ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
За жал гроундхопингот, ултрас културата и воопшто спортската култура се на многу ниско ниво кај нас, што од лошиот спорт, што од немаштија, што од други приоритети но нејсе. Од 2016 до 2024 живеев во Германија и искрено нема подобра западна земја за да се заразиш со тифо култура.
Во Германија бев скоро редовен на Ајнтрахт Франкфурт (кога и да најдев карта),а две сезони преку познаник од Босна имав и сезонска карта за NWK трибината каде што се сместени разно разните ултрас групации од Франкфурт. Интересно е што на оваа трибина како членови на ултра групациите можеш да сретнеш од доктори, професори до наркомани, криминалци, алкоси како едно до едно гушнати пејат и пијат. Инаку самите утакмици се спектакл и мора да си испланираш цел ден поради гужвите но исто понудата на забава во и околу стадионот и за деца и за возрасни е огромна. Пред стадионот има разни тезги со пиво, колбаси и переци. Исто има неколку кои ги држат самите ултрас франкфурт, па сиот профит од нив се донира за групата. Исто ултрасите имаат пред влезот на стадионот контејнери за донации преку кои се финансираат кореографиите. Инаку самите УФ97 се поделени на неколку подгрупи од кои дел од нив имаат сопствени задачи како на пример Биндинг Сцене кои се задолжени околу креативниот дел како графити и кореографии, Дроогс ФФМ кои ја водат групата од правен аспект, прават ПР ,ги водат форумите и ги организираат состаноците на групата и Бригаде Насау кои се задолжени за проблемите, како бранење на трансови, пиротехника, bare knuckle тепачки итд. Исто овие подгрупи се поделени на уште помали групации преку кои се организираат гостувањата. И уште нешто доста интересно се изненадив колку наши дијаспорци претежно таму родени можеш да начекаш да одат со Ултрас Франкфурт 97, најголем дел од источна Македонија, но и од Битолско-Охридскот крај.
Покрај Франкфурт, сум ги посетил скоро сите стадиони во покраината Хесен од 1 до 4 лига, Дармштад од тука ќе ги издвојам како група и воопшто атмосфера што позитивно ме изненади.
Исто сум бил долж попреку по скоро сите поголеми фудбалски градови кои вредат да се посетат. Од Кајзерслаутерн на запад (најзаебан гостински блок, бидејќи е премногу стрмен), до Динамо Дрезден на исток и од Баерн Минхен (иако атмосферата е далеку подобра и "понародска" на Минхен 1860) до Хамбург и Росток на север. Стадиони според мене кои вредат да се посетат, апсолутно на Шалке, А. Франкфурт, Кајзерслаутерн, Хамбург, Ханза, Динамо Дрезден, Минхен 1860, Дармштад. Од друга страна преценети стадиони и за жал искомецијализирани се Алианц Арена и Сигнал Идуна Парк. Две дербиња кои не се познати кај нас а атмосферата е лудило е Брауншвајг - Хановер и според мене најподеленото дерби во Германија Локомотива Лајпциг против Хеми Лајпциг, за 8-10€ добивате лудило. Имено Локо се повеќе десно ориентирани, а Хеми се лево ориентирани искрено никогаш не знаев дека градот е до толку поделен и до толку би се мразеле германците меѓу себе.
Исто и по европа имам јаки причи и сум посетил стадиони во Холандија (Волендам, Венло, Емен, Фортуна Ситард), Белгија (Стандард Лиеж, Андерлехт), Шпанија (Реал Сосиедад, Атлетик Билбао, Алавес), Австрија (скоро сите сум ги посетил но најмногу впечаток ми оставиле Австрија Салцбург и Рапид Виена), Шведска (исто позитивно изненадување дербито АИК - Јургорден, по нашки Џургарден),Италија (исто одлична земја за љубителите на тифото), Чешка (Спарта и Славија) и нормално скоро цел балкан и огромен дербиња било фудбал или кошарка(во Србија и Грција).
Да знае жена ми колку пари сум оставил на фудбал и генерално спорт ќе ме исфрли од дома. Желба голема ми се Марсеј - ПСЖ и Лион - Ст. Етиен но за жал не можев никако да дојдам до карта. Али следно би сакал малце на исток да се префрлам во земји како Полска и да се среди ситуацијата Русија обавезно, па од Русија слушнавме прича, ако некој има нешто од Полска да сподели би сакал да прочитам.
Ви посакувам на сите среќна и успешна 2026 и честит Божиќ.
ПС.Доколку планирате посета на Германија и сакате фудбал екипи каде што за евтини пари и наједноставно може да најдете карта преку нивниот сајт се: Мајнц, Хофенхајм, РБ Лајпциг, Леверкузен и Волфсбург од Бундеслига 1 и Херта од Бундеслига 2.
Ретко добар текст да се прочита од перспективу на македонче (ако земемо у обзир дека ултра менталита е ретка и мала куде нас, брате ти гу имаш) . :)
Убаво објаснето у кратки црте куде што се доловуе осеќај кој га имаш доживено, још кд би мааал дел групе имале од тој све куде нас, било би довољно.
Али куде живимо како функционирав работе куде нас.. далеко смо. Свакако добар текст и вреди да се прочита за да се едуцирав голем број на членови на форум, како функционирав групе.
Порано имаше сајт куде што имаше добри текстови мислу дека мактифо мк беше, (не сам сигуран за име) за жал кратко време беше у функцију али недељно имаше текстови кои бесва у овј контекст, од лични видувања и што е менталитет на навивача.
Јер и даље е карактеристика куде нас дека су навивачи клошари, без работу, деца без мозак. ... ИТД...
Среќна Нова и све најбоље! :ајнапиво:
Автоматски споено мислење:

Навивачкиот свет е чуден за оние што не го живеат!
Наш свет је суров и посебан, обичном човеку не доступан :ајнапиво:
 
За жал гроундхопингот, ултрас културата и воопшто спортската култура се на многу ниско ниво кај нас, што од лошиот спорт, што од немаштија, што од други приоритети но нејсе. Од 2016 до 2024 живеев во Германија и искрено нема подобра западна земја за да се заразиш со тифо култура.
Во Германија бев скоро редовен на Ајнтрахт Франкфурт (кога и да најдев карта),а две сезони преку познаник од Босна имав и сезонска карта за NWK трибината каде што се сместени разно разните ултрас групации од Франкфурт. Интересно е што на оваа трибина како членови на ултра групациите можеш да сретнеш од доктори, професори до наркомани, криминалци, алкоси како едно до едно гушнати пејат и пијат. Инаку самите утакмици се спектакл и мора да си испланираш цел ден поради гужвите но исто понудата на забава во и околу стадионот и за деца и за возрасни е огромна. Пред стадионот има разни тезги со пиво, колбаси и переци. Исто има неколку кои ги држат самите ултрас франкфурт, па сиот профит од нив се донира за групата. Исто ултрасите имаат пред влезот на стадионот контејнери за донации преку кои се финансираат кореографиите. Инаку самите УФ97 се поделени на неколку подгрупи од кои дел од нив имаат сопствени задачи како на пример Биндинг Сцене кои се задолжени околу креативниот дел како графити и кореографии, Дроогс ФФМ кои ја водат групата од правен аспект, прават ПР ,ги водат форумите и ги организираат состаноците на групата и Бригаде Насау кои се задолжени за проблемите, како бранење на трансови, пиротехника, bare knuckle тепачки итд. Исто овие подгрупи се поделени на уште помали групации преку кои се организираат гостувањата. И уште нешто доста интересно се изненадив колку наши дијаспорци претежно таму родени можеш да начекаш да одат со Ултрас Франкфурт 97, најголем дел од источна Македонија, но и од Битолско-Охридскот крај.
Покрај Франкфурт, сум ги посетил скоро сите стадиони во покраината Хесен од 1 до 4 лига, Дармштад од тука ќе ги издвојам како група и воопшто атмосфера што позитивно ме изненади.
Исто сум бил долж попреку по скоро сите поголеми фудбалски градови кои вредат да се посетат. Од Кајзерслаутерн на запад (најзаебан гостински блок, бидејќи е премногу стрмен), до Динамо Дрезден на исток и од Баерн Минхен (иако атмосферата е далеку подобра и "понародска" на Минхен 1860) до Хамбург и Росток на север. Стадиони според мене кои вредат да се посетат, апсолутно на Шалке, А. Франкфурт, Кајзерслаутерн, Хамбург, Ханза, Динамо Дрезден, Минхен 1860, Дармштад. Од друга страна преценети стадиони и за жал искомецијализирани се Алианц Арена и Сигнал Идуна Парк. Две дербиња кои не се познати кај нас а атмосферата е лудило е Брауншвајг - Хановер и според мене најподеленото дерби во Германија Локомотива Лајпциг против Хеми Лајпциг, за 8-10€ добивате лудило. Имено Локо се повеќе десно ориентирани, а Хеми се лево ориентирани искрено никогаш не знаев дека градот е до толку поделен и до толку би се мразеле германците меѓу себе.
Исто и по европа имам јаки причи и сум посетил стадиони во Холандија (Волендам, Венло, Емен, Фортуна Ситард), Белгија (Стандард Лиеж, Андерлехт), Шпанија (Реал Сосиедад, Атлетик Билбао, Алавес), Австрија (скоро сите сум ги посетил но најмногу впечаток ми оставиле Австрија Салцбург и Рапид Виена), Шведска (исто позитивно изненадување дербито АИК - Јургорден, по нашки Џургарден),Италија (исто одлична земја за љубителите на тифото), Чешка (Спарта и Славија) и нормално скоро цел балкан и огромен дербиња било фудбал или кошарка(во Србија и Грција).
Да знае жена ми колку пари сум оставил на фудбал и генерално спорт ќе ме исфрли од дома. Желба голема ми се Марсеј - ПСЖ и Лион - Ст. Етиен но за жал не можев никако да дојдам до карта. Али следно би сакал малце на исток да се префрлам во земји како Полска и да се среди ситуацијата Русија обавезно, па од Русија слушнавме прича, ако некој има нешто од Полска да сподели би сакал да прочитам.
Ви посакувам на сите среќна и успешна 2026 и честит Божиќ.
ПС.Доколку планирате посета на Германија и сакате фудбал екипи каде што за евтини пари и наједноставно може да најдете карта преку нивниот сајт се: Мајнц, Хофенхајм, РБ Лајпциг, Леверкузен и Волфсбург од Бундеслига 1 и Херта од Бундеслига 2.
Знам дека форумов претежно е анонимен, но би сакал да стапиме во контакт, па ќе ти пишам ПП. Иначе сум граундхопер од МК, меѓу првите и ако не прв во Македонија со ваков интензитет. Сакам да ја доближам граундхопинг културата во МК, и за среќа засега добивам позитивни реакции и желба да ми се придружат.

За атмосферата можам само да потврдам, најдобар баланс меѓу квалитетен фудбал и искуство на натпревар има во Германија. Од дерби во Германија само сум бил на Хамбург - Сент Паули, и беше предобро искуство. Имам посетено 8 стадиони во Германија, претежно најпознатите, но би сакал малку да прошетам и во 2/3 лига.

Ае согласувам дека сѐ што е комерцијализирано и популарно на соц. Медиуми, воопшто не е толку добро.

Имам многу дербиња што сакам да ги посетам низ Европа, само е комплицирано за организација кога се датумите и треба бааги пари.

Сепак, за Германија, Холандија, Белгија, Данска, Шведска, само пофални зборови за процентот на посетеност, фудбалската култура, традиција со фамилијата и пријателите, како и релативно натпревари кои се без посериозни инциденти, што поради свесноста на луѓето, што поради законите, казните и сигурносните мерки.

Да се престане со бесцелни напади на поединци, договрени тепања кои не носат ништо, а повеќе да се стави фокус на кореографии, пиротехника, песни, посетеност, хуманитарни акции, и фудбалот дефинитивно би привлекол уште повеќе луѓе на стадион, само треба многу работа, маркетинг и активности (штандови, фан зони, реквизити). Квалитетот на фудбалот може да биде во втор план :)
 
За жал гроундхопингот, ултрас културата и воопшто спортската култура се на многу ниско ниво кај нас, што од лошиот спорт, што од немаштија, што од други приоритети но нејсе. Од 2016 до 2024 живеев во Германија и искрено нема подобра западна земја за да се заразиш со тифо култура.
Во Германија бев скоро редовен на Ајнтрахт Франкфурт (кога и да најдев карта),а две сезони преку познаник од Босна имав и сезонска карта за NWK трибината каде што се сместени разно разните ултрас групации од Франкфурт. Интересно е што на оваа трибина како членови на ултра групациите можеш да сретнеш од доктори, професори до наркомани, криминалци, алкоси како едно до едно гушнати пејат и пијат. Инаку самите утакмици се спектакл и мора да си испланираш цел ден поради гужвите но исто понудата на забава во и околу стадионот и за деца и за возрасни е огромна. Пред стадионот има разни тезги со пиво, колбаси и переци. Исто има неколку кои ги држат самите ултрас франкфурт, па сиот профит од нив се донира за групата. Исто ултрасите имаат пред влезот на стадионот контејнери за донации преку кои се финансираат кореографиите. Инаку самите УФ97 се поделени на неколку подгрупи од кои дел од нив имаат сопствени задачи како на пример Биндинг Сцене кои се задолжени околу креативниот дел како графити и кореографии, Дроогс ФФМ кои ја водат групата од правен аспект, прават ПР ,ги водат форумите и ги организираат состаноците на групата и Бригаде Насау кои се задолжени за проблемите, како бранење на трансови, пиротехника, bare knuckle тепачки итд. Исто овие подгрупи се поделени на уште помали групации преку кои се организираат гостувањата. И уште нешто доста интересно се изненадив колку наши дијаспорци претежно таму родени можеш да начекаш да одат со Ултрас Франкфурт 97, најголем дел од источна Македонија, но и од Битолско-Охридскот крај.
Покрај Франкфурт, сум ги посетил скоро сите стадиони во покраината Хесен од 1 до 4 лига, Дармштад од тука ќе ги издвојам како група и воопшто атмосфера што позитивно ме изненади.
Исто сум бил долж попреку по скоро сите поголеми фудбалски градови кои вредат да се посетат. Од Кајзерслаутерн на запад (најзаебан гостински блок, бидејќи е премногу стрмен), до Динамо Дрезден на исток и од Баерн Минхен (иако атмосферата е далеку подобра и "понародска" на Минхен 1860) до Хамбург и Росток на север. Стадиони според мене кои вредат да се посетат, апсолутно на Шалке, А. Франкфурт, Кајзерслаутерн, Хамбург, Ханза, Динамо Дрезден, Минхен 1860, Дармштад. Од друга страна преценети стадиони и за жал искомецијализирани се Алианц Арена и Сигнал Идуна Парк. Две дербиња кои не се познати кај нас а атмосферата е лудило е Брауншвајг - Хановер и според мене најподеленото дерби во Германија Локомотива Лајпциг против Хеми Лајпциг, за 8-10€ добивате лудило. Имено Локо се повеќе десно ориентирани, а Хеми се лево ориентирани искрено никогаш не знаев дека градот е до толку поделен и до толку би се мразеле германците меѓу себе.
Исто и по европа имам јаки причи и сум посетил стадиони во Холандија (Волендам, Венло, Емен, Фортуна Ситард), Белгија (Стандард Лиеж, Андерлехт), Шпанија (Реал Сосиедад, Атлетик Билбао, Алавес), Австрија (скоро сите сум ги посетил но најмногу впечаток ми оставиле Австрија Салцбург и Рапид Виена), Шведска (исто позитивно изненадување дербито