Тонеме во економската криза

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
доста бе дрон вмровски...

1.сепак доста олеснувања се направија за краток рок, доста реформи и поеднаставувања, олеснувања и стимулации во разни ресори

2.уште повеке ветувања и утки, особено инвест у македонија на која беа потрошени значчителни средства, премногу реклама па се до нереновирани шалтери и двокатни автобуси

3.Беџети е доста добар и способен, во своето поле, и иако сега засега големи удари нема, тие допрва ке се почуствуваат па барање на помош аранжмани па дури и помош нема да е на одмет.

4.Азески и Бишев нема да ги коментирам..

5.МЕДИУМИТЕ, вештајки пумпајки ги прикаските, бомбастичните бнајави и спектакуларни допринесуваат за психолошка вештачка криза која ги одврака потрошувачите од трошење.

pod 5 totalno se soglasuvam
 
Што кукате, марш на сончање!
Маја МИХАЈЛОВСКА

Македонија тешко ќе излезе од економската криза. Ситуацијава во земјава сериозно се комплицира и неминовно е денарот да девалвира ако владата итно не се соочи со оваа вистина и не донесе пакет директни мерки за спас на стопанството.
Со вакви, досега најцрни оцени и прогнози за македонската економија, вчера македонската елита економисти, составена од академици и универзитетски професори, на тркалезна маса организирана од фондацијата „Никола Кљусев“, се обидоа да ја разбудат и да ја соочат владата со влијанието на рецесијата.
Вицепремиерот Зоран Ставрески за прв пат призна дека Македонија нема да може да го постигне проектираниот економски раст од 5,5 отсто, но повтори дека владата останува на политиката на стимулирање на потрошувачката на македонски стоки и услуги, преку реализација на инфраструктурните проекти предвидени во буџетот.
Министрите потоа станаа и си заминаа, а економистите останаа да се жалат.
- Македонија тешко ќе излезе од кризата. Ќе страда курсот на денарот. Девизните резерви ќе се топат бргу и кризата ќе се прелева врз сите сектори - предупреди професорот Горан Петрески.
Според академикот Таки Фити, ударите од економската криза се чувствуваат на сите страни. Погоден е реалниот сектор, засегнати се банките, трговскиот дефицит се пумпа, а се намалуваат можностите тој да се покрие. Професорот Абдулменаф Беџети побара владата побрзо да реагира на кризата и да презема конкретни мерки, така како што тоа го прават владите на Србија и на Бугарија, на пример.
Но, министерот за финансии Трајко Славески потврди дека македонската економија има оригинален рецепт како да ја преживее кризата. Тајната е во сончањето.
- Ако претходно не сте се сончале и излезете на сонце подолго време, брзо ќе изгорите, но ако претходно сте се сончале, вашата кожа е поотпорна и подолго може да се сончате - објасни тој и се пофали дека владата има заштитни механизми за справување со кризата.
Претставникот на „исончаните“, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора, рече дека фирмите и менаџерите се толку преплашени од кризата што не знаат како понатаму. Но, Азески не заборави да каже дека ситуацијата сепак е подобра одошто се претставува.

Борба со сите средства за стабилен денар

Димитар Богов, вицегувернер, рече дека монетарната политика пред се ќе биде во насока на одржување стабилен курс на денарот. Иако на реалниот сектор му треба разлабавување на монетарната политика, за полесно да дојде до кредити, тоа е недозволиво во услови на висок трговски дефицит.

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=767&ArticleID=30105
 
Не тонеме ние 17 години сме потонати.
Затоа кај нас се чини дека нема криза бидејќи е присутна сите овие години.
 
Што кукате, марш на сончање!
Маја МИХАЈЛОВСКА

Вицепремиерот Зоран Ставрески за прв пат призна дека Македонија нема да може да го постигне проектира
Но, министерот за финансии Трајко Славески потврди дека македонската економија има оригинален рецепт како да ја преживее кризата. Тајната е во сончањето.
- Ако претходно не сте се сончале и излезете на сонце подолго време, брзо ќе изгорите, но ако претходно сте се сончале, вашата кожа е поотпорна и подолго може да се сончате - објасни тој и се пофали дека владата има заштитни механизми за справување со кризата.
Претставникот на „исончаните“, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора, рече дека фирмите и менаџерите се толку преплашени од кризата што не знаат како понатаму. Но, Азески не заборави да каже дека ситуацијата сепак е подобра одошто се претставува.

Борба со сите средства за стабилен денар

Димитар Богов, вицегувернер, рече дека монетарната политика пред се ќе биде во насока на одржување стабилен курс на денарот. Иако на реалниот сектор му треба разлабавување на монетарната политика, за полесно да дојде до кредити, тоа е недозволиво во услови на висок трговски дефицит.

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=767&ArticleID=30105

Таљава пак јадел “бобинки“,според изјавата.Додуша малку му се разликува од онаа кога бараше да врне дожд за спас од енергетската криза,сега побара сончање.Абе ни Господ не може да помогне кај човеков,посебно доколку јадел “бобинки“.:kesa:
 
РОЗОВИ АВСТРАЛИСКИ БОБИНКИ..?? :)
 
РОЗОВИ АВСТРАЛИСКИ БОБИНКИ..?? :)

Е такви некој де,или па може и од најновине печурки како во Битола за Нова Година кога многумина млади имаа хаулцинации дека во просторијата има повеќемина одколку што навистина има.:smir:
 
Таљава пак јадел “бобинки“,според изјавата.Додуша малку му се разликува од онаа кога бараше да врне дожд за спас од енергетската криза,сега побара сончање.Абе ни Господ не може да помогне кај човеков,посебно доколку јадел “бобинки“.:kesa:

Абе зборувај си ти, ама гледаш, зимава се растури од дожд и снег, а тоа значи помал трговски дефицит оти помалце струја ќе увезуваме.
Хмммм, така ли беше или ...

Нема врска како било, сега значи дека ќе се СОНЧАМЕ, се надевам нема да бидеме изложени на сонце со UV Index 9 па да добиеме изгореници од прв степен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom