Тој што губи ...

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Од грешките учиме де. Ако не сме успеале да победиме сега, секогаш има следен пат. Ниту еден воз не е последен. Но додека го чекаме возот да пристигне, наместо да седиме и да не правиме ништо, пожелно е да размислиме каде е грешката што претходниот воз избегал. Секако, и во тоа размислување не треба да се внесеме премногу, затоа што возот може повторно да побегне, а ние занесени од барањето на проблемот да го пропуштиме и тој.
 
Пораз во дебата , што понатаму?

Сите од нас сме учествувале во дебати .
Од дебатите сме излегувале во секој случај со повеќе знаења , меѓутоа не секогаш сме ние во право.
Што тогаш кога дебатата е „изгубена“ ?
Како го трпите поразот ?
Некој од нас го игнорираат и иако знаат дека не се во право продолжуваат по нивни пат криејќи го поразот , други го прифаќаат и му „честитаат“ на противникот , трети нешто сосема друго.
Што правите вие?
 
Ќе му честитам или нешто слично и мислам како да му вратам у дебатата:vozbud:
 
[Narcis] Неам изгубено дебата па да знам, сигурно нема да ми биде сеедно [/Narcis]
 
нема пораз кај дебати...јас учам од нив...еве на пример денес научив дека су малце хммм видете!!!!!:vozbud::vozbud:



:ojea::ojea::ojea::ojea::ojea::ojea::ojea::ojea::ojea:

 
Сите од нас сме учествувале во дебати .
Од дебатите сме излегувале во секој случај со повеќе знаења , меѓутоа не секогаш сме ние во право.
Што тогаш кога дебатата е „изгубена“ ?
Како го трпите поразот ?
Некој од нас го игнорираат и иако знаат дека не се во право продолжуваат по нивни пат криејќи го поразот , други го прифаќаат и му „честитаат“ на противникот , трети нешто сосема друго.
Што правите вие?
Супер ќе научам нешто ново.
Достоинствено го чувствувам поразот, ова не само во дебати туку и во животот во некој спорт итн, секогаш сум витешки настроен.
Што правам јас? Па наредната прилика ќе имам повеќе информации од таа област и при слична дебата нема да загубам. Секојдневно учам нови работи, отфрлам стари непотребни и така се справувам со животот :toe:.


П.С. Тој што мисли дека нема пораз во дебати само себеси се лажи, но не и другите :). Тој човек нема ништо ново да научи ќе си остани заглавен таму кај што е со тоа што го смета за своја вистина не гледајќи туѓа или општа вистина, а со тоа ќе живее во лага.
 
Двете теми се бавеа со иста тематика само во едната имаше дадено конкретен пример. За да не се појават и други теми со различни примери ги споив двете теми. Продолжете тука со дискусијата.
Од сега ве замолувам во предвид да ги земате и новопоставените прашања (во случајов прашањата на BliND:)
Ви благодарам.
гладиус:smir:
 
Супер ќе научам нешто ново.
Достоинствено го чувствувам поразот, ова не само во дебати туку и во животот во некој спорт итн, секогаш сум витешки настроен.
Што правам јас? Па наредната прилика ќе имам повеќе информации од таа област и при слична дебата нема да загубам. Секојдневно учам нови работи, отфрлам стари непотребни и така се справувам со животот :toe:.


П.С. Тој што мисли дека нема пораз во дебати само себеси се лажи, но не и другите :). Тој човек нема ништо ново да научи ќе си остани заглавен таму кај што е со тоа што го смета за своја вистина не гледајќи туѓа или општа вистина, а со тоа ќе живее во лага.

нема пораз...ако учењето од тугите поконструктивни идеи го гледаш ко пораз дон кихот тогаш:toe:
 
ааа си ги бирам битките ја, ако во нешто не се разбирам не се ни фаќам за спорење и инатење туку седам, потпрашувам, слушам и учам. Терање инат ко сељак не работам.
Е сеа ако сум доктор по материјата и некој приучен дрипец ми се меша во ресор*, си иде дома со животна лекција башка вреѓан и резилен ко бонус. : )

ресори многу немам :)
 
Тој што губи, има право да се лути, тоа е докажано :)

Иначе јас мислам дека тој што ќе изгуби треба да го признае поразот и да продолжи со животот бидејќи ќе му биде и него а и на останатите полесно :)
 
Тој што губи треба да се запраша ,а не е ли ова зло за добро ? Многу често удираме со глава во зид ,мислејќи дека тоа е наша цел , многу често откако ќе стивне првата бурна реакција, ќе наидеме на нешто подобро за нас . Ако сме направиле се што е во наша моќ и покрај тоа сме изгубиле ,не треба да се лутиме ,не сме ние виновни секогаш ако изгубиме ,многу фактори го решаваат тоа .
 
тој што губи треба да подразмисли зашто изгубил каде му се грешките да се поправи за да не ги прави повторно следниот пат..
 
Јас продолжувам со глава во ѕид.
 
Значи вака ... тој што губи има право да се лути знаеме, ама дали треба да се лути и да се откаже од тоа во што изгубил или треба да оди напред да ја поправи грешката поради која најверојатно изгубил нешто? Треба да е полн со гнев кон другите што успеале (во таа некоја одредена работа да кажам) или сепак да се сврти кон себе и својот неуспех и да се поправи нареден пат?
Најмногу идејата за темава ми беше од една емисија каде што гостуваше Есма и колку (изненадно за мене) изреволтирано и погрдно зборуваше за Елена и компанија. Не се задржувајте на ова, тоа ми беше мотив, земете го ова како општо прашање:kajg:

малку офтопик вовед
Терминот "губи" ,губитник ,лузер,failer..постои само во психата на човекот.Кога човек нема да успее во нешто често почнува да тоне и си вика јас сум губитник.. и тоа станува дел од него.Му паѓа нивото на вредност.Единствен начин да го елиминираш тоа е да го споредиш со цената што си ја платил за лекцијата што си ја научил.И ќе сфатиш дека тоа што си го научил од падот е непроценливо,и позитивна работа.

Ако си личност со тврдо Ч и карактер со висока вредност,никогаш нема да ја префрлаш вината и одговорноста за себе и се што се случува околу тебе.. на други.Тоа е само знак на лоу статус..

Има два типа на добитници,винери.. еден тип е да победиш за наградата да го постигнеш тоа што го сакаш , за тоа што си се натпреварувал , а другиот тип е да ги победиш само другите,да направиш другите да изгубат.
Спореди го напредокот само со себеси, не глеј да бидеш подобар од другиот или да се радуваш што тој е послаб од тебе.Туку глеј да постигнеш нешто повеќе од тоа што си бил.Глеј да направиш прогрес во нештото.Сум бил послаб сега одам .. напред итн..

Зборот ми беше никогаш не губиш ништо!
продолжи .. секогаш си во добивка и учиш нешто ново.
како што спомнав тоа постои само во нашата глава .

Падот е успех ако научиш од него
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom