- Член од
- 27 јануари 2009
- Мислења
- 1.044
- Поени од реакции
- 40
- Возраст
- 35
Тони Зен ќе лета како Супермен
Тони Зен ќе лета како Супермен низ спортската сала Борис Трајковски, на неговиот прв концерт во Скопје, кој ќе се одржи на 18 март.
Хип-хоп ѕвездата спектакуларно ќе влета во салата пред концертот. Наместо од сцената, публиката ќе ја поздрави од покривот. Тони ќе биде заврзан на јажиња, а облечен во стилот на Кларк Кент, новинарот кој се претвора во супер јунакот од филмскиот хит "Супермен".
"Целиот имиџ на Тони од сега ќе се врзува за Супермен. Ќе ја менува и фризурата, ќе ја пушти подолга косата, и ќе ја носи залижана како Кларк Кент", ни откри менаџерот на Тони, Бојан Стоевски од "Симплисити" продукција.
Стојковски вели дека инспирацијата за промената на имиџот на Зен е шоуто "Вип Преживеан", каде што тој го освои второто место.
"Дојдов, видов, победив, спасив сè. Сакам да ме викате Зен, од сега само викајте ме "Суперзен", велат стиховите на новата песна на раперот "Суперзен", најавниот сингл за истоимениот албум кој ќе излезе на почетокот на јуни.
Интересно за концертот на Зен е што ќе биде отсвирен комплетно во живо, со бенд, придружни вокали и женско гудачко трио. Нема да се користат матрици, а организаторот најавува голема сцена, пиротехника и богато лајт шоу. Како гости на сцената ќе се појават Слаткар и "Токсикологија", а се очекуваат и гости од Балканот меѓу кои и финалистките на "Вип Преживеан" поп-пејачката Гоца Тржан и манекенката Катарина Вучетиќ.
Тони Зен открива дека на концертот ќе ги изведе старите хитови и три песни кои ќе се најдат на новиот албум.
За хип- хоп ѕвездата е предизвик новиот имиџ на Супермен, и се надева дека неговиот лет и сценариото на шоуто ќе им се допадне на фановите.