Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Имаше договори, секој станар поединачно склучуваше договор со АД Топлификација.
И сега е исто, според правилата секој корисник поединечно склопува договор. Она што тврди Топлификација е лага - никогаш немало групни договори - цела зграда да склучи договор
А за секој договор важи како што е склопен така може и да се раскине.
Епа во секој договор имаш начин на раскинување, сигурно го чуваш договорот, види како ти е склучен договорот и како можеш да го раскинеш.
 
Епа во секој договор имаш начин на раскинување, сигурно го чуваш договорот, види како ти е склучен договорот и како можеш да го раскинеш.
Не го чувам.... Тој договор го има потишано мојот Покоен Татко пред 1970 година.
Но сега важат одредбите од Законот за облигациони односи.
Топлификација се занесува и мисли со злоупотреба на правото да „ заработува “. Наместо да се залагаат граѓаните на Скопје да имаат добро и ефтино затоплување ти се одлучија на злоупотреба на правото. Затоа граѓаните на Скопје ги нарекуваат арамии.
,,, Не постојат нераскинливи договори.
Почнувајќи од грејната сезона 2007/2008, АД Топлификација, без правен основ, за да стекне противправна имотна корист го наметна начинот на мерење на потрошената топлинска енергија наречен „ мерење со калориметри “ и на тој начин ги зголеми цените за 300%
Тоа е битна промена на условите на облигациониот однос и представува причина за раскинување на договорот
Инаку секој договор е добар, се додека странките се согласуваат со него
 
Стигна мојата декемвриска сметка, не е 0 како што кажуваат медиумите, ама е помала за едно 70-тина % од ноемвриската.
Ова ти се вика културно раскинување со Топлификација.

Има и ново ливче дека од сега натаму друга фирма - БЕГ ќе ни ја вади душата.

ПС. Од Нова година природниот гас поефтини за над 10%, каде е сега регулаторна да го поефтини парното?
 
Вчера (во Петокот) попладне и јас ја добив сметката - фактура за месец Декември 2012 година од Топлификација , каде што (ми) пишува...поред останатото.... :
Нето фактурирано : 14.678,00 денари
Потрошено по мерач : 12.942,00 денари
Нето салдо : 1.736,00 денари
Најдоле лево поред бројот на ф-рата ми пишува:
Вкупно (за наплата) : 0,00 денари

А пак во другото писмо истотака добиено од Топлификација (Снабдување Исток ДОЕЛ) каде што пишува:
Според нашата евиденција како што е прикажано во Ф-рата за
12/2012 ПОВЕЌЕ сте задолжени за:

Нето износ 1736,00 денари
ДДВ 312,00 денари
вкупен износ 2048,00денари

Ве ОДОБРУВАМЕ за износ од 2048,00 денари :cuc:

Денес наутро бев во Пункот на Топлификација ..и таму веднаш ми рекоа..во Понеделник комшија.... ќе си се расчистите таму во Дирекцијата..која ви е ....таму и таму...:vozbud:
пс
Дали има некаков начин , сите овие доста квалификувани „кувари„ на овие нивни подзагорени „манџи„ , зготвени во минатото и поврзани со и околу фирмата Топлификација да бидат ЈАВНО проверени од надлежен Државен Орган...за да нема никаков сомнеж ...дека напишаното од нив е и сосема ТОЧНО ??
Тука се подразбира дека треба да биде преиспитана и „работата„ на Државната и надлежна Регулаторна Комисија, та да бидат и тие ставени на сериозно и детално преиспитување за нивната досегашна „работа„ , и секако сметките , а кои се испорачувани на корисниците со нивна согласност ....барем 5-6 години најназад...иако нема да се погреши и мноооогу поназад..одкога и се јавуваат вакви дејанија?.
Како може платите на Регулаторот да „зависат„ од Топлификација...тоа веднаш наведува дека тие и биле во спрега...да не кажам сега каква!?

Државниот Обвинител на Македонија , треба сериозно да се зафати (и) со оваа проблематика...мислам дека овде сигурно ќе најде нешто од неговиот домен на работа ...според мене и многу поголем , одколку во досега видените .....прикажувани јавно по ТВ куќите во Македонија.
 
