Слободно стави од кој жанр сакаш, нема такво правило темава. Можеш и од повеќе жанрови да лупнеш.
Ај без хисптеризам може?
Дали е одреден жанр на музика популарен или не, или самите изведувачи кои творат музика од тој жанр, ама ништо не укажува дали приозводот има квалитет или не. И обратно, сум забележал дека доста непробиени музичари и кои не се комерцијално препознаени од страна на мнозинството, се такви со добра причина, едноставно не се доволно квалитетни, и голем дел од јавноста се согласува (hence, зошто не се успешни, познати, итн.).
Кажувам зошто редовно слушам музика, и тешка комерцијална музика, и изведувачи за кои ни таму каде што живеат не слушнале за нив. Отприлика го знам и едниот и другиот "свет".
А коментираш на овој начин бидејќи нити си ги преслушал албумите, музичкиот аранжман да го провериш, текстовите, квалитетот на пеењето итн.
На пример, Лана дел Реј е одамна активна на музичко поле, уште од 16 годишна возраст. После голема низа подготивки и неуспеси да се пробие на сцената, решава да го смени целиот имиџ, музика, дури и физичките атрибути, и се појавува со уметнички алијас, и свој "деби албум" (кој всушност и е втор, или трет, ако ги рачунаме снимените лајв сесии кои ги компилирала по своите настапи по клубови кои ги имаше ставено на една архивска веб страна). Ова е реалноста за многу изведувачи - тежок процес кој трае со години, и често мораш да почнуваш од почеток не еднаш, туку повеќепати, и ништо не ти дава гаранција. Ете, тоа што татко и има дост апари, не и беше гаранција дека ќе се вклопи лесно и брзо во музичката индустрија. Што па останува за другите? Лана ја стрефи оптималната формула за да се пробие, и откако е пробиена, како кај секој што добива на слава и внимание, во истиот пакет иде и неоснована омраза, и/или импресии колку е она неквалитетна, ваква, таква, онаква. Така да не ме чуди што од поедини луѓе (меѓу кои и ти), следуваат такви коментари. Ама не си прегледал некои работи за да можеш увидно да коментираш. Ова е обичен, non-experienced comment.
А за Marina & The Diamonds ... првиот албум го издава 2007 и продава само 70 копии. Многу споро искачување на скала на слава и бараност, но ете, ја стрефува формулата во 2010та. Но дури и ден денес, голем број луѓе ги знаат првите четири изведувачи многу добро, а може да ја почешаат главата за Марина. Едноставно и ден денес, во 2012та година, не е толку позната како другите и не е комерцијално успешна колку што и се некои колеги во музиката.
Судиш престрого и од чисто хипстерска перспектива.
Презумција на хипстеризам затоа што имам ставено црно бела слика од некој па претпоставка дека тој е писател, и затоа е некој хипстер?

Не читаат само хипстери бе, иако ако реплицираш ќе кажеш дека претпоставката не е базирана на тоа, али уатевер (инаку џек лондон аватар).
За мој и твој жал не само што не сум хипстер туку во исто време сум поборник за нивно нацистичко бришење, заедно со кремци, турбофолкери и сите што љубат да се етикетираат.
Ако веќе паѓа етикета тоа би била пензионарен панкеро/металец претворен во идиот
Сега да се навратиме на суштината, музичкиот дел.
Проблемот е што грешиш и тоа не само теоретски туку и статистички.
Затоа што музичката историја во комбинација со етаблираните и почитувани музички критичари укажуваат на една констатна на ова поле. Тоест: мегапопуларната музика (со минијатурни исклучоци наречени статисчки аномалии) е музика со исклучително лош квалитет, нагласувам исклучително.
Не мора да одиме низ светот за да го потврдиме ова, туку само мал поглед на балканската сцена и нашата фамозна цеца е поголем доказ одколку што ни треба.
Јас исто така имам преслушано сито и решото шо би рекол цацко и еве мал предизвик за тебе, најди ми квалитетна турбофолк или аренби песна (кришо немој да си се дрзнал да реплицираш на ова). Затоа што ти тврдиш дека жанрот не е предуслов за квалитет, но ете фактите не говорат така.
Ја знам историјата на Лана дел Реј затоа што јас сепак љубам да мрчам со аргументи

Исто така албумот нејзин ми е преслушан и ако малку ѕирнеше во темата за неа ќе видеше дека имам пофалби за музиката што ја прави, но поентата ми е дека е далеку од албум на годината. Тоа што ти ја имаш чуено цела дискографија или дека она се борела како и сите други апсолутно нема никаква јебана врска со темава нели?
А затоа што најголемиот пасус ти е во врска со тоа еве уште една реченица. Историјата на некој артист нема никаква врска со тоа дали во 2012 имал солиден албум.
Мојот и твојот музички кредибилитет за жал не се поклопува.
Затоа што јас ете свирам 3 различни инструмента, 4 години пеев во хор, растев со музичари, имам свирено во 2 групи и до ден денеска сум активен на тоа поле. Имам преслушано терахерци музика, имам прочувано, таблатури, ноти, избор на педали, појачала, жици, магнети, тапани, микрофони, текстови, техники на пеење итн итн...а ти слушаш музика на компјутер како и секој човек што има компјутер и сега знаеш што е добро што е лошо?
Он трга од премизата дека овие успешниве се им оди од рака и дека лесно е ѓубре музика да стане популарно и барано, а всушност се работи за среќа и правата комбинација околности, за некој да се пробие, и дека години претходно не биле тие изведувачи нешто поинако од тоа што он го слуша. Дека сите почнуваат од нула.
Значи читај внимателно:
ТОА НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО КВАЛИТЕТОТ НА НИВНИОТ АЛБУМ ВО 2012!
Не претпоставувам јас такви глупости затоа што генерално слушам музика што нит на радио, нит на теве ја нема и многу подобро знам како се пробиваат музичари затоа што директно сум бил инволвиран минималистички во тој свет а моите пријатели до ден денеска го прават тоа.
да, тоа е албум на годината...