Тоа е тоа!

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Rose
  • Време на започнување Време на започнување
Ваквите моменти се навистина ретки, но се дефинитивно вредни за сеќавање.
Еден од таквите моменти ми беше пред една година кога на сред Турција настапувавме со нардони македонски песни и ора и кога ни кажаа дека 90% од публиката пред која настапуваме се македонци. Едноставно бев исполнет знаејќи дека на некој ќе му пружам огромно задоволство. Знаев дека поентата на моето одење на играорна е токму тоа, да го оживеам фолклорот и да го презентирам пред другите. Во тој момент тоа и го постигнав. Бев презадоволен.
 
Философија и психологија
Општи муабети
Литература
хумор
 
Колку им обрнуваме внимание на моментите кои ни причинуваат задоволство и не прават среќни? Умееме ли да ги препознаеме и да се задоволиме со нив? Ви поминала ли некогаш низ глава помислата дека "Тоа е тоа, вистинското место и време". Сте почувствувале ли дека сте токму онаму каде што би требало да бидете, правејќи го она што сакате да го правите?

Моменти на потполна исполнетост и задоволство..... Сте ги имале? Опишете некој таков момент, како сте се чувствувале, каде сте биле, сами или со некој.....

И да уште нешто :)

Знаете дека тое е тоа додека трае или тек по некое време?

Веројатно знаеш во моментов да ја „приметиш“ убавината и исполнетоста. Ги има насекаде и многу често... Поглед кон моите деца додека спијат, шумот на Радика додека седиш на камен, кога ќе ти се сретне поглед со тој што го сакаш и несвесно ќе се насмееш, кога ке ја завршиш сликата што си ја сликал месец дена и си кажеш на себеси: „Боже колку ме бива!“....

И, не мора да си свесен за сите овие моменти. Тие се таложат и акумулираат и го прават еден живот богат...
 
Да:)Ми се случувале вакви работи,да се чувствувам како комплетно исполнета, како ништо да не ми недостасува..задоволно:)

Се сеќавам додека траеше СП ракомет, незнам со кого игравме, цела соба ја испозалепив со имињата и презимињата на ракометарите, со Македонските знамиња и по некој лист со пораки како: Напред Македонија, Ја сакам Македонија итн..цел ден планирав се и кога почна натпреварот, го пуштив цедето со песните навивачки(Македонија навива)и гледавме.Е, додека траеше натпреварот, и кога завршуваше се почувствував многу среќно,како ништо друго да не е потребно..совршено! И победивме инаку:):)
 
Да сум имала такви моменти... Моменти кога се осеќам како остатокот од светот да е некаде далеку позади мене и сите грижи и стравови исчезнуваат...
Сум се осеќала така и сум си помислила во тој момент : да тоа е тоа !...
За жал тие моменти обично кратко траат.. но затоа се бесценети
 
Секој има такви моменти , некогаш тие се присутни во подолг период од нашиот живот , а некои пократко .... зависи од повеќе фактори пред се каква е работа што ние сме се разочарале толку многу .
Кога јас тие зборови ќе ги изговорам " Тоа е тоа ,, тоа значи дека сварно сум се разочарала и се ми е на исто ниво . Но , се ќе помине ...
И Тоа е тоа ..
 
Ми фали тоа да ми биде тоа на одредено поле во животов....
 
Абе, СЕКОГАШ ...... сум кај шо не треба!!!:kesa::pos2:
 
Никогаш, секогаш сум се колебал...Никогаш не сум препознал таков момент за да го искористам максимално и да се задоволам и да бидам среќен...
 
Не е тоа тоа ако не го почусвуваме ,ако не сме свесни дека го живееме и доживуваме тоа, најубави ми се тие моменти иако се ретки, најубаво е кога се случуват побавно so i can breathe all in со свесност. :)
 
Секој човек има такви моменти, прекрасни едноставно каде сто ке погледне гледа среќа и љубов. Ја сум имала таков момент, ама касно сватив дека тој момент баш бил Тоа е тоа (:

Тишината, прегратката од љубениот и тоа е тоа, едноставно прекрасно :))))))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom