Јас сум за и на македонски трибини да има што повеќе десничарски визуелни елементи. Чисто поради бунтовност и антисистем, но и да се покаже дека сме против сè што оди против нашата нација, раса, култура, вера и слично.
Интересен муабет начнаа
@Saber Rider и
@Resistencia. Кај нас генерално се сите десно, со повремени аполитични или леви групи/подгрупи. Ја сум повеќе за само клуб и ништо друго, политика надвор од трибини.
Али ако веќе има политика, би била интересна промена на клима да се оди повеќе во насока на цивилни идеи/општествено корисни тематики. Во смисла, наместо да е фокус на национална/етно основа, да се оди повеќе во насока на кревање свест околу проблеми што на сите им се заеднички (корупција, иселување, партизирано судство, паразитирачка јавна администрација, злоупотреба на институции и тн). Не е типична како идеја на тифо сцена кај нас во последниве 30 години, али како струја има корени овде и би била доста своја и зрела.
ФК Македонија како спортско друштво во 30ти и 40ти години (клуб кој после втора светска станува ФК Вардар), има управа која била про-фашистичка, додека тимот бил лево ориентиран, тренерот бил евреин Иле Шпиц. Во првата сезона во рамки на регионалната фашистичка лига, на ФК Македонија и иде доста добро и стига до последна утакмица која за титула ја игра со Левски на градски. Интересно е дека на стадионот има доста полиција, војска и митролески гнезда. Пошто ФК Македонија води, делегатите пробуваат да ја поништат утакмицата и почнува голем инцидент каде што цела трибина се судрува со полиција/коњаница (има снимка од утакмицата на Досие Скопје, не и од инцидентот). Радио-Лондон во тој период ја објавува оваа случка како прва територија која е ослободена во Источна Европа али е масовен неред. Следната година, ФК Македонија добива ултиматум: или да се смени името, или ќе бидат исклучени од лигата. Дечките во клубот едногласно одлучуваат да се откажат од лигата, и дел од фудбалерите се приклучуваат на партизаните. После војната, клубот се преименува во ФК Вардар, и на чело на тимот е Иле Шпиц (кој на утакмица со ОФК Београд 61ва поради голема возбуда дека Вардар тепа 3:0, умира од срцев удар на аут линија на градски). Буквално човекот животот го дал за клубот.
Зборот ми е, имаме тифо минато на здрава граѓа, и доста примери како навивачи или спортисти завземаат здрава позиција за свој интерес, без омраза и со дигнитет, и ја бранат со кичма (имаме и други примери за жал). Тоа не значи дека ако се дава внимание на општествено корисни тематики дека нема ривалство и се останато што го носат тифо водите, али ги прави групите позрели и озбилни.
Историски тифо движењата во нашиот регион се гледале како закана на системи и често истите пробувале да ги стават под контрола на државата. Познати примери се со Аркан кога е назначен како фигура во Делије крај на 80ти и почеток на 90ти, кога Делије почнуваат да пеат против системот. Он доаѓа и ги насочува во друг правец. Такви примери има еден куп од регионов, али за нив друг пат. Зборот ми е, добро е да се исклучи политика, али иако постои, да се оди кон здрава струја на политичко мислење.