Иначе никој не спомна тука за Сан Лоренцо, секој кој прати аргентинска сцена, знае колкав голем момент се случи за нив сега крајот на мај годинава. На повидок се пред исправување на неправда стара 47 години. После децении борба, клубот конечно објави дека ја вратил целата историска земја во Боедо, местото каде некогаш бил легендарниот нивни стадион Viejo Gasómetro.
San Lorenzo играл во квартот Боедо уште од 1916 година на стадионот познат како Viejo Gasómetro, еден од најлегендарните стадиони во Аргентина. Таму клубот ја изградил својата историја, а Боедо станал симбол на идентитетот на клубот. Проблемот почнува во 1979 година, за време на аргентинската воена диктатура. Клубот бил под силен финансиски и политички притисок да го напушти стадионот. Земјиштето било продадено по цена која многумина ја сметале за далеку под реалната вредност, а подоцна на тоа место бил изграден супермаркет на Carrefour. Клубот и неговите навивачи биле избркани од местото каде што припаѓаат. За навивачите на Сан Лоренцо ова никогаш не било доживеано како нормална продажба, ниту некогаш помислиле да го прифатат како реалност (напрајте паралела со кај нас), туку како нешто што им било одземено насилно и тука започнала легендарната борба. Враќањето на стадионот станало света мисија кај навивачите, од генерации на генерации предадена.
По заминувањето од Боедо, Сан Лоренцо неколку години немал свој дом и играл на различни стадиони. Подоцна се преселил во квартот Bajo Flores, каде што бил изграден сегашниот стадион Nuevo Gasómetro отворен во 1993, таму се и денес. На Nuevo Gasómetro клубот ја освои Copa Libertadores во 2014, па за дел од навивачите и тој стадион станува многу важен. Но за огромен дел од фановите, Боедо останал вистинскиот и единствениот дом. На 26 мај 2026, San Lorenzo официјално објави дека ја обезбедил целата историска земја во Боедо, вклучувајќи ги и последните 8345 квадратни метри кои недостасувале. Клубот го претстави ова со пораката: “La vuelta es total” (Враќањето е целосно). Ова значи дека после речиси пола век правни битки, договори и преговори целата земја каде што бил Viejo Gasómetro повторно е под контрола на клубoт на San Lorenzo. Ова за навивачите е и многу повеќе од обично парче земја и обичен стадион, кога ќе се види што е Керфур, кој своевремено стоел како противник, се добива јасна слика за што е всушност борбата. Парите, глобализмот, моќниците и империјалистите не значат ништо, кога нештото е свето. Во 2012, повеќе од 100 000 навивачи марширале барајќи историска реституција на земјиштето. Многумина таму се на став дека враќањето во Боедо е дури и поважно од Libertadores затоа што значи враќање на украдениот дом.
Значи некој може да се бори пола век, а некој ќе дигне раце од клубот после една лоша сезона или ќе се помири со реалноста каква и да е со она нашето “брат што се замараш, на татко ти ли се парите“.

Последно уредено: