Brazil Serie A
Gremio - Atletico Mineiro 1.80 3.30 4.00
почеток на мечот : 00:30 CET
Имаме две екипи кои моментално се борат за опстанок. Гремио е 16-то пласирана екипа со 13 бода од 12 натпревари , додека Минеиро се 14-ти со 14 бода од 13 натпревари.
Главната причина заради која Гремио се наоѓа на долниот дел од табелата , според мене , е неефикасноста на напаѓачите Гремио имаат регистрирано 8 напаѓачи во составот , од кои 4 се првотимци и се ротираат од натпревар во натпревар. Меѓутоа сите 4 напаѓачи заедно имаат постигнато само 2 гола на 13 натпревари што е многу лоша статистика. Менаџерот на Гремио ми е малку нејасен пошто форсира напаѓачи кои се неефикасни , пример : Lins ( кој на 7 настапи за Гремио не дал ниеден гол и лани на 12 настапи за Крикума со Serie C дал само 1 гол ) и Leandro ( 18 годишен напаѓач со 9 настапи и ниеден гол ).
Меѓутоа на денешниот меч најверојатно ќе играт во нападот Leandro заедно со Mirales ( аргентинец , кој ова лето дојде од Colo Colo за 2.3 мил. евра , има 5 настапи и 1 гол , а за Colo Colo во 2010/11 постигна 21 гол на 35 натпревари.
Остатокот од екипата е солиден , средината ја составуваат : Rochemback , Gilberto Silva , Douglas , Escudero ( ex-Villareal , Boca Juniors ) . Голманската позиција се ротира на секој втор меч , додека одбраната им е најслабиот дел. На последните 5 натпревари што Гремио ги одигра дома , на сите 5 постигна гол , победи на 2 од нив и на 3 ремизираше.
Атлетико Минеиро пак е екипа која ја карактеризира тоа што секој напаѓач што влегол во игра , постигнал гол. Така од 9 регистрирани напаѓачи , двојца се стандардни и имат дадено заедно 6 гола на 13 натпревари , а нивните замени , 4 напаѓачи , имат дадено заедно 6 гола. Што значи ефективна екипа во нападот. Меѓутоа средниот ред е катастрофа , од 13 играчи користени во 13 натпревари со средниот ред , постигнати се вкупно 3 гола . Голманската позиција исто така се ротира на секој втор меч , додека одбраната им е нестабилна со примени 14 гола на 6 натпревари.Последните 5 натпревари што Минеиро ги одиграа во гости се 1 нерешена и 4 порази во серија.
Во меѓусебните средби одиграни дома кај Гремио , домаќините имаат предност на последните 5 средби со 3 победи , 1 нерешена и 1 пораз . Додека во последните 3 години на 6 средби меѓу овие 2 тима , Гремио има 5 победи и само 1 пораз.
Па според ова мислам дека Гремио се благи фаворити , коеф паѓа за победа на Гремио од 1.90 на 1.65 , 1.90 мислам дека е реален коеф , ама 1.65 ( онлајн ) не баш .. Sportlife дава 1.80 за победа на Гремио и предлагам среден влог од 4/10 , в глава ми се вртат 2 можни резултати : 1:0 или 2:1.
GL !!