ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
Чкембари Стив Наумов ви посакуваат среќна Нова 2026 година ☘
И смештај не ни требИТ најдовме :)
Прегледај го приврзокот 465403Прегледај го приврзокот 465404Прегледај го приврзокот 465405Прегледај го приврзокот 465406
Ова поголема акција од на $ кога честитаа нова година од Западна трибина.
Мак Тифо бр.1 :semolam:
 
Ова поголема акција од на $ кога честитаа нова година од Западна трибина.
Мак Тифо бр.1 :semolam:
Боо се изнапукаја комплексите на цел форум за неколку деца шо се сликаја со реквизит
 
IMG-20251231-WA0053.jpg

Среќна нова 2026 година!
Новогодишен и Божиќен попуст од 20% на сите производи објавени до Ноември 2025 година.
Попустот важи од сега па се до Богојавление Водици.
 
Интересно искуство имав на Локомотив Лајпциг пред некоја година на небитна утакмица скроз али за 2 кола беше дербито со Чемие Лајпциг ,коп 300 400 луѓе навивање цела утакмица добри песни добри мелодии , на влез на трибина кај нив дојде еден дечко од прва екипа каде предупреди да нема сликање фаци никако инаку проблем па после уз муабет дознав дека пред некоја година некој блогер снимал на трибина кај нив па имало тежок инцидент со многу уапсени и се многу ригорозни во врска со тоа што за мене е скроз океј , исто така бев 4 лига на Мунстер исто страшно навивање и добра бројка за 4 лига , сега Мунстер гледам и до 2 лига изгураа .
Уште по фасцинантно е што екипите од Лајпциг играат регионална лига,а стадионите им се најчесто полни сезонава.
 
Ако некој сака интересно четиво за историјата на хулиганизмот, релативно стара, али предобра: The Roots of Football Hooliganism, Eric Dunning и други.

Eрик Данинг е социолог што меѓу другото, ја изучува социолошката позадина на хулиганизмот. Во книгава, на кратко објаснува:

1. Хулиганизмот е често производ на работничките класи (историски гледано), каде што други извори на моќ или влијание (политичко, економско) се лимитирани. Во главном, овие слоеви имаат чувство на потреба за чест, репутација, и насилството е начин на добивање на истото, плус чувство на машкост, самодоверба.

На пример го гледаме тоа на форумов, дали читате пост од 2006та или 2026та, најголем дел од коментарите се исти: "вие сте пички, за разлика од нас, ние сме храбри" или "ние сме најјаки, вие стално бегате од нас". Во Украина и Русија, групи што немаат чест ги опишуваат како "девојчиња" (имаат и други зборови, али поентата е иста). Тоа е пошто репутацијата и чест е некој извор на самодоверба, и често е поважен од здравје ("боље да не истепаат него да избегаме").

2. Кога остатокот од општеството еволуира, и насилството се гледа како неприфатливо (на работа, на улица), стадионите се едни од ретките места каде што да се биде насилен е дел од културата (иако и тоа се менува). Хулиганизмот постои од 19ти век, каде што бил хаотичен (напади на судии, влегувања во терен), во организирана форма (група на група).

Преку истото, се добива чувство на лојалност, чест и почит од групата. Сите чуле за приказни во своите групи од типот на "нашиов Цветко им иде сам, они 10" и некогаш виделе по некоја таква ситуација. Или "oни му дојдоа, али он извади секира, луд е скроз" приказни. Тие се тие маалски легенди што од Македонија до било каде се исти, само форматот им е различен. Така ликови градат репутација во рамки на групата, и некое чувство на братство, припаѓање, статус, почит или како и да е, за себе и за групата. Може (а немора да значи) да нема идеален статус како продавач на прозори, али затоа во групата ќе има чувство како капетан на чета, дел од армија, чуван си, чуваш други.

3. Во групите има чувство на територијалност. "Кај смејат кај нас во град/населба да дојдат, ќе ги изеде помрачина". Ради тоа и многу често, гостовањата се најинтересни, бидејќи се некој тип на "посетување непријателска територија". Тоа го гледате и овде и во постови. Шверцери ставаат видеа од Дебар Маало, Комити се сликаат со шалови во Чаир, ЦПБ пред Јане Сандански, или Чкембари во Охрид. Идејата е "ние сме кај вас на територија, пошто сме храбри, а вас ве нема пошто сте п____." Сето ова е врзано за концепт на самодоверба и групен идентитет.

4. Хулиганизмот не е производ на дрога, алкохол, индивидуална патологија. Он е врзан со групни идентитети (чувство на припаѓање), машкост (што значи да си маж во 1981ва во Лондон, е различно од што значи да си маж во 2026та во Загреб на пример), државата и нејзините реакции, и историски контекст. На кратко, заклучокот им е дека контекстот кога на општеството се менува, се менува и хулиганизмот како концепт.

5. Хулиганизмот има непишани кодекси (кој да се нападне, до каде да се оди, кога, зошто, и сл.). И тие кодекси се менуваат од генерација на генерација, град до град, и држава до држава. Истиот цвета кога мажите се релативно маргинализирани, не сигурни во својот статус, и полицијата ги третира групите со доза на антагонизам (што често ги прави групите повеќе обединети).

За крај, насилството се намалува преку време, како што еволуираат општествата, поради поголема свест и самоконтрола, поголема меѓу-зависност на луѓето едни со други, државна интервенција. И обратно, оди во поинтензивна насока како што деволуираат некои општествени елементи (на пример Југославија крај на 80ти, почеток на 90ти).

The Roots.jpg
 
Некој од комити кој бил во случката или знае детални работи да раскаже нешто.Онака дискусија додека е паузата
 
Некој од комити кој бил во случката или знае детални работи да раскаже нешто.Онака дискусија додека е паузата
Две посебни случки се во еден ден. Вардар игра во гости со Македонија Ѓорче Петров, и Комити се собираат на игралиштето до мостот (мислам Обединети Нации). Лабава утакмица, собирот е релативно рано.

Првиот инцидент се случи пред утакмицата. Јас бев дел од мала група што идеше од Аеродром/Маџир Маало. Со мислам 22ка, одиме од Железничка до кулите во Карпош, до трговскиот. Се симнуваме од автобус 6-7 души, и идеме накај мостот и поминуваме покрај група исто млади деца (се бевме дечурлана во тој период) и се разминуваме со нив и стигнуваме кај игралиштето. Таа група ни беше интересна, бидејќи седеа на автобуска постројка, али се приметуваше дека таму не им е место (некои беа на веспи). Во тој период (незнам како е сега, пошто ова е скоро пред 20 години), за контекст, имаше група на Шверцери од Нерези.

После 10 минути од кога стигаме на игралиштето, ни доаѓаат две деца (13-14 години) од една подгрупа од Карпош, што ни кажуваат на истата локација од каде што поминавме (кај трговскиот пред кулите), ги нападнале кај автобуската. Како што почнува беља, никој не прашува што и како, пола од тие што бевме собрани кај игралиштето се враќаме назад (група од 40 деца, скро се е под 18). Ги гледаме истиве момци од предходно, прво седеа во место, али од кога приметија дека сме поголема група, почнаа да бегаат. Некои влагаа по дворови низ куќите, некои по дуќани и уличките од страната на Нерези. Ние без многу памет, тргаме по нив.

Проблемот е што на истите места каде што бегаа и влагаа, имаше локалните жители (во куќи, дуќани, кладилници), така да кога они гледаа како доаѓа толпа со камења, дрва или што и да е, одреагираа дефанзивно пошто си викаат што мајка бараат децава со артикли. Вистината е дека се тргна по групата што тргнаа по шалови. И наместо со Шверцери, првиот инцидент беше меѓу локални дуќанџии и Комити (просечна возраст 15 на Комити). Траеше релативно кратко, пошто полиција дојде доста брзо (веќе беа во близина, пошто локацијата за собир беше јавна) и тоа беше тоа. Имаше неколку коли искршени, али немаше некои посериозни повреди, повеќе беше галама и глупост без многу памет. Од кога дојде полиција, се вративме на игралиштето и се зголеми бројката, па се тргна на утакмица. Утакмицата завршува (не ми текнува резултат). На враќање ни кажуваат дека Шверцери се собираат кај мостот.

Вториот инцидент е тој од видеото. На враќање, најголем дел од групата не испратија преку друга насока (ЕБР) и ни кажаа дека мостот Обединети Нации е блокиран. Некои од постарите се одделија пошто мислеа дека ќе се сретнат со Шверцери. Арно ама, перцепцијата на дуќанџиите (а и тоа беше некоја медиумска фама тој период) е дека Комити дошле да напаѓаат Албанци во Нерези, што беше чиста глупост, и во револт беа собрани поголема група на мостот (со веројатно и Шверцери, ако има некој од Нерези може да каже од нивна страна како изгледало се). И вториот инцидент е тој од видеото.

Во главном доста глупи инциденти (и едниот и другиот).
 
Некој од комити кој бил во случката или знае детални работи да раскаже нешто.Онака дискусија додека е паузата
Нај анти македонска телевизија во тој период. Не гледаа која навивачка група е, битно да е македонска, и секогаш се најлошо се зборуваше за навивачите, без разлика дали комити или чкембари :)) Многу постари јаделе казни , по 10+ затвор итн... многу гнасни беа А1 тие години, сам гледаш деца и жени се спомнати, а имаш шипурки со секири :))) Ова е вака од страна јас што знам преку пријатели за повеќе Saber за тој период е запознаен :)))
 
Нај анти македонска телевизија во тој период. Не гледаа која навивачка група е, битно да е македонска, и секогаш се најлошо се зборуваше за навивачите, без разлика дали комити или чкембари :)) Многу постари јаделе казни , по 10+ затвор итн... многу гнасни беа А1 тие години, сам гледаш деца и жени се спомнати, а имаш шипурки со секири :))) Ова е вака од страна јас што знам преку пријатели за повеќе Saber за тој период е запознаен :)))
10 години затвор и присилен труд на Голи Оток. :D Никој не лежел за ова, ти прават филмови по малце.
 
Абе никој не лежел, ама 6 кривични , условни казни , + оштета 18.000 еуро , беше уплатено, средства кои групата ги собираше сама. Наместо корео и бакли , често дававме пари за Нерези.
Иначе , случајот доби политичка и меѓуетничка димензија па затоа со тој карактер , со медиумската фама , пресудите се такви какви што се .
 
Абе никој не лежел, ама 6 кривични , условни казни , + оштета 18.000 еуро , беше уплатено, средства кои групата ги собираше сама. Наместо корео и бакли , често дававме пари за Нерези.
Иначе , случајот доби политичка и меѓуетничка димензија па затоа со тој карактер , со медиумската фама , пресудите се такви какви што се .
Така е, тој период имаше медиумска хајка, казни, па покасно и промени на закон (закон за спречување насилство на спортски натпревари, што важи до ден денес), али има море разлика меѓу пријава плус парична казна и 10 години затвор. Тоа го пишува и ликот од книгата погоре (Ерик Данинг): дека често описите во медиуми за што се случува околу стадион се надувуваат за продажба на тираж, и дека насилството е почесто симболично/ритуално, одколку право насилство и за мене Нерези е таков пример.

Друг ваков пример е текстов подоле. Иако има дел вистина во него (поготово околу сцената во Србија), има и дел описи за Македонија што се интересни:

"In North Macedonia, Skopje-based hooligan groups Komiti and Svercerat are known to sell drugs and smuggle arms, which helps finance other illicit activities." - Комити и Шверцери се групи познати по дилање дрога и шверцање оружје, кои што ги користат за финансирање нелегални активности. Сега ми е јасно од каде ви се на вас толку пари за графити и кореографии. :pivo2:
 
Абе никој не лежел, ама 6 кривични , условни казни , + оштета 18.000 еуро , беше уплатено, средства кои групата ги собираше сама. Наместо корео и бакли , често дававме пари за Нерези.
Иначе , случајот доби политичка и меѓуетничка димензија па затоа со тој карактер , со медиумската фама , пресудите се такви какви што се .
Za shto se davalo pari? Jas kako sto pamtam nisto ne se sluci osven sto frlivme po nekoj kamen nakaj dvorovite i poslenutakmica oni ne presretnaa i se povlekovme. Prvpat slusam za kazni osven sto uapsia 2-3ca vo gjorce pred ili posle utakmica ne mi teknuva bas
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom