За вечер, би ги играл следниве натпревари ...
Лидс-Челси, GG3+/1.95, или само 3+ на 1.65.
Лидс е екипа која игра многу солидно дома, дава по 2 гола на скоро секој противник. Императив ке им биде пласман во наредна фаза во Купот.
Челси кој испадна од ЛШ, и го загубија Светското првенство ке бара меч во кој ке може да се врати во победничката форма.
Не би требало да излезат со комбиниран состав, со тоа што мислам дека ке го бркаат Купот, зошто и не останаа посериозни противници.
Останува да видиме дали одложениот лет за Лондон, и краткото време за тренирање ке си го направат своето врз кусиот тим на Челси.
Предлог за оние кои што сакаат да ризикуваат, 1X.
Удинезе-Фиорентина GG3+/2.35
Fiorentina годинава игра во одлична форма на гости, голгетерска, со што на последните 5 меча има дадено 9 гола, што некаде би дошло по 2 на натпревар.
Удинезе пак, на последните 5 меча одиграни дома, на 4 има дадено по минимум еден гол.
Очекувам отворен фудбал, и многу голови.
Волфсбург- Леверкузен GG/1.55
5 oд последните 5 меча меѓу овие две екипи завршиле GG3+. Сезонава Волсфсбург игра поцврсто дома, додека пак Леверкузен знае да дава голови.
Би играл со помал ризик на GG заради тоа што е КУП.
Од други коефициенти кои ми се видоа поинтересни, би ги издвоил, Болоња дава гол(1.60), Канаваро е веќе суспендиран, така да, го нема столбот на одбраната на Наполи, сомнителните Честер, кои се машина за голови, на 19 натпревари имаа 51 гол, но, коефициентот за 1 е необично висок 1.60, така да може да прават матни работи, Честер има 9 бода предност во поглед на второпласираниот, а на противникот на Честер, Харогејт 3 бода би значеле искачување од 12-то, на 8-мо место.
Но и со тоа на памет, 1&3+/1.95 изгледа солидно.
Овие натпревари успеав да ги изанализирам, ама се зависи од составите со кои ке излезат утре, со оглед дека се работи за Купови.