супер ресивери, ако не гледаш HD, на пр. Humax, Topfield......Сателит да наместиш и канали да бараш, не е тешко нит комплицирано, само треба да сакаш да научиш....
 
Дали на РТС 1 ја прекинуваат програмата на ТОТАЛ ТВ кога
има пренос од лига шампиони?
 
Да, некогаш ја прекинуваат.
rukio, имате среќа што ви е уште каналот тука, колку што знам, РТС1 нема права за во Македонија, а СРД кога го прочешла ТоталТВ (кога укина Пинк и некој друг канал), нареди и РТС1 да биде тргнат, но очигледно овие такво им е двор им е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom