Тирана ќе ја изгуби помошта од САД

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.169
Поени од реакции
1.332
Тирана ќе ја изгуби помошта од САД



Албанската политика потфрли во наоѓањето компромис за изгласување на предлог-законот за Административен суд, со чие донесување официјален Вашингтон ги условуваше фондовите и помошта за оваа земја.

По острата собраниска дебата исполнета со меѓусебни обвинувања, пратениците од опозицијата веднаш ја напуштиле салата кога требало да се расправа околу овој предлог-закон. Премиерот Сали Бериша веднаш реагирал на ваквото однесување на социјалистите, оценувајќи го како целосно неприфатлив чекор.

- Законот за административниот суд е од огромно значење. Владејачкото мнозинство беше подготвено да ги разгледа сите забелешки на опозицијата во врска со овој закон - изјавил Бериша.

Американците јасно ставиле до знаење дека ако Тирана не го усвои законот до 1 октомври, Албанија нема да ја добие нивната парична помош. Со неизгласувањето на Административниот суд албанската политика ги затвора и фондовите што веќе ги добила од САД за подготовка на потребната инфраструктура за судот.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BBB9A9F94DB2FA4DB3D3F62A56F3316F
 
Замисли Косово да ја изгуби :pos2::pos2:
 
Одлично, полека, но сигурно Албанците ја губат поддршката што ја имаа од САД...
Дали е тоа последица на немоќта на САД, т.е. губењето на влијанието или е само политика.... не се знае.
Едно е сигурно, кога НАТО ќе се распадне, ќе се распадне и Косово, пошто Косово е протекторат на НАТО..
 
Одлично, полека, но сигурно Албанците ја губат поддршката што ја имаа од САД...
Дали е тоа последица на немоќта на САД, т.е. губењето на влијанието или е само политика.... не се знае.
Едно е сигурно, кога НАТО ќе се распадне, ќе се распадне и Косово, пошто Косово е протекторат на НАТО..
Како мислиш да се разпадне Косово?!
 
Каков е тој закон, и за што се работи?
Баш ме интересира што сакаат американците да им инсталираат сега.
 
Како мислиш да се разпадне Косово?!

Ке пропадне, нема да функционира ке се врати под Србија.

Денес со помош на САД па гледаме како функционира а камоли тогаш кога нема да има никаква подршка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom