ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
За жал гроундхопингот, ултрас културата и воопшто спортската култура се на многу ниско ниво кај нас, што од лошиот спорт, што од немаштија, што од други приоритети но нејсе. Од 2016 до 2024 живеев во Германија и искрено нема подобра западна земја за да се заразиш со тифо култура.
Во Германија бев скоро редовен на Ајнтрахт Франкфурт (кога и да најдев карта),а две сезони преку познаник од Босна имав и сезонска карта за NWK трибината каде што се сместени разно разните ултрас групации од Франкфурт. Интересно е што на оваа трибина како членови на ултра групациите можеш да сретнеш од доктори, професори до наркомани, криминалци, алкоси како едно до едно гушнати пејат и пијат. Инаку самите утакмици се спектакл и мора да си испланираш цел ден поради гужвите но исто понудата на забава во и околу стадионот и за деца и за возрасни е огромна. Пред стадионот има разни тезги со пиво, колбаси и переци. Исто има неколку кои ги држат самите ултрас франкфурт, па сиот профит од нив се донира за групата. Исто ултрасите имаат пред влезот на стадионот контејнери за донации преку кои се финансираат кореографиите. Инаку самите УФ97 се поделени на неколку подгрупи од кои дел од нив имаат сопствени задачи како на пример Биндинг Сцене кои се задолжени околу креативниот дел како графити и кореографии, Дроогс ФФМ кои ја водат групата од правен аспект, прават ПР ,ги водат форумите и ги организираат состаноците на групата и Бригаде Насау кои се задолжени за проблемите, како бранење на трансови, пиротехника, bare knuckle тепачки итд. Исто овие подгрупи се поделени на уште помали групации преку кои се организираат гостувањата. И уште нешто доста интересно се изненадив колку наши дијаспорци претежно таму родени можеш да начекаш да одат со Ултрас Франкфурт 97, најголем дел од источна Македонија, но и од Битолско-Охридскот крај.
Покрај Франкфурт, сум ги посетил скоро сите стадиони во покраината Хесен од 1 до 4 лига, Дармштад од тука ќе ги издвојам како група и воопшто атмосфера што позитивно ме изненади.
Исто сум бил долж попреку по скоро сите поголеми фудбалски градови кои вредат да се посетат. Од Кајзерслаутерн на запад (најзаебан гостински блок, бидејќи е премногу стрмен), до Динамо Дрезден на исток и од Баерн Минхен (иако атмосферата е далеку подобра и "понародска" на Минхен 1860) до Хамбург и Росток на север. Стадиони според мене кои вредат да се посетат, апсолутно на Шалке, А. Франкфурт, Кајзерслаутерн, Хамбург, Ханза, Динамо Дрезден, Минхен 1860, Дармштад. Од друга страна преценети стадиони и за жал искомецијализирани се Алианц Арена и Сигнал Идуна Парк. Две дербиња кои не се познати кај нас а атмосферата е лудило е Брауншвајг - Хановер и според мене најподеленото дерби во Германија Локомотива Лајпциг против Хеми Лајпциг, за 8-10€ добивате лудило. Имено Локо се повеќе десно ориентирани, а Хеми се лево ориентирани искрено никогаш не знаев дека градот е до толку поделен и до толку би се мразеле германците меѓу себе.
Исто и по европа имам јаки причи и сум посетил стадиони во Холандија (Волендам, Венло, Емен, Фортуна Ситард), Белгија (Стандард Лиеж, Андерлехт), Шпанија (Реал Сосиедад, Атлетик Билбао, Алавес), Австрија (скоро сите сум ги посетил но најмногу впечаток ми оставиле Австрија Салцбург и Рапид Виена), Шведска (исто позитивно изненадување дербито АИК - Јургорден, по нашки Џургарден),Италија (исто одлична земја за љубителите на тифото), Чешка (Спарта и Славија) и нормално скоро цел балкан и огромен дербиња било фудбал или кошарка(во Србија и Грција).
Да знае жена ми колку пари сум оставил на фудбал и генерално спорт ќе ме исфрли од дома. Желба голема ми се Марсеј - ПСЖ и Лион - Ст. Етиен но за жал не можев никако да дојдам до карта. Али следно би сакал малце на исток да се префрлам во земји како Полска и да се среди ситуацијата Русија обавезно, па од Русија слушнавме прича, ако некој има нешто од Полска да сподели би сакал да прочитам.
Ви посакувам на сите среќна и успешна 2026 и честит Божиќ.
ПС.Доколку планирате посета на Германија и сакате фудбал екипи каде што за евтини пари и наједноставно може да најдете карта преку нивниот сајт се: Мајнц, Хофенхајм, РБ Лајпциг, Леверкузен и Волфсбург од Бундеслига 1 и Херта од Бундеслига 2.
Ретко добар текст да се прочита од перспективу на македонче (ако земемо у обзир дека ултра менталита е ретка и мала куде нас, брате ти гу имаш) . :)
Убаво објаснето у кратки црте куде што се доловуе осеќај кој га имаш доживено, још кд би мааал дел групе имале од тој све куде нас, било би довољно.
Али куде живимо како функционирав работе куде нас.. далеко смо. Свакако добар текст и вреди да се прочита за да се едуцирав голем број на членови на форум, како функционирав групе.
Порано имаше сајт куде што имаше добри текстови мислу дека мактифо мк беше, (не сам сигуран за име) за жал кратко време беше у функцију али недељно имаше текстови кои бесва у овј контекст, од лични видувања и што е менталитет на навивача.
Јер и даље е карактеристика куде нас дека су навивачи клошари, без работу, деца без мозак. ... ИТД...
Среќна Нова и све најбоље! :ајнапиво:
Автоматски споено мислење:

Навивачкиот свет е чуден за оние што не го живеат!
Наш свет је суров и посебан, обичном човеку не доступан :ајнапиво:
 
За жал гроундхопингот, ултрас културата и воопшто спортската култура се на многу ниско ниво кај нас, што од лошиот спорт, што од немаштија, што од други приоритети но нејсе. Од 2016 до 2024 живеев во Германија и искрено нема подобра западна земја за да се заразиш со тифо култура.
Во Германија бев скоро редовен на Ајнтрахт Франкфурт (кога и да најдев карта),а две сезони преку познаник од Босна имав и сезонска карта за NWK трибината каде што се сместени разно разните ултрас групации од Франкфурт. Интересно е што на оваа трибина како членови на ултра групациите можеш да сретнеш од доктори, професори до наркомани, криминалци, алкоси како едно до едно гушнати пејат и пијат. Инаку самите утакмици се спектакл и мора да си испланираш цел ден поради гужвите но исто понудата на забава во и околу стадионот и за деца и за возрасни е огромна. Пред стадионот има разни тезги со пиво, колбаси и переци. Исто има неколку кои ги држат самите ултрас франкфурт, па сиот профит од нив се донира за групата. Исто ултрасите имаат пред влезот на стадионот контејнери за донации преку кои се финансираат кореографиите. Инаку самите УФ97 се поделени на неколку подгрупи од кои дел од нив имаат сопствени задачи како на пример Биндинг Сцене кои се задолжени околу креативниот дел како графити и кореографии, Дроогс ФФМ кои ја водат групата од правен аспект, прават ПР ,ги водат форумите и ги организираат состаноците на групата и Бригаде Насау кои се задолжени за проблемите, како бранење на трансови, пиротехника, bare knuckle тепачки итд. Исто овие подгрупи се поделени на уште помали групации преку кои се организираат гостувањата. И уште нешто доста интересно се изненадив колку наши дијаспорци претежно таму родени можеш да начекаш да одат со Ултрас Франкфурт 97, најголем дел од источна Македонија, но и од Битолско-Охридскот крај.
Покрај Франкфурт, сум ги посетил скоро сите стадиони во покраината Хесен од 1 до 4 лига, Дармштад од тука ќе ги издвојам како група и воопшто атмосфера што позитивно ме изненади.
Исто сум бил долж попреку по скоро сите поголеми фудбалски градови кои вредат да се посетат. Од Кајзерслаутерн на запад (најзаебан гостински блок, бидејќи е премногу стрмен), до Динамо Дрезден на исток и од Баерн Минхен (иако атмосферата е далеку подобра и "понародска" на Минхен 1860) до Хамбург и Росток на север. Стадиони според мене кои вредат да се посетат, апсолутно на Шалке, А. Франкфурт, Кајзерслаутерн, Хамбург, Ханза, Динамо Дрезден, Минхен 1860, Дармштад. Од друга страна преценети стадиони и за жал искомецијализирани се Алианц Арена и Сигнал Идуна Парк. Две дербиња кои не се познати кај нас а атмосферата е лудило е Брауншвајг - Хановер и според мене најподеленото дерби во Германија Локомотива Лајпциг против Хеми Лајпциг, за 8-10€ добивате лудило. Имено Локо се повеќе десно ориентирани, а Хеми се лево ориентирани искрено никогаш не знаев дека градот е до толку поделен и до толку би се мразеле германците меѓу себе.
Исто и по европа имам јаки причи и сум посетил стадиони во Холандија (Волендам, Венло, Емен, Фортуна Ситард), Белгија (Стандард Лиеж, Андерлехт), Шпанија (Реал Сосиедад, Атлетик Билбао, Алавес), Австрија (скоро сите сум ги посетил но најмногу впечаток ми оставиле Австрија Салцбург и Рапид Виена), Шведска (исто позитивно изненадување дербито АИК - Јургорден, по нашки Џургарден),Италија (исто одлична земја за љубителите на тифото), Чешка (Спарта и Славија) и нормално скоро цел балкан и огромен дербиња било фудбал или кошарка(во Србија и Грција).
Да знае жена ми колку пари сум оставил на фудбал и генерално спорт ќе ме исфрли од дома. Желба голема ми се Марсеј - ПСЖ и Лион - Ст. Етиен но за жал не можев никако да дојдам до карта. Али следно би сакал малце на исток да се префрлам во земји како Полска и да се среди ситуацијата Русија обавезно, па од Русија слушнавме прича, ако некој има нешто од Полска да сподели би сакал да прочитам.
Ви посакувам на сите среќна и успешна 2026 и честит Божиќ.
ПС.Доколку планирате посета на Германија и сакате фудбал екипи каде што за евтини пари и наједноставно може да најдете карта преку нивниот сајт се: Мајнц, Хофенхајм, РБ Лајпциг, Леверкузен и Волфсбург од Бундеслига 1 и Херта од Бундеслига 2.
Знам дека форумов претежно е анонимен, но би сакал да стапиме во контакт, па ќе ти пишам ПП. Иначе сум граундхопер од МК, меѓу првите и ако не прв во Македонија со ваков интензитет. Сакам да ја доближам граундхопинг културата во МК, и за среќа засега добивам позитивни реакции и желба да ми се придружат.

За атмосферата можам само да потврдам, најдобар баланс меѓу квалитетен фудбал и искуство на натпревар има во Германија. Од дерби во Германија само сум бил на Хамбург - Сент Паули, и беше предобро искуство. Имам посетено 8 стадиони во Германија, претежно најпознатите, но би сакал малку да прошетам и во 2/3 лига.

Ае согласувам дека сѐ што е комерцијализирано и популарно на соц. Медиуми, воопшто не е толку добро.

Имам многу дербиња што сакам да ги посетам низ Европа, само е комплицирано за организација кога се датумите и треба бааги пари.

Сепак, за Германија, Холандија, Белгија, Данска, Шведска, само пофални зборови за процентот на посетеност, фудбалската култура, традиција со фамилијата и пријателите, како и релативно натпревари кои се без посериозни инциденти, што поради свесноста на луѓето, што поради законите, казните и сигурносните мерки.

Да се престане со бесцелни напади на поединци, договрени тепања кои не носат ништо, а повеќе да се стави фокус на кореографии, пиротехника, песни, посетеност, хуманитарни акции, и фудбалот дефинитивно би привлекол уште повеќе луѓе на стадион, само треба многу работа, маркетинг и активности (штандови, фан зони, реквизити). Квалитетот на фудбалот може да биде во втор план :)
 
За жал гроундхопингот, ултрас културата и воопшто спортската култура се на многу ниско ниво кај нас, што од лошиот спорт, што од немаштија, што од други приоритети но нејсе. Од 2016 до 2024 живеев во Германија и искрено нема подобра западна земја за да се заразиш со тифо култура.
Во Германија бев скоро редовен на Ајнтрахт Франкфурт (кога и да најдев карта),а две сезони преку познаник од Босна имав и сезонска карта за NWK трибината каде што се сместени разно разните ултрас групации од Франкфурт. Интересно е што на оваа трибина како членови на ултра групациите можеш да сретнеш од доктори, професори до наркомани, криминалци, алкоси како едно до едно гушнати пејат и пијат. Инаку самите утакмици се спектакл и мора да си испланираш цел ден поради гужвите но исто понудата на забава во и околу стадионот и за деца и за возрасни е огромна. Пред стадионот има разни тезги со пиво, колбаси и переци. Исто има неколку кои ги држат самите ултрас франкфурт, па сиот профит од нив се донира за групата. Исто ултрасите имаат пред влезот на стадионот контејнери за донации преку кои се финансираат кореографиите. Инаку самите УФ97 се поделени на неколку подгрупи од кои дел од нив имаат сопствени задачи како на пример Биндинг Сцене кои се задолжени околу креативниот дел како графити и кореографии, Дроогс ФФМ кои ја водат групата од правен аспект, прават ПР ,ги водат форумите и ги организираат состаноците на групата и Бригаде Насау кои се задолжени за проблемите, како бранење на трансови, пиротехника, bare knuckle тепачки итд. Исто овие подгрупи се поделени на уште помали групации преку кои се организираат гостувањата. И уште нешто доста интересно се изненадив колку наши дијаспорци претежно таму родени можеш да начекаш да одат со Ултрас Франкфурт 97, најголем дел од источна Македонија, но и од Битолско-Охридскот крај.
Покрај Франкфурт, сум ги посетил скоро сите стадиони во покраината Хесен од 1 до 4 лига, Дармштад од тука ќе ги издвојам како група и воопшто атмосфера што позитивно ме изненади.
Исто сум бил долж попреку по скоро сите поголеми фудбалски градови кои вредат да се посетат. Од Кајзерслаутерн на запад (најзаебан гостински блок, бидејќи е премногу стрмен), до Динамо Дрезден на исток и од Баерн Минхен (иако атмосферата е далеку подобра и "понародска" на Минхен 1860) до Хамбург и Росток на север. Стадиони според мене кои вредат да се посетат, апсолутно на Шалке, А. Франкфурт, Кајзерслаутерн, Хамбург, Ханза, Динамо Дрезден, Минхен 1860, Дармштад. Од друга страна преценети стадиони и за жал искомецијализирани се Алианц Арена и Сигнал Идуна Парк. Две дербиња кои не се познати кај нас а атмосферата е лудило е Брауншвајг - Хановер и според мене најподеленото дерби во Германија Локомотива Лајпциг против Хеми Лајпциг, за 8-10€ добивате лудило. Имено Локо се повеќе десно ориентирани, а Хеми се лево ориентирани искрено никогаш не знаев дека градот е до толку поделен и до толку би се мразеле германците меѓу себе.
Исто и по европа имам јаки причи и сум посетил стадиони во Холандија (Волендам, Венло, Емен, Фортуна Ситард), Белгија (Стандард Лиеж, Андерлехт), Шпанија (Реал Сосиедад, Атлетик Билбао, Алавес), Австрија (скоро сите сум ги посетил но најмногу впечаток ми оставиле Австрија Салцбург и Рапид Виена), Шведска (исто позитивно изненадување дербито АИК - Јургорден, по нашки Џургарден),Италија (исто одлична земја за љубителите на тифото), Чешка (Спарта и Славија) и нормално скоро цел балкан и огромен дербиња било фудбал или кошарка(во Србија и Грција).
Да знае жена ми колку пари сум оставил на фудбал и генерално спорт ќе ме исфрли од дома. Желба голема ми се Марсеј - ПСЖ и Лион - Ст. Етиен но за жал не можев никако да дојдам до карта. Али следно би сакал малце на исток да се префрлам во земји како Полска и да се среди ситуацијата Русија обавезно, па од Русија слушнавме прича, ако некој има нешто од Полска да сподели би сакал да прочитам.
Ви посакувам на сите среќна и успешна 2026 и честит Божиќ.
ПС.Доколку планирате посета на Германија и сакате фудбал екипи каде што за евтини пари и наједноставно може да најдете карта преку нивниот сајт се: Мајнц, Хофенхајм, РБ Лајпциг, Леверкузен и Волфсбург од Бундеслига 1 и Херта од Бундеслига 2.
Интересно искуство имав на Локомотив Лајпциг пред некоја година на небитна утакмица скроз али за 2 кола беше дербито со Чемие Лајпциг ,коп 300 400 луѓе навивање цела утакмица добри песни добри мелодии , на влез на трибина кај нив дојде еден дечко од прва екипа каде предупреди да нема сликање фаци никако инаку проблем па после уз муабет дознав дека пред некоја година некој блогер снимал на трибина кај нив па имало тежок инцидент со многу уапсени и се многу ригорозни во врска со тоа што за мене е скроз океј , исто така бев 4 лига на Мунстер исто страшно навивање и добра бројка за 4 лига , сега Мунстер гледам и до 2 лига изгураа .
 

Attachments

  • Screenshot_20251231-134638_Chrome.jpg
    Screenshot_20251231-134638_Chrome.jpg
    107,5 KB · Прегледи: 57
  • FB_IMG_1767185303208.jpg
    FB_IMG_1767185303208.jpg
    198,3 KB · Прегледи: 56
  • Screenshot_20251231-134715_Chrome.jpg
    Screenshot_20251231-134715_Chrome.jpg
    191,5 KB · Прегледи: 56
  • FB_IMG_1767185262974.jpg
    FB_IMG_1767185262974.jpg
    160 KB · Прегледи: 54
Среќна нова! Да се додаде уште една: од каде во Бразил таков фанатизам?

Рио доста романтично изгледаше од далеку. Прв допир со Рио ми е преку спотот на Роберт Саздов и Панки, кога му бегаат на Славе Биљбиљ за карневал, и генерално доста романтично изгледа. Плажи, палми, шарена архитектура, девојки, предобра музика, фудбал. Некако се деси, пред десетина години да завршам таму.

Прв ден, Панки и Роберт Саздов се разбудија од спиење. На доаѓање ни кажуваат: телефони, новчаници, саати, не ги носите на себе и генерално движи во група. Гледај да не носиш скапа гардероба, ланчиња, било што што штрчи. Колите на улица, 99% се со затемнети стакла, и изгледаат релативно старо. Ако кај нас се купува за кола да изгледа импресивно, во Рио се купува обратно - се купува да биде досадна, по можност блиндирана, идеално - двете.

Градот изгледа лудница. Стара архитектура од Европа, мешана со некои нивни интерпретации на арт-деко, и модерни градби. Град со брда, плажи, џунгли, нереална топографија. Нормално, местото живее за фудбал, со најголем дел од навивачите доаѓаат од фавели.

Фавелите се сиромашни квартови што се изолирани, со слабо образование, релативна сиромаштија. Има некои населби (како Ботафого) што се слични на Аеродром, Капиштец, со некој среден слој, и многу мал дел што се ултра-богати. Фавелите, освен што имаат секојдневни грабежи и убиства, имаат и мал милиони други проблеми. На пример, некои од нив немаат струја, па за да добијат на статус, знаат и некои луѓе на куќите да стават сателитски антени, за комшиите да мислат дека можат да си дозволат сателитска. Нееднаквоста им е огромна, и ако си роден во фавела си во многу незгодна позиција. На дневна база има убиства/пукотници (лани во Рио имаа околу 3500 убиства во една година), и има апликации со мапа каде што можеш да следиш што и каде се случува (за да избегнеш). Од тука им се најголем дел на навивачите. Ако некој од нашиве рапери каже дека Скопје е гето, најверојатно истиот не искочил од детска.

Богатите и оние што се релативно во солидна финансиска состојба во Рио, живеат во затворени населби, учат во различни школи, идат во различни места низ градот, скоро и да нема мешање меѓу богати и сиромашни. Единствено мешање им е преку фудбал, каде делат стадион, али најчесто не и трибина.

Се погоди да седам во населбата Ботафого, населба со еден од постарите клубови во Бразил и постарите торциди (навивачки групи), со долга историја. Арно ама, во истата населба, случајно завршив на дружење со навивачи на Гремјо, што живеат во Ботафого и гледаа пренос од некоја си локална утакмица од другата страна на Бразил. Тоа е нешто како во Аеродром да има група на навивачи на Пелистер, и да гледаат утакмица во некоја кафана во Бисер.

Семејна атмосфера, парови, деца, транспаренти околу кафаната и сите гледаат на екран. Се пеат песни цела утакмица. Мене ми изгледаше и делумно нереално, пошто Фламенго и Ботафого имаат големи торциди, дека дечкиве се доста лабави во поглед на навивање, уживање во фудбал. Дечките кои што ни беа домаќини, ни објаснија дека торцидите во главном не се замараат со обични фанови и дека кај нив најголем дел од инцидентите се во рамки на самите групи или група на група. Најчесто, проблемите им се случуваат кога група од една фавела (или од еден картел), за да се докаже на трибина или ради локални ривалства (за престиж), влегува во конфликт со друга група и често завршуваат со престрелки, али обичните фанови нив генерално не ги интересираат.

Фанатизмот на торцидите им доаѓа од тоа што фудбалот или клубот им е често еден од малку извори на гордост, на чест. Кога животот околу нив е суров, фудбалот им е некој вид на бегство. Затоа и често афилијација со некоја од торцидите им дава припадност, некаква сигурност, кога светот околу нив е немилосрден. Невработени, или во криминал, оставени на себе, единствено нешто што знаат е групата и некоја репутација што ја носи истата за нив како извор на сигурност. Тој социјален контекст ги прави да се некалкулирани, напатени, и насилни до степен што за нас во Европа е непознат. Ако Грин Стрит се снима во Рио, место наставник по историја и новинар, главните ликови ќе бидат сикарио (платен убица) и лик што краде раткапни.

Во последниве години, како што растат цените за билети на стадион, групите кои едно време биле мега масовни, денес почнуваат да губат на моќ, делумно ради комерцијализирање на фудбал во Бразил. И тие песни што ги гледаме како ечат кај нив на стадион и кореографии, изгледаат романтично од надвор, групуте живеат за клубот, али во овој свет, им посакувам да им се подобри животот, до степен да им станат групите досадни.

20171026_035806_50%.jpg
 
Среќна Нова и Божиќни празници...
И поздрав до стикер навивачите.IMG_20260101_120944.jpg
 
Чкембари Стив Наумов ви посакуваат среќна Нова 2026 година ☘
И смештај не ни требИТ најдовме :)
Прегледај го приврзокот 465403Прегледај го приврзокот 465404Прегледај го приврзокот 465405Прегледај го приврзокот 465406
Секој нормален за нова година во Охрид идат да се испијанит и да закачит нешто пичешко, овие фантомките и низ град да се сликет со графитиве :tapp:
 
Уште еднаш пушти ја сликава, не се стегај.. :coffee:

Среќна нова шури
За шура да си наш некој треба да имаш нешто меѓу нозе...
Не бе вие сте се освен тоа шо се кажувате вервај. Со дела се имате докажно.
 
@tricesmiub
Ако имаш и ти ваква навлака незначи дека секој е педер, јас во случајо др квалификација имам за навлаката, дека колата е на сопругата.
Ќути арни сте само еден стикер залепивте сте можеле цела шофершајбна. Наместо да уживат во празниците тие по паркинзи одат да изиграват стикер навивачи.
Да сте живи здрави, да сака некој да ве измисли немаше да бидете со вакво лепасе.
 
За шура да си наш некој треба да имаш нешто меѓу нозе...
Не бе вие сте се освен тоа шо се кажувате вервај. Со дела се имате докажно.
Аха
И што сега, треба видеа од зимање невеста да се објавуваат на темава за да му докажеме на „Презимето“ со дела.. ?

Ќе испадне на крај дека во Скопје мажи се бараат, бидејќи во Битола има недостаток на такви со „нешто“ меѓу нозете :coffee:
 
Секој нормален за нова година во Охрид идат да се испијанит и да закачит нешто пичешко, овие фантомките и низ град да се сликет со графитиве :tapp:
Epa ova e garant posle neuspesniot lov na picesko vcera vo omnia pa da ne im propadne ekskurzijata hahahaha
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom