Мислев Кавадарци ќе биде преплавено со битолчани уште од вчера вечер како што беше за суперкупот во ракомет. Сепак, слабо засега. Неколку коли дојдени на збирното место на Лозари и неколку околу паркот. Од шипците нема ќоро пиле засега.
За суперкупот секој втор на улица зборуваше за ракометот или така ми се чинело. Денес поинтересна тема е панаѓурот во Росоман за Духовден и пазарниот ден. Ама веројатно е рано уште и затоа ми е таков впечатокот.
Ги следев џандариве, ги извадија сите надвор и почнаа да ги распоредуваат. Кој се' е џандар во државава. Дечурлана, пола со мевовите, женски џандарки нашминкани за во диско. Овие не можат да обезбедат деца од градинка што одат на екскурзија, не дуел на два тима од кои едните ќе донесат над 1000 луѓе публика и уште повеќе од Кавадарци ќе имаат поддршка, а другите сигурно ќе се бар 500 луѓе.
Земало едно бате од џандарите реди конуси на паркингот кај паркот, три пати ги нареди, па ги собра, па ги поместува по едно 20 сантима. За што земаат државна плата...
Слабо и има инфо за утакмицата низ градов, нема ни плакати, ни многу објави по локалните страни.
Не сум навивачки дојден, туку приватно и ептен ми е криво што нема да стигнам да ја гледам. Очекувам добар натпревар и се надевам браќата битолски ќе останат во прва лига, ако не не сакаат ни на свадби, ни на погреби