ТОП 100 МАКЕДОНСКИ АЛБУМИ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Со првата точка некако и се согласувам..
со број 2 и 3 не! Од проста причина, што дури тогаш ќе стане карма-каша! Ќе гласаат на пример луѓе што појма немаат од рок, или само Ареа и Суперхикс ги знаат.. и ќе гласаат највеќе поп или народно. И обратно.

Ако се гласа за рок, се гласа за рок.... ако се гласа за поп, само за поп се гласа... (не за ваков :popce: не сме Светиот Синод за жал :ROFLMAO:)

И друго, малку неправедно е да ставиме повеќе албуми од еден жанр, оти реално и ако сме објективни, тогаш народњаците ќе треба да водат.. вака ист број рок/поп/фолк.

Што знам... ај и некој друг нека даде предлог... да ја продискутираме..
Не е баш така едноставно. Пример имаме многу добар рап со светски квалитет и многу албуми, а реге се 2 бенда. Скроз објективно секако нема да биде.
 
Не е баш така едноставно. Пример имаме многу добар рап со светски квалитет и многу албуми, а реге се 2 бенда. Скроз објективно секако нема да биде.
Ако нема добар реге албум, тогаш не би требало ни да го има ради реда!

Ама и јас да очекувам објективност како Дарклејди што вели, ми е утопија...
Неколку членови, можеби... ама во демократија... ќе добиеме листи како тие Злате што ги постираше, или како нашиве политичари у РЛ.

Колку повеќе размислувам, толку по скептичен станувам :(
 
Море Скаааааааа, ами од шо мака да го стајме Стојнево на листава бе дете аааааааа?

Не е ова избор на мис или избор за најдобри цицки или најдолги нозе, туку избор за НАЈДОБРИ АЛБУМИИИИИ:sakasuste::sakasuste::sakasuste:
Па како најдобра фолк пејачка наместо оние кешарицине и краповине. :icon_mrgr:
 
Сите албуми, буквално сите албуми на Леб и Сол се врв! Почнувајќи од првиот па до крај - на оригиналната постава.
Новиот дел од Леб и Сол, колку и да ги почитувам Кокан и Бодан, не ми е тоа тоа.
 
Сите албуми, буквално сите албуми на Леб и Сол се врв! Почнувајќи од првиот па до крај - на оригиналната постава.
Новиот дел од Леб и Сол, колку и да ги почитувам Кокан и Бодан, не ми е тоа тоа.
Јас првите три-четири би ги одбрал..
После нив, дефинитивно следи пад, а после Тангента и комерцијализација..
Имаат страшни песни да не бидам погрешно разбран!
Ама во целина и многу филери, и досадни стануваат, така да комплет како албум, не би одбрал никој после Тангента...
Мое скромно мислење..

Едит: Тангента > Калабалак
 
Последно уредено:
@Zlatikevichius

Моето скромно мислење е дека најпрво дека мора да дефинираме некакви не многу тесни критериуми за тоа што бараме под поимот „најдобри“. Дали е иновативност, дали е културна оставштина која со себе ја носи албумот, дали е комерцијален успех и број на прегледи, дали е субјективен суд за најдобро, дали е емоционален одговор на преслушаната музика, дали е музичка комплексност итн. Да се знае на што треба да се обрне внимание при оценувањето.

Второ, дали планираш да биде со давање гласови и правење на нерангирана листа или пак со доделување оценки/бодови и правење на рангирана листа?

Трето, мора да биде задолжително „објективно“ гласање. Под ова подразбирам дека тие што ќе гласаат на изборот мора да ги имаат преслушано албумите пред да дадат суд, со цел да се избегне „пристрасно“ гласање само за албуми кои членовите веќе ги знаат. На пример, секоја недела да одат 5 албуми на преслушување и да се даде оценка само откако ќе ги ислушаш.

Трето, мора да биде полузатворен или полудиригиран избор, за да нема киксови како Шуруп од К15 во најдобри 100 македонски песни или велешките Црвена Јабука со 28 вјус што ги предложи некој погоре. На пример да се одреди максимум од 3 или 5 албуми по артист. На пример, да не се стават вкупно 200 рок албуми на гласање само затоа што биле по еднаш предложени од некој,туку да има некаква предселекција од потесен круг на членови. Ми текнуваат сега и многу други примери на ова што го мислам под полудиригираност, но тоа зависи првично од концептот на гласање кој ти го имаш замислено.
 
Ништо конкретно немам замислено, затоа ја отворив темава за предлози. Од субјективниот суд не можеме да избегаме, но да се трудиме да го минимизираме субјективното и да гласаме за: "иновативност, дали е културна оставштина која со себе ја носи албумот, комерцијален успех и број на прегледи и музичка комплексност". Во топ 1001 книгата албумите, велат, се влезени според овие критериуми иако не може да се негира дека и таму има залутани албуми кои субјективно му се допаѓаат на авторот. Значи нам ни требаат:
1. Влијателни албуми, кои подоцна многу влијаеле за текот на музиката
2. Пионерски албуми, кои донеле нешто ново кај нас
3. Албуми кои имале неверојатен успех
4. Музички комплексни албуми кои не подлегнале на забот на времето.
 
Ок, одиме некаде :D. Мислам само дека сепак треба како една од насоките или критериумите да го вклучиме и субјективното (можеби некаде при дното по приоритет), филингот или оној икс фактор поради кој некоја песна буди чувства кај слушателот. Зошто? Бидејќи сепак на крајот на денот 90% од луѓето ја слушаат музиката поради тоа. Еве конкретно, Сите мои слики од Ареа е најгенеричната 4-акордна песна од бенд кој е веќе заборавен и никој роден после 2000-та не го знае, ама кога на луѓе ќе им ја пуштиш после 3 текили се тепаат за микрофонот. Само прост пример што сега ми падна на памет, take it with a grain of salt.
 
Јас првите три-четири би ги одбрал..
После нив, дефинитивно следи пад, а после Тангента и комерцијализација..
Имаат страшни песни да не бидам погрешно разбран!
Ама во целина и многу филери, и досадни стануваат, така да комплет како албум, не би одбрал никој после Тангента...
Мое скромно мислење..

Едит: Тангента > Калабалак
Види, реално има "филери", ама реално пример многу луѓе не ја знаат ние четворицата од Леб и Сол, а е исклучително квалитетна песна.
Мене тој стил на инструменталки ме опушта како Скакавац на пример, а многу луѓе - посебно што слушаат исклучиво комерцијала нема ни шанса да знаат дека постои таква песна.
Дека се приметува комерцијализација после Тангента е дефинитивно, ама и таму имаш одлични парчиња.
Искрено, не можам да се сложам дека тангента е подобар албум од калабалак.
 
Многу ја потценуваш нашата музика!
Со оглед на тоа што се врти и слуша у светов задњи 20 години... Ние имаме 100+ албума како ништо! Лектири и тоа!

Поентата е да се одберат "Најдобрите", а не "Сите". Ако пример земеме рок тоа треба да биде по нешто од Архангел, Леб и Сол, Мизар, На работ на разумот од Санаториум, Суперхикс 1 до 2 и ај може ќе испуштам нешто. Значи збориме албуми што оставиле трајни вредности. Е сега кога ќе почнете да ставате Бумбикс, Шмумбикс, Дедикејтед фор Лајф, Сињак, Мињак, Сусијат, и слично каде што на концерт има 200 души под тоа подразбирам и ќоро и сакато. И не е ова навреда, јас сум од оние 200 души што одат на ќоро и сакато и многу од тие бендови ми се драги, ама малце пообјективно ако гледаме (оти сепак е доста субјективна темава) треба на исто место да стојат Леб и Сол и треба да стои Фонија или Мизар и Смат. Малце не бива.
 
@Sussaro твоето учество тука е повеќе од потребно. Те чекаме во темата за предлози. ;)
 
Поентата е да се одберат "Најдобрите", а не "Сите". Ако пример земеме рок тоа треба да биде по нешто од Архангел, Леб и Сол, Мизар, На работ на разумот од Санаториум, Суперхикс 1 до 2 и ај може ќе испуштам нешто. Значи збориме албуми што оставиле трајни вредности. Е сега кога ќе почнете да ставате Бумбикс, Шмумбикс, Дедикејтед фор Лајф, Сињак, Мињак, Сусијат, и слично каде што на концерт има 200 души под тоа подразбирам и ќоро и сакато. И не е ова навреда, јас сум од оние 200 души што одат на ќоро и сакато и многу од тие бендови ми се драги, ама малце пообјективно ако гледаме (оти сепак е доста субјективна темава) треба на исто место да стојат Леб и Сол и треба да стои Фонија или Мизар и Смат. Малце не бива.
Се си е на место...
Ама "трајни вредности" кога сме копирале од Западот и каснеле бар 10 години.. е малце парадоксално, нели?!
Имаме нешто посебно, наше, ама да не се правиме луди сега...

Јас Најдобри епитетот го сфатив како избор, утре кога ќе седиш со некој странец, и ќе му речеш: ти сине што слушаш?!
-Ова икс-ипсилон.
Епа ела да ти пуштам да видиш ние што имаме од тоа...

И да не ти биде срам, дури и горд да бидеш!
Ако треба Сињак да биде тој правец.. тогаш Сињак нека биде!

А кој се класиците, буквално на две раце ќе ги изброиме...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom