Ако некој сака интересно четиво за историјата на хулиганизмот, релативно стара, али предобра: The Roots of Football Hooliganism, Eric Dunning и други.
Eрик Данинг е социолог што меѓу другото, ја изучува социолошката позадина на хулиганизмот. Во книгава, на кратко објаснува:
1. Хулиганизмот е често производ на работничките класи (историски гледано), каде што други извори на моќ или влијание (политичко, економско) се лимитирани. Во главном, овие слоеви имаат чувство на потреба за чест, репутација, и насилството е начин на добивање на истото, плус чувство на машкост, самодоверба.
На пример го гледаме тоа на форумов, дали читате пост од 2006та или 2026та, најголем дел од коментарите се исти: "вие сте пички, за разлика од нас, ние сме храбри" или "ние сме најјаки, вие стално бегате од нас". Во Украина и Русија, групи што немаат чест ги опишуваат како "девојчиња" (имаат и други зборови, али поентата е иста). Тоа е пошто репутацијата и чест е некој извор на самодоверба, и често е поважен од здравје ("боље да не истепаат него да избегаме").
2. Кога остатокот од општеството еволуира, и насилството се гледа како неприфатливо (на работа, на улица), стадионите се едни од ретките места каде што да се биде насилен е дел од културата (иако и тоа се менува). Хулиганизмот постои од 19ти век, каде што бил хаотичен (напади на судии, влегувања во терен), во организирана форма (група на група).
Преку истото, се добива чувство на лојалност, чест и почит од групата. Сите чуле за приказни во своите групи од типот на "нашиов Цветко им иде сам, они 10" и некогаш виделе по некоја таква ситуација. Или "oни му дојдоа, али он извади секира, луд е скроз" приказни. Тие се тие маалски легенди што од Македонија до било каде се исти, само форматот им е различен. Така ликови градат репутација во рамки на групата, и некое чувство на братство, припаѓање, статус, почит или како и да е, за себе и за групата. Може (а немора да значи) да нема идеален статус како продавач на прозори, али затоа во групата ќе има чувство како капетан на чета, дел од армија, чуван си, чуваш други.
3. Во групите има чувство на територијалност. "Кај смејат кај нас во град/населба да дојдат, ќе ги изеде помрачина". Ради тоа и многу често, гостовањата се најинтересни, бидејќи се некој тип на "посетување непријателска територија". Тоа го гледате и овде и во постови. Шверцери ставаат видеа од Дебар Маало, Комити се сликаат со шалови во Чаир, ЦПБ пред Јане Сандански, или Чкембари во Охрид. Идејата е "ние сме кај вас на територија, пошто сме храбри, а вас ве нема пошто сте п____." Сето ова е врзано за концепт на самодоверба и групен идентитет.
4. Хулиганизмот не е производ на дрога, алкохол, индивидуална патологија. Он е врзан со групни идентитети (чувство на припаѓање), машкост (што значи да си маж во 1981ва во Лондон, е различно од што значи да си маж во 2026та во Загреб на пример), државата и нејзините реакции, и историски контекст. На кратко, заклучокот им е дека контекстот кога на општеството се менува, се менува и хулиганизмот како концепт.
5. Хулиганизмот има непишани кодекси (кој да се нападне, до каде да се оди, кога, зошто, и сл.). И тие кодекси се менуваат од генерација на генерација, град до град, и држава до држава. Истиот цвета кога мажите се релативно маргинализирани, не сигурни во својот статус, и полицијата ги третира групите со доза на антагонизам (што често ги прави групите повеќе обединети).
За крај, насилството се намалува преку време, како што еволуираат општествата, поради поголема свест и самоконтрола, поголема меѓу-зависност на луѓето едни со други, државна интервенција. И обратно, оди во поинтензивна насока како што деволуираат некои општествени елементи (на пример Југославија крај на 80ти, почеток на 90ти).
