Па А1 телевизија ти е пациент до пациент бре!!! Читајте го ова :
Во Нигерија се урна авион со 114 патиници - нема преживеани
МИА
23.10.2005
Нигериските воздухопловни власти, соопштија денеска дека патнички авион кој превезувал 114 лица се урнал кусо време по полетувањето од аеродромот во Лагос. Официјален нигериски претставник денеска објави дека нема преживеани во авионската несреќа.
Абилола Олоко, портпарол на државата Ојо, каде се урна патничкиот авион со 117 патници и членови на екипажот претходно изјави дека половина од лицата во авионот ја преживеале несреќата, но подоцна соопшти дека „според последните информации сите патници и членови на екипажот загинале“.
Како што јави дописникот на МИА од САД, авионот од типот Боинг 737, на компанијата Белвју Ерлајнс, сообраќал на релација Лагос-Абуџа, лет кој требало да трае педесетина минути.
Според контролата на летање во Лагос, врската со авионот била загубена три минути по плетувањето. Во моментот на несреќата над Лагос била регистрирана бура, јави Си-Ен-Ен.
Остатоците од авионот од типот „Боинг 737“ на компанијата „Белвју Ерлајнс“ што се урна синоќа, се пронајдени во државата Ојо, 200 километри северно од Лагос и оти
повеќе од 50 лица кои се наоѓале во авионот се повредени.
Во авионот кој сообраќал на релација Лагос - Абуџа имало меѓу 114 и 116 патници, вклучувајќи и неколкумина високи државни функционери.
Авионот ја изгубил врската со контролната кула пет минути откако полетал од меѓународниот аеродром во Лагос за Абуџа.
Тоа ти се вика аматерско новинарство...
