Делови од Тирана цели 72-часа останаа без струја, откако во една брканица мачка и глушец предизвикаа хаварија во главната електрана што го снабдува градот со струја.
"Мачка и глушец налетаа на високо волтажни кабли. А еве ги и фотографиите што ги сликавме, бидејќи никогаш немавме видено нешто вакво," изјавила портпаролката на компанијата.
И без мачките и глувците, Албанците имаат доволно проблеми со прекините на струја кои ги следат веќе неколку децении. Најчести причини за ова се честите суши во земјата и дотраеноста на електричната мрежа.
Инаку, најголем број од домовите и компаниите во Тирана се споени на нафтени генератори.