...на НЕТ се пишува многу работи за
Олигопин, па секој ,,си одбира" тоа што мисли дека ќе излечи, прво без шест месечно редовно пиење не може да се каже ниеден резултат, второ појавата на вртоглавица мора да е поврзано со вратните пршлени и средно уво каде е центарот за рамнотежа, а не баш од микроциркулацијата, друго, Иреал не споманал воопшто дека самиот суплемент делува на коагулацијата на крвта и не ќе да е добро ако имал крварења, ниту пак за тие со автоимуно заболување што имунитетот е на штрек, а тој нема тимус жлезда, на тие години со неповратни промени на крвни садови еден суплемент не ќе да му помогне повеќе ќе му одмогне доколку делува на вискозноста на крвта.
... во состав на кората најголем % проантоцијанидините како природни антиоксиданси кои генерално се сметаат за безбедни, но постојат
неколку клучни контраиндикации и медицински предупредувања каде нивната употреба мора да се избегнува или строго да се контролира:
Главни контраиндикации
Нарушувања на крварењето: Процијанидините го намалуваат слепувањето на крвните плочки (тромбоцити) и го спречуваат згрутчувањето на крвта. Затоа се
строго контраиндицирани кај лица со хемофилија или други активни нарушувања на крварењето.
Претстојни хируршки интервенции: Поради ризикот од зголемено крварење, суплементите со процијанидини мора да се прекинат најмалку
2 недели пред каква било закажана операција или стоматолошка интервенција.
Позната алергија или пречувствителност: Контраиндицирани се кај лица алергични на изворот од кој се извлечени (на пример, луѓе со алергии на грозје, јаболка, боровници или бор).
Сериозни медицински интеракции (Предупредувања)
Иако не се класични контраиндикации, постојат ситуации каде процијанидините може опасна да содејствуваат со редовна терапија:
Антикоагулантни лекови (Разредувачи на крв): Комбинирањето со лекови како варфарин, хепарин, аспирин, клопидогрел или нова ОАК терапија значително го зголемува ризикот од внатрешни крварења и модринки.
Хемотерапија: Како моќни антиоксиданси, процијанидините можат теоретски да ја намалат ефикасноста на одредени хемотерапевтски лекови (како доксорубицин) кои делуваат токму преку создавање оксидативен стрес за да ги уништат туморските клетки.
Апсорпција на железо: Поради нивната полифенолна структура, тие можат да се врзат со железото во дигестивниот тракт и да ја
намалат неговата апсорпција, што е важно за лица со анемија.
... и ако додадам дека сето тоа треба да помине преку бубрегот, попрво би рекла советување со нефролог за толку внесена хемија од суплементи.
...така да само неопходно да голтаме, средување на вратните пршлени, средно уво инфекција затнат ушен канал, бучава и воопшто возраста го прави своето, нема потреба од хемикалии.
...тој вели дека , го излечил" најмалку може со суплемент како додаток на исхрана ќе средиш за таков краток период, највероватно го средил кр. притисок, па привремено му се намали зуењето, мислејќи дека се ,,излечил".

....инаку Олигопин е суплемент сув екстракт на кора од приморски бор (Pinus pinastеr) 75 mg,