ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
Интересен муабет начнаа @Saber Rider и @Resistencia. Кај нас генерално се сите десно, со повремени аполитични или леви групи/подгрупи. Ја сум повеќе за само клуб и ништо друго, политика надвор од трибини.

Али ако веќе има политика, би била интересна промена на клима да се оди повеќе во насока на цивилни идеи/општествено корисни тематики. Во смисла, наместо да е фокус на национална/етно основа, да се оди повеќе во насока на кревање свест околу проблеми што на сите им се заеднички (корупција, иселување, партизирано судство, паразитирачка јавна администрација, злоупотреба на институции и тн). Не е типична како идеја на тифо сцена кај нас во последниве 30 години, али како струја има корени овде и би била доста своја и зрела.

ФК Македонија како спортско друштво во 30ти и 40ти години (клуб кој после втора светска станува ФК Вардар), има управа која била про-фашистичка, додека тимот бил лево ориентиран, тренерот бил евреин Иле Шпиц. Во првата сезона во рамки на регионалната фашистичка лига, на ФК Македонија и иде доста добро и стига до последна утакмица која за титула ја игра со Левски на градски. Интересно е дека на стадионот има доста полиција, војска и митролески гнезда. Пошто ФК Македонија води, делегатите пробуваат да ја поништат утакмицата и почнува голем инцидент каде што цела трибина се судрува со полиција/коњаница (има снимка од утакмицата на Досие Скопје, не и од инцидентот). Радио-Лондон во тој период ја објавува оваа случка како прва територија која е ослободена во Источна Европа али е масовен неред. Следната година, ФК Македонија добива ултиматум: или да се смени името, или ќе бидат исклучени од лигата. Дечките во клубот едногласно одлучуваат да се откажат од лигата, и дел од фудбалерите се приклучуваат на партизаните. После војната, клубот се преименува во ФК Вардар, и на чело на тимот е Иле Шпиц (кој на утакмица со ОФК Београд 61ва поради голема возбуда дека Вардар тепа 3:0, умира од срцев удар на аут линија на градски). Буквално човекот животот го дал за клубот.

Зборот ми е, имаме тифо минато на здрава граѓа, и доста примери како навивачи или спортисти завземаат здрава позиција за свој интерес, без омраза и со дигнитет, и ја бранат со кичма (имаме и други примери за жал). Тоа не значи дека ако се дава внимание на општествено корисни тематики дека нема ривалство и се останато што го носат тифо водите, али ги прави групите позрели и озбилни.

Историски тифо движењата во нашиот регион се гледале како закана на системи и често истите пробувале да ги стават под контрола на државата. Познати примери се со Аркан кога е назначен како фигура во Делије крај на 80ти и почеток на 90ти, кога Делије почнуваат да пеат против системот. Он доаѓа и ги насочува во друг правец. Такви примери има еден куп од регионов, али за нив друг пат. Зборот ми е, добро е да се исклучи политика, али иако постои, да се оди кон здрава струја на политичко мислење.

Не можеш скроз да ја исклучиш политиката од трибината, не е возможно кога од истата и зависиш а и како општество и друштво сме инволвирани во сите тие води како основна социјална работа. Комити со тој идеал Македонија на Македонците, права за Македонците во Пирин, обележување на политички жртви е исто политика на трибина и не е ништо лошо, ако би ја исклучил политиката треба 50% од стилот да се тргне а и генерално е противречно да се тргне кога се потпираме на сето тоа директно или индиректно. Дербињата секогаш имаат и политичка подгреана позадина што добиваат на жар и верувам да не е политиката нема толку ни да се дава на значење; чисти пример се Реал и Барселона, Динамо и Хајдук и кај нас беше примерот Куманово - Мзт 2015-2016 кога имаше политичка поделба на овие клубови кои ја подгреваа атмосферата и жештината на дербито, Мзт беше клуб на Дпмне а Куманово преувладуваа тогашните Социјалдемократи.
Јас сум за здрав идеал и здрава идеологија и за добро едуцирани и образловани воџи кои ќе можат цела таа маса да ја насочат кон здрави вредности, џабе имаш ти толпа луѓе без витални водачи кои ќе не можат да ги искористат на правилен начин во градење општество. Десничарските води секогаш водат кон стрејт еџ, развиена национална свест, екологија, патриотизам/национализам, силна традиција и почитување култура, хуманост и други принципи, затоа сум за што повеќе да се развива барем на елементарно ниво некое познавање на стручни доктрини и идеологији во навивачките групи бидејќи се они јадро на онаа работничка класа луѓе.
 
Интересен муабет начнаа @Saber Rider и @Resistencia. Кај нас генерално се сите десно, со повремени аполитични или леви групи/подгрупи. Ја сум повеќе за само клуб и ништо друго, политика надвор од трибини.

Али ако веќе има политика, би била интересна промена на клима да се оди повеќе во насока на цивилни идеи/општествено корисни тематики. Во смисла, наместо да е фокус на национална/етно основа, да се оди повеќе во насока на кревање свест околу проблеми што на сите им се заеднички (корупција, иселување, партизирано судство, паразитирачка јавна администрација, злоупотреба на институции и тн). Не е типична како идеја на тифо сцена кај нас во последниве 30 години, али како струја има корени овде и би била доста своја и зрела.

ФК Македонија како спортско друштво во 30ти и 40ти години (клуб кој после втора светска станува ФК Вардар), има управа која била про-фашистичка, додека тимот бил лево ориентиран, тренерот бил евреин Иле Шпиц. Во првата сезона во рамки на регионалната фашистичка лига, на ФК Македонија и иде доста добро и стига до последна утакмица која за титула ја игра со Левски на градски. Интересно е дека на стадионот има доста полиција, војска и митролески гнезда. Пошто ФК Македонија води, делегатите пробуваат да ја поништат утакмицата и почнува голем инцидент каде што цела трибина се судрува со полиција/коњаница (има снимка од утакмицата на Досие Скопје, не и од инцидентот). Радио-Лондон во тој период ја објавува оваа случка како прва територија која е ослободена во Источна Европа али е масовен неред. Следната година, ФК Македонија добива ултиматум: или да се смени името, или ќе бидат исклучени од лигата. Дечките во клубот едногласно одлучуваат да се откажат од лигата, и дел од фудбалерите се приклучуваат на партизаните. После војната, клубот се преименува во ФК Вардар, и на чело на тимот е Иле Шпиц (кој на утакмица со ОФК Београд 61ва поради голема возбуда дека Вардар тепа 3:0, умира од срцев удар на аут линија на градски). Буквално човекот животот го дал за клубот.

Зборот ми е, имаме тифо минато на здрава граѓа, и доста примери како навивачи или спортисти завземаат здрава позиција за свој интерес, без омраза и со дигнитет, и ја бранат со кичма (имаме и други примери за жал). Тоа не значи дека ако се дава внимание на општествено корисни тематики дека нема ривалство и се останато што го носат тифо водите, али ги прави групите позрели и озбилни.

Историски тифо движењата во нашиот регион се гледале како закана на системи и често истите пробувале да ги стават под контрола на државата. Познати примери се со Аркан кога е назначен како фигура во Делије крај на 80ти и почеток на 90ти, кога Делије почнуваат да пеат против системот. Он доаѓа и ги насочува во друг правец. Такви примери има еден куп од регионов, али за нив друг пат. Зборот ми е, добро е да се исклучи политика, али иако постои, да се оди кон здрава струја на политичко мислење.
ako bile levo orientirani zasto salutiraat so desna raka na taa utakmica so Levski? hhaha ili fotomontaza e ?
 
Па еве ти кажи ми, ако имаш митролеско гнездо на стадион, војска под оружје и на 1 км од стадионот се депортираат неподобни луѓе во Треблинка (да не зборам како се третирани сите кои се сметаат за политички неподобни), како фудбалер да не ќе ставиш напапири дуксер и ќе им влезеш на боксови? Ако салутирале од желба, немале да се откажат од лигата следната година, ниту пак ќе влегле голем дел од нив ќе влегле како партизани. :pivo2:
 
Добро од друго страна Романците можеле да не салутираат? Чисто бугарска работа е местењето на Левски и Македонија да не мешаме идеологија кога врска нема
 
КОМЕДИЈА ОД КУМАНИ ЗАПАД :facepalm:
филмови за по форуми, двете коцки во Аеродром..
( Тешка Аномалија Хумор левел Куманија )
И овој да не е у аеродром случајно?
 
Attachments

  • IMG_8329.jpeg
    IMG_8329.jpeg
    286,3 KB · Прегледи: 30
Интересен муабет начнаа @Saber Rider и @Resistencia. Кај нас генерално се сите десно, со повремени аполитични или леви групи/подгрупи. Ја сум повеќе за само клуб и ништо друго, политика надвор од трибини.

Али ако веќе има политика, би била интересна промена на клима да се оди повеќе во насока на цивилни идеи/општествено корисни тематики. Во смисла, наместо да е фокус на национална/етно основа, да се оди повеќе во насока на кревање свест околу проблеми што на сите им се заеднички (корупција, иселување, партизирано судство, паразитирачка јавна администрација, злоупотреба на институции и тн). Не е типична како идеја на тифо сцена кај нас во последниве 30 години, али како струја има корени овде и би била доста своја и зрела.

ФК Македонија како спортско друштво во 30ти и 40ти години (клуб кој после втора светска станува ФК Вардар), има управа која била про-фашистичка, додека тимот бил лево ориентиран, тренерот бил евреин Иле Шпиц. Во првата сезона во рамки на регионалната фашистичка лига, на ФК Македонија и иде доста добро и стига до последна утакмица која за титула ја игра со Левски на градски. Интересно е дека на стадионот има доста полиција, војска и митролески гнезда. Пошто ФК Македонија води, делегатите пробуваат да ја поништат утакмицата и почнува голем инцидент каде што цела трибина се судрува со полиција/коњаница (има снимка од утакмицата на Досие Скопје, не и од инцидентот). Радио-Лондон во тој период ја објавува оваа случка како прва територија која е ослободена во Источна Европа али е масовен неред. Следната година, ФК Македонија добива ултиматум: или да се смени името, или ќе бидат исклучени од лигата. Дечките во клубот едногласно одлучуваат да се откажат од лигата, и дел од фудбалерите се приклучуваат на партизаните. После војната, клубот се преименува во ФК Вардар, и на чело на тимот е Иле Шпиц (кој на утакмица со ОФК Београд 61ва поради голема возбуда дека Вардар тепа 3:0, умира од срцев удар на аут линија на градски). Буквално човекот животот го дал за клубот.

Зборот ми е, имаме тифо минато на здрава граѓа, и доста примери како навивачи или спортисти завземаат здрава позиција за свој интерес, без омраза и со дигнитет, и ја бранат со кичма (имаме и други примери за жал). Тоа не значи дека ако се дава внимание на општествено корисни тематики дека нема ривалство и се останато што го носат тифо водите, али ги прави групите позрели и озбилни.

Историски тифо движењата во нашиот регион се гледале како закана на системи и често истите пробувале да ги стават под контрола на државата. Познати примери се со Аркан кога е назначен како фигура во Делије крај на 80ти и почеток на 90ти, кога Делије почнуваат да пеат против системот. Он доаѓа и ги насочува во друг правец. Такви примери има еден куп од регионов, али за нив друг пат. Зборот ми е, добро е да се исклучи политика, али иако постои, да се оди кон здрава струја на политичко мислење.
Клубот се вика ФК Граѓански, а не ФК Македонија кога е основан во СХС, нема логика некој да ти дозволи во тоа време именување на клуб по термин кој е забранет. Преименуван е во ФК Македонија од Бугарите во 1941-ва, не затоа што многу не сакаат, туку бидејќи е единствен клуб од Македонија кој игра во тогашното бугарско првенство и со тоа да ја носи симболиката дека ете сега Македонија и припаѓа на Бугарија, плус да го избришат "српското" име на клубот. Лесно проверливо е ова на Гугл. По војната е донесена одлука од новите власти сите клубови да носат имиња по географски термини од тоа подрачје и затоа сме сите во принцип Вардар, Пелистер, Брегалница, Беласица, Тиквеш, Кожув, Осогово, Караорман... повторно, не дека сега па овие ја мразеле Македонија па го забраниле името на клубот, туку за да се избегнат непријатности кога утре клубот ќе оди на гостувања по другите земји од федерацијата некој да плука по терминот "Македонија", па кај нас да се јави чувство на сегрегација ради тоа. Обратно, таму каде што требало да се ствара заедништо меѓу три различни народи, во Босна, клубовите се именуваат ФК Сараево и КК Босна надевајќи се дека така ќе створат чувство на припадност пред се кај Србите и Хрватите кон тие термини и со тоа кон таа држава, место кон матичните.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom