ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
Imam edno prasanje i prethodno vidov slika od ovie ama neznaev koi se ama sega gledam stip ako se sekjavam dobro neli na falanga stip im padna glaven transparent od komiti?
Поделени се , мала група ќе речеш ама Банда Штип се едно Фаланга се други,двете заедно бројат не повеќе од 50 навивачи.
 
Не ми се верува дека поминале повеќе од 16 години од инцидентот во Нерези.
Утакмицата беше една недела по оној легендарен дуел со Тетекс на Градски, кога имаше официјално збратимување со Војводи и второ полувреме во кое се навиваше на страшно невреме. Можеби најлудо навивање од двете групи.
Претходните години Комити беа во слободен пад, поради поделбите од почетокот на милениумот, неколку партиски водачи кои веќе прекинуваа со навивачка активност и од пред година-две за прв пат се појавија едни нови генерации, подгрупи, млади членови од кои повеќето играа главна улога во иднина во групата (да не речам сите од Екипа Корео), а дел се активни во организацијата до ден денешен.
Нешто што ми фали од тоа време беа баш овие собири со долги кортеа до стадион, да те види цел град.
Не се сеќавам зошто собирот беше на игралиштето кај мостот "Обединети нации", ама мислам дека идејата беше баш таа, да имаме јако кортео (плус голем дел од членството доаѓаше од Карпошите).
Вардар беше преслаб, ако не се распаднеа Ѓорче (како актуелен шампион и Слога таа сезона, сигурно отпаѓавме).
Надвор тешка жештина, лека полека се собиравме од сите страни на игралиштето. Колку што ме држи сеќавање бевме над 200 луѓе. Таман пред да се тргне, стигаше една група помлади членови од страната на Каскада во Нерези. Се дигна галама дека некои локалци фрлале со камења по нив и скандирале Пуши Вардар.
Во тој период Шверцери имаа подгрупа во Нерези (воџа им беше еден Д***м). Членство со кое често се млатевме и ги чекавме после утакмици и стварно не знам како се враќаа од Чаир, затоа што ретко ги начекувавме. Имаше ситуации и ние кога тепавме и они кога тепаа. Тие години Зеф Љуш Марку ги префрлија во Карев или во ГУЦ, а тука беа префрлени и фискултурно ради реновирање на школите. Имаше ќотеци цело време. Како најава за Вардар-Слога беа претепани цел клас на автобуска. И они правеа многу бељи. Еднаш влегоа на терен на Алумина-Шкендија Арачиново, го бркаа домашните играчи до соблекувална.
Муабетот ми е дека имаа навивачи во тој дел на Скопје, кои беа добро организирани, не како поединци како во моментов.
Откако се крена галама, ко што кажа братот погоре, имаше јуриш од 200 луѓе накај тие што провоцираа. Кога дојдовме на другата страна на мостот, имаше копиљана и десетина возрасни од кои едниот беше спремен за тепање, држеше буквално една карпа во раката.
Тој е единствен што изеде саглам ќотек, бидејќи не бегаше, додека другите фатија магла.
Е тука веќе беше општ хаос, они бегаа по куќите, од дворови фрлаа со камења, не очекуваа дека ќе се влегува по дворовите. Од џамијата почнаа да излегуваат со секири и да прават контра удар. Не се знаеше кој јаде, кој пие.
Во мешаницата некои од нашиве испија камења од тие што гаѓаа од позади, френдли фајр :D
Севкупно Шверцери Нерези и локалците бегаа и го извлекоа подебелиот крај.

Иако беше хаос, немаше нешто посебно за издвојување во смисла на јака тепачка, тешко повредени итн.
Дојде полиција од сите страни и лагано си заминавме накај Ѓорче. Во тој период имавме често такви брканици со Шверцери (сум пишувал за брканицата кај Континентал кога гостувавме со Металург, која донесе уште поголем хаос) и никој не го сфати сериозно.
Ама ДУИ не мислеа така и максимално го искористија тоа да се претстават како жртви.
Влеговме на стадион како ништо да не се случило. Лавови не навиваа, беа во бојкот некој против управата. Штом настана инцидентот, нивни членови одма со мотори дојдоа на помош кај мостот. На трибина 100 степени, добро навивање, а Вардар губеше 5-0 на полувреме. За да не цркнеме, ни пуштија црева за да пиеме вода позади головите.
Никој немаше поим што се случува по инцидентот. Тогаш немаше интернет на телефоните за да може да се информираме. Ми ѕвони татко ми на полувреме и вика ШТО СТЕ НАПРАВИЛЕ, ВЕ ЧЕКААТ ЦЕЛО НЕРЕЗИ, ЦЕЛА ПАРТИЗАНСКА Е БЛОКИРАНА, сега даваат на вести како сте тепале стари жени. Лека полека стигаат вестите од полицијата и добиваат наредба желките одма да не извадат од стадион. Второ полувреме не го ни дочекуваме и цела група со придружба на желки се носи од Ѓорче до Центар по Теодосиј Гологанов.
Дел од водството оди на директна пресметка со блокадерите и таму е тоа видео каде што трчаат они вооружени.
БЕЗ НИКАКВА РЕАКЦИЈА ОД ПОЛИЦИЈАТА, се дозволи да претепаат случаен минувач кој си возел со точак по мостот, само затоа што е македонец. После ден два истепаа и наш член во Чаир, го чекаа пред куќа. Тројца го нападнаа, едниот го имаше зденато прв со бокс, дека воочил што му се спрема. Никој не одговараше. Тие што го блокираа мостот, освен локалното население, беа и донесени со комбиња рекетари на ДУИ од Чаир и Тетово.
Имаа ставено контејнери и не даваа да се помине.

Веселото дојде по инцидентите. Со наместени снимки од наводни тепани жени и деца, со вртење на слики од војната во Косово во 99-та, прикажаа дека Комити направиле масакр врз месното население. Никаде не беа споменати ниту Шверцери, ниту првичните провокации, ниту дека двете страни фрлаа камења, ниту за нивното носење оружје.
Се организираа дебатни емисии на теми соживот, сите медиуми не распнаа. Ударна тема беше инцидентот со недели на сите вести. Сите албански политички партии го осудија инцидентот, бараа секакви казни. Нашите ќутеа ко пички, Стевче како градоначалник на Карпош нешто релативизираше по телевизии. Имаше и видеа со интервју од наши членови, само на ова налетав сега.

Оној Јофе охриѓанецот што имаше емисија на А1, тогаш беше новинар во зачеток и водеше блог. Вадеше постови наши од форумов за да не претстави во најлошо светло. Лигуш невиден.
Тука на форумов исто беше калакурница, се оправавме за инцидентите, летнавме на бан по месец дена :D
Секаде не биеше лош глас и медиумски не убија. Мајка ми не ми веруваше дека не сме тепале жени и деца, цела закачалка ми ја искрши од глава кога дојдов дома. Додека и објаснам дека врска нема тоа од медиумите, веќе ми ја трасна од глава :D

И секако, најинтересното дојде некое време по инцидентот. Ако добро ја памтам бројката, неколку наши членови заработија кривични пријави и парична казна од вкупно 30.000 евра, поради јавниот притисок и желбата на тогашната власт да ги контролира и малтретира групите. Тогаш шпоните ја имаа РАЗБУДИ СЕ, како невладина организација која им ги бркаше работите за пред медиуми.
Години и години судски процеси, превари со адвокати, собирање парични средства барем во 20-тина наврати во тек на многу години. Буквално десет години не можеше групата да се опорави од овие парични казни, заедно со тие од Кале.

Во знак на протест, некоја недела по инцидентите се одржа голем протест во кој поддршка дадоа повеќе навивачки групи (сите скопски и неколку од страна). Се потпиша и некаков кодекс меѓу македонските навивачки групи, кој во иднина никакво значење немаше. Се маршираше од Бристол до фонтана во парк, со круг преку собрание. Единствено се пееше пред влада, кога грмна Излези момче. Имаше еден куп добри пароли, со ударни мотиви од користењето оружје на Албанците и селективноста во законите.
ЈА НЕ ЗНАМ, парола која мислам дека ја носев јас :D Поврзана со изјавите на спротивната страна, сите биле во подрум, ништо не знаат.
zaboravi da go dopolnis,igranjeto fudbal so mvr beshe kako ucena od brklata da ne gi zatvorat site clenovi so prijavi sto bea od nerezi
 
ГОДИНАТА КОМИТСКИ ПОМИНАТА!

Западната трибина упатува честитки по повод Божиќните празници!

Годината што помина, ја одбележаа многу предизвици, но групата сепак успеа да го задржи посакуваното темпо зацртано уште на самиот почеток!

Изработени беа вкупно 13 кореографии и 15 пиро-спектакли, изданија кои ќе сведочат за моќта и континуитетот на групата!

Беше кренато најголемото цртано покривно знаме во историјата на групата, најголемото покривно знаме на цел стадион, а покрај тоа беа изведени голем број на комплицирани изданија, кои треба да бидат дополнителен поттик за уште поголема организираност и развој на групата!

Успехот на групата се должи на секој кој е дел од комитскиот коп, на секој кој заедно со сите останати другари во стројот стои и заедно со нив се труди и бори за подобро утре, како за клубот така и за групата!

Најавуваме уште многу нови спектакли, уште многу нови комитски изданија, но за сето тоа е потребно обединување на сите комитски сили. Мобилизацијата не смее да сопре по ниту една цена. Заедно за Вардар, кон нови успеси!

Еден живот - една љубов!
Обединети за Вардар!
FB_IMG_1767733581623.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom