Tитули...

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.099
Веб-сајт
www.kajgana.com
Сигурно сте забележале дека некои станари на вратата од својот стан, како и на нивното поштенско сандаче, освен името и презимето имаат ставено и некоја титула, на пр. инж, др, м-р, проф....

Мислам, со целосна почит кон титулите, ама нивното ставање на поштенско сандаче ми е малку смешно. Поштата сигурно ќе стигне на вистинското место и без истакнатата титула.

Што мислите, дали истакнувањето на титулите на врата и на сандаче е чиста суета, или бидејќи им е "навистина" потребно?
 
Да, навистина е потребно но само за покревање на нивното его. :wink:
Сметам дека нема потреба да се пишуваат титулите барем на сандачињата, доволно е името и презимето за да се најде вистинскиот човек.
 
Мистичен напиша:
Сигурно сте забележале дека некои станари на вратата од својот стан, како и на нивното поштенско сандаче, освен името и презимето имаат ставено и некоја титула, на пр. инж, др, м-р, проф....

Мислам, со целосна почит кон титулите, ама нивното ставање на поштенско сандаче ми е малку смешно. Поштата сигурно ќе стигне на вистинското место и без истакнатата титула.

Што мислите, дали истакнувањето на титулите на врата и на сандаче е чиста суета, или бидејќи им е "навистина" потребно?

Вакво нешто по Охридов не сум забележала
ap.gif
.....не знам дали има, ама не да е смешно, туку траги-комично, комплекси је*ига:toe:
 
Мистичен зошто е потребно нивните титули да се на сандачето ? За поштарот да знае дека испорачува пошта на доктор ? Тоа е чиста суета, дури и примитивен начин на фалање дека е човек со завршено високо образование. Има луѓе кои имаат ега поголеми од мојата зграда кои имаат потреба да го пополнат тоа его со нешто. Некои го прават тоа со бутање студенти на испит, ставање кецови на ученици, арогантност и да не набројувам сега. Има случај во соседната зграда до мене на човек му пишува на вратата ”Проф. С***** З*******”,
а тој човек едвај завршил средно училиште и работи како секретар во локалното претпријатие за водоснабдување.
 
Зошто го карактеризирате тоа како "чаталење"..... човек таа титула си ја заработил.... значи се трудел.... потрошич време, средства и мозочни клетки..... и нормално дека тоа со гордост ке си го напише на вратата... не гледам ништо страшно во тоа.... баш има и своја предност..... ете на пример вие може да живеете 10 години во зграда и да не знаете дека комшијата ви е доктор или професор.... и кога некој ќе ве праша:"дечко ти тука живееш?.... те молам кажими кој е станот на Доктор Х".... што ке му кажете?...Абе има еден Х на 5-ти ама не знам дали е доктор.
 
Абе добро еко1...не се разбравме,норнално е на врата,на потпис или такви работи,ама секаде каде што ке стигне,поштенски сандачиња итн е малце претерано нели? А и не му доликува на доктор да се истакнува и каде што не треба
 
А кои се тие места?.... значи каде може а каде не според вас?
 
Е, аман :) Треба на работно место, а на врата нема потреба. Додуша треба само и на работно место. Тоа е и титула која се користи професионално нели ? Не е за домашна употреба :pos:
 
pcjodamaster напиша:
Е, аман :) Треба на работно место, а на врата нема потреба. Додуша треба само и на работно место. Тоа е и титула која се користи професионално нели ? Не е за домашна употреба :pos:

Od kaj znaes? mozda toj doma si ja raboti rabotata zatoa stavil nekoja titula :toe:
 
Тоа е сосема друг случај не треси глупости. Сигурно нема да му е канцеларијата дома. Знам 200 адвокати и нотари кои имаат канцеларии во станови, но не живеат таму. И ако е така нормално дека на вратата ќе пишам дека сум магистар или доктор по мојата професија тоа се подразбира. Тоа е нешто како реклама :)
 
pcjodamaster напиша:
Е, аман :) Треба на работно место, а на врата нема потреба. Додуша треба само и на работно место. Тоа е и титула која се користи професионално нели ? Не е за домашна употреба :pos:

Значи штом таа личност отиде дома повеќе не е Доктор, Професор и тн...?

Мене ме интересира зошто ви е толку негативен ставот кон тоа?.... Дали дека не сте вие доктор па сега ве нервира кога тој тоа го потенцира дека е... или.... ?

Лично јас да сум доктор не би напишал на вратата... но од друга страна пак не би рекол дека се чатали тој што тоа го направил.
 
во западна европа титулата доктор и професор имаат големо значење, пред се кога се работи за медицинари. овие две титули се внесени во нивните лични докумнети и така и на нивните сандачиња. Ставање на занимањето инжињер или магистер на исти ранг со предходниве две не е ништо друго освем комплекс на ниска вредност..

во америка пак ретко кој и на неговата бизнис картичка од компанијата ќе има запишано доктор или професор, таму е запишана функцијата која ја извршува лицето во фирмата.
 
Мислам дека е сосема непотребно да се ставаат титули ниту на влезна врата, уште помалце на поштенско сандуче. Од таа причина се нумерираат становите, да се знае кој каде живее. За мене е стар комуњарски обичај да се ставаат имињата на станарите енивејз, си постои систем за тоа коа треба некој да те најде. Адреса, број на стан/куќа, чао пријатно!

Ај сеа на стан да му пишува некому Џони Пендрековски, Виш полицијски инспектор! Смешно...
 
Gravity Grave напиша:
Ај сеа на стан да му пишува некому Џони Пендрековски, Виш полицијски инспектор! Смешно...
Смешно, но вистинито. На еден во моја зграда (почина одамна, бог да го прости) на станот му пишуваше Раде Марковски - официр.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom