- Член од
- 21 октомври 2025
- Мислења
- 12
- Поени од реакции
- 96
„Одлично резиме од Комити. Мислам дека секоја група треба да подготви и објави вакво нешто.
Сигурен сум дека помладите генерации од сите групи имаат меѓусебна комуникација преку колекционирање шалови, стикери и слични работи, па не би било лошо да излегува некаков вид фанзин од сите групи, нешто во стилот на Мак Тифо.
Единствена држава во светот сме без списанија кои редовно излегуваат посветени за општата тифо сцена.
И тоа "МакТифо" што го спомна е само во 5 броја заедно со "Хаос" кое е испечатено во 3 броја. Чкембари редовно секоја година имаат списание (9 броја) , исто и Комити кој имаат нешто помал број на печатени списанија и не се баш така редовни. (морам да ги пофалам последните неколку години се редовни), Една книга од Коста за Паткари, две Аеродромски од творецот на сите песни кој се уште се најоргинални на сцената и заборавив да ги спомнам три списанија на Кумани во црно бела боја. Лозари најавија книга која уште не е издадена и мислам дека се работи на неа. Тоа е се од пишаната литература во нашата мала тифо сцена. А се без меѓусебна едукацијата е еднакво на пораз. Апел и молба до сите креативни групи и поединци од истите да работат на тоа поле.
Да живее ТИФО СЦЕНАТА и МАКЕДОНИЈА!