Вчера (во Петокот) попладне и јас ја добив сметката - фактура за месец Декември 2012 година од Топлификација , каде што (ми) пишува...поред останатото.... :
Нето фактурирано : 14.678,00 денари
Потрошено по мерач : 12.942,00 денари
Нето салдо : 1.736,00 денари
Најдоле лево поред бројот на ф-рата ми пишува:
Вкупно (за наплата) : 0,00 денари

А пак во другото писмо истотака добиено од Топлификација (Снабдување Исток ДОЕЛ) каде што пишува:
Според нашата евиденција како што е прикажано во Ф-рата за
12/2012 ПОВЕЌЕ сте задолжени за:

нето износ 1736,00 денари
ДДВ 312,00 денари
вкупен износ 2048,00денари

Ве ОДОБРУВАМЕ за износ од 2048,00 денари :cuc:

Денес наутро бев во Пункот на Топлификација ..и таму веднаш ми рекоа..во Понеделник комшија.... ќе си се расчистите таму во Дирекцијата..која ви е ....таму и таму...:vozbud:
пс
Дали има некаков начин , сите овие доста квалификувани „кувари„ на овие нивни подзагорени „манџи„ , зготвени во минатото и поврзани со и околу фирмата Топлификација?
Тука се подразбира дека ќе бидат преиспитани во „работата„ (читај Регулација) и државните и надлежни досегашни Регулатори , та да бидат ставени на сериозно и детално преиспитување на нивната „работа„ и сметките кои се испорачувани на корисниците ....барем 5-6 години најназад...иако нема да се погреши и мноооогу поназад..одкога и се јавуваат вакви дејанија?.
Државниот Обвинител на Македонија , треба сериозно да се зафати (и) со оваа проблематика...мислам дека овде сигурно ќе најдат криминал ...според мнее и многу поголем одколку во досега видените по телевизиите во Македонија.
не ми се верува, и ова да го доцекаме. АИРЛИЈА ЛУЃЕ!!!
 
Ако (сега) поранешната Топлификација на град Скопје им испратила 55.000 последни решенија и секаде има-ла (нешто) за враќање на ограбените , а несвесни за тоа корисници...тоа само ми укажува дека оваа си „фирма„ ептен успешно „работела„ , исклучиво со готовина на своите коминтенти во вид на Кредит за кој НИКОМУ НЕ ПЛАЌАЛА никаква КАМАТА....секако со сесрдна помош од Регулаторната Комисија ...на нивните цени кои никојпат не им биле по токмо...та секојпат барале УШТЕ и ПОВЕЌЕ ....барале и добивале НОВИ и ПОвисоки цени на своите „услуги„.... и тоа насред лето , односно вон сезона на греењето!

Познавачите овде... на ваква банкарска проблематика можат да (ни) пресметаат колку пари ќе ја чинело Топлификација , ако имала земен кредит во иста противредност..од било која македонска банка.
Само за еден месец...а тие пари „вртеле„ на нејзината сметка повеќе години.

Ако неплатената рата за Декември 2012 година + 2.000 (цирка) денари секому што му ги враќа сега Фирмата .....тоа изнесува околу 100 Евра однапред „позајмени„ пари од џебот на н(а)ивните корисници .

На ниво на корисници тоа би изнесувало некаде околу 5,5 Милиони Евра народни пари на сметката на Топлификација...со кои таа ептен домаќински „работела„...
Мое мислење е дека сега ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се вмеша Јавниот Обвинител на Македонија...и да провери се што таму се „работело„...и да излезе после тоа со јавно искажано мислење..за да нема понатаму никој кој ќе прашува... зашто тоа го оставил така..

За да НИКОЈПАТ некому не падне на ум ....за да ја повтори истава шема ама во друго време и подрачје.
пс
Слушнав дека има-ло поефтинување на ГАСОТ за 10%...од почетокот на 2013 година...та ете и тука ....нова прилика за Регулаторната Комисија...да дојде до истотакво и толкаво (најмалку) намалување на цената од новиот снабдувач...само затоа што тој исклучиво користи ГАС како еколошки енергенс во својот технолошки процес..на производство на струја и како нус- производ ..греење на 55.000 корисници, и притоа пак да ги „попишмани„ и врати назад веќе одјавените од системот централно греење..а тие се (чинам) цирка 15.000 корисници.
razmisluva.gif
 
Еве еден напис во Фактор, за наводните штети што ги претпела Топлификација поради ниските цени кои и ги доделила Регулаторна.
Вие можете да се смеете но Топлификација бара оштета од 18 милиони евра плус камата
http://www.time.mk/read/NONE/3a38f85ec8/index.html
Но, бидејќи менаџментот на Топлификација смета дека регулаторите направиле штета на компанијата со цените за парното греење што ги одобрувале во периодот од 2006 до 2009 направил две експертизи.
Едната на PriceWaterhouse Coopers и другата на Moore Stephens. PriceWaterhouse Coopers вкупните штети ги проценува на околу 18 милиони евра, додека Moore Stephens на околу 16 милиони евра.
Топлификација поднесува пријава за штетите направени, како што тврди, од регулаторите во периодот од 2006-2007 година, а Јавниот Обвинител на град Скопје во јули 2010 година поднесува кривична пријава и покрена истрага против петте члена на Регулаторната комисија за енергетика во тој период. Во моментот се уште тече спорот помеѓу РКЕ и Топлификација за штетите направени со одлуките на регулаторите, а Топлификација побарува 16 милиони евра.
 
Во Нова Македонија е објавена изјава на портпаролот на Топлификација дека не сакала да наплатува од исклчените
Дали му верувате?
Во таа изјава потпаролот вели:
„Нова Македонија“ веќе пишуваше дека, според Драган Макенаџиев, портпарол на „Топлификација“, претставници на компанијата што учествувале во подготовката на правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени на седницата на Регулаторната комисија за енергетика на 30 јули 2012 година, не барале да се воведе обврската исклучените корисници да плаќаат надомест иако не користат греење.

- Не беше наша идејата за донесување на одредбите од членот 53 став 1, имајќи го предвид претходното искуство што го имавме со наплата на 50 отсто за исклучените станови, а која одлука падна на Уставен суд, со одлуката од 16 февруари 2009 година - вели Макенаџиев.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122612712353&id=10&setIzdanie=22765
 
Aнализа за причините и ефектите зошто Топлификација испрати 0 декемвриски сметки

Во декември 2012, 0 сметки добија 20 илјади приклучени корисници, плус им е одобрено просечно Топлификација да им врати илјада денари.
Со тоа Топлификација „ подари “ околу два милиони евра.
20 000 корисници * 100 евра = 2 000 000 евра.
На овој начин Топлификација „ докажа “, дека сега кога Исклучените се задолжуваат сметките се многу помали.
Ако сега, Уставен суд, го поништи Правилникот, граѓаните ќе мора да повторно да ги платат овие два милиони, а тоа ќе предизвика незадоволство
Што значи Уставен суд е „ елиминиран “
Јас секогаш сум велел дека се работи, за образовани, интелигентни и добро организирани криминалци.

Плашете се од Грците и кога подароци даваат!
Timeo Danaos et dona ferentes
 
Просечно Топлификација, на „ приклучените “ им прати декемвриски сметки нула и нешто пари им врати од ноемвриските сметки на.
„ Исклучените “ добија „ нормални “ сметки
За ова известија учесниците на Форумов и медиумите.
Но остана една тајна.
Колкави декемвриски сметки добија, градинките, училиштата, факултетите спортските објекти, државните инстиуции и останатите потрошувачи на Топлификација?
Ако имате вакви податоци или имате можност да се распрашате колкави сметки добија тие, Ве молам тоа да го споделите на Форумов
Наша цел е да го разоткриеме „ патетичниот и штетен бизнис план на Топлификација “
 
Важно, важно, важно за исклучените!
Топлификација им ги прости декемвриските сметки на „ приклучените “ и плус им врати дел од парите од ноемвриските сметки. Целата оваа „ операција “ ја чинеше Топлификација повеќе од два милиони евра. Инаку сите сметките на „ исклучените “ се околу двеста илјади евра месечно, но Топлификација потроши четири пати поголем износ за да ја „ докаже “ ова лага.
Топлификација не го направи тоа залудно и со ова постигна две цели:
1.„ Докажа “ дека сега кога „ исклучените “ се задолжуваат сметките се многу пониски.
2. Го „ блокира “ Уставниот суд, да ги укине одредбите по кој ние „ исклучените “ треба да плаќаме. Ако Уставниот суд сега ги укине овие одредби, „ приклучените “, треба да ги вратат парите кои им се „ простени “, што може да предизвика бура на незадоволство.
Од друга страна Топлификација, веќе подготвува и веројатно е поднесена тужба, пред меѓународните судови, против Република Македонија, со која бара 16 милиони евра одштета, наводно Регулаторана и одобрила многу ниски цени!, па работела со загуба. И овие два милиони евра ќе бидат дел од таа тужба.
Според мое мислење, не е реално, во даденава ситуација да очекуваме помош од домашните органи околу решавање на нашиот проблем и неопходно е да побараме заштита меѓународните институции.
Меѓународна правна заштита постои само за заштита на човековите права.
Постојат две такви можности: Европскиот суд за човекови права во Стразбур и Советот за човекови права на ООН во Женева.
Во Стразбур се поднесува жалба, но таму процедурата трае повеќе години, бидејќи тој Суд е затрупан со предмети.
Во Женева се поднесува поплака, и таму процедурата е побрза.
За да се „ стигне“ во Женева, потребно е да се поминат домашните инстанци, тоа се Народниот правобранител и Постојаната анкетна комисија за заштита на правата на граѓанинот при Собранието.
Јас би сакал, повеќе души, заеднички да поднесеме поплака во Женева.
Во прилог имате две претставки до овие органи во РМ. Овие претставки треба да се потпишат и поднесат. Потпишувањето е со име презиме и адреса и тие адреси и потписи ќе бидат пратени во Женева, што значи не се анонимни.
Ако сте заитересирани да учествувате во ова, проучете ја содржината на претставките и пријавете се, односно пратете ми порака на ПП ( во оваа фаза не е потребно да ми го соопштите Вашето име и адреса ). По една недела ќе Ве известам, колку души се пријавиле и како ќе се организираме за собирање на потписите.
 

Attachments

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom