wild dolphin
Мал човек а голем ждерач

СОСТОЈКИ за 6-8 порции
• 450 гр сирење маскарпоне (може како замена да употребите слатка павлака)
• 5 јајца, на собна температура
• половина шолја шеќер (околу 100 гр)
• сол, на врвот на прстите
• пишкоти
• половина шолја еспресо кафе
• 4 големи лажици рум (по избор)
• какао прав
ПОДГОТОВКА
Изматете го маскарпонето во мала здела, сѐ додека не омекне целосно. Во посебен сад изматете ги жолчките од јајцата со шеќер (1 голема лажица), сѐ додека миксот не стане светло жолт и мек. Полека мешајте и матете го со сирењето. Потоа, со жица за матење или миксер, изматете ги белките од јајцата со малку сол и измешајте ги белките со смесата со маскарпоне.
Во еден поголем, или неколку мали чинивчиња (една мала чинија = една порција), наредете ги пишкотите. Ставете го преостанатиот шеќер и румот во кафето и попрскајте го врз пишкотите. Нека бидат влажни, но, никако со премногу кафе, за да не се распаднат. Потоа, премачкајте ги со смесата од маскарпоне. Наредете нов слој од пишкоти и повторно премачкајте ги со смесата. Попрскајте го одозгора со какао.
Ставете го во фрижидер најмалку 1 час пред да го послужите. Најдобро е да стои и повеќе од еден час.
Тирамису е навистина супер десерт тоа еден од ретките кремасати колачи кои мене ми се свиѓале навистина е супер, инаку може готово да се најде во Веро како Тирамису торта, супер е
