- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.088
- Поени од реакции
- 1.255
Тирана ќе ја изгуби помошта од САД
Албанската политика потфрли во наоѓањето компромис за изгласување на предлог-законот за Административен суд, со чие донесување официјален Вашингтон ги условуваше фондовите и помошта за оваа земја.
По острата собраниска дебата исполнета со меѓусебни обвинувања, пратениците од опозицијата веднаш ја напуштиле салата кога требало да се расправа околу овој предлог-закон. Премиерот Сали Бериша веднаш реагирал на ваквото однесување на социјалистите, оценувајќи го како целосно неприфатлив чекор.
- Законот за административниот суд е од огромно значење. Владејачкото мнозинство беше подготвено да ги разгледа сите забелешки на опозицијата во врска со овој закон - изјавил Бериша.
Американците јасно ставиле до знаење дека ако Тирана не го усвои законот до 1 октомври, Албанија нема да ја добие нивната парична помош. Со неизгласувањето на Административниот суд албанската политика ги затвора и фондовите што веќе ги добила од САД за подготовка на потребната инфраструктура за судот.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BBB9A9F94DB2FA4DB3D3F62A56F3316F