- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 25.374
- Поени од реакции
- 43.256
... активната супстанца во двата лека е (cinnarizine), секоја таблета содржи 75 mg цинаризин (затоа и двата се означуваат како „форте“ / висока доза)Цинедил не смеам, алергичен сум, Стугерон Форте нема.
... цинаризинот е антагонист на калциумовите канали и хистаминските H₁ рецептори, неговото дејство се состои во:
- спречување на контракциите на мазните мускули во крвните садови.
- подобрување на церебралната (мозочната) и периферната циркулација.
- намалување на надразливоста на вестибуларниот апарат (се користи при вртоглавица - вертиго, зуење во ушите и морска болест).

ЦИНЕДИЛ е производ на наша компанија Алкалоид , додека Стугерон форте е оригинален фармацевтски производ произведен од Јансен (Janssen Pharmaceutica).
... фармацевтските производители користат различни помошни - ексципиенси (како сврзни, дополнувачи, конзерванси, ароми и бои, тие не лекуваат сами по себе, но се главни за стабилизирање на лекот, негово полесно голтање и правилно ослободување во телото).
... двата лека содржат лактоза монохидрат како главно средство за полнење и врзување, па лицата со тешка интолеранција на лактоза мора да бидат внимателни со двата производа.
- алкалоидов Цинедил најчесто користи класична комбинација на лактоза, пченкарен скроб, микрокристална целулоза, повидон и магнезиум стеарат и таблетите се бели по боја.
додека јенсовиот т.е.кркин Стугерон форте покрај лактоза и пченкарен скроб, често содржи специфични згуснувачи како што е поливидон (PVP K30), талк и магнезиум стеарат и таблетите се жолти по боја бидејќи содржат и жолта прехранбена боја (Sunset Yellow).
... за најголем дел од пациентите, овие минимални разлики во помошните супстанции немаат никаков ефект врз лекувањето, но кај некои како кај тебе се појавува преосетливост и алергија посебно од жолтата прехрамбена боја кај стугерон, акај цинедил тоа не е присутно зошто е бела таблета, ама ете кај тебе е обратно.
... разлики во скробот или целулозата можат да направат едната таблета да се разгради во желудникот неколку минути побрзо или побавно од другата, што кај екстремно чувствителни пациенти дава чувство дека едниот лек „подобро им делува“.
... кај Цинедил најчесто се користи пченкарен скроб (corn starch) или негови деривати (натриум скроб гликолат) како средство за распаѓање на таблетата. Некои оригинални формулации користат компиров скроб или микрокристална целулоза со различен квалитет и преосетливост на одредени видови скроб или нивни остатоци (траги од глутен кај нечисти скробови) може да предизвика кожна реакција.
... како лепило за да се формира таблетата, Цинедил користи малку поинаков тип на полимер (најчесто класичен Повидон - PVP) и затоа кај некои луѓе, одредени молекуларни тежини на повидонот или полиетилен гликолите (PEG) можат да предизвикаат алергиска реакција на кожата (осип, чешање) што изгледа е причината кај тебе на алергија од Цинедил.
...носењето слушно апаратче не може трајно да го излечи (да помине засекогаш) тинитусот, но значително го намалува или целосно го маскира зуењето додека се носи.земав и слушно апаратче од 550 евра и ми помина Тинитот,
Последно уредено:
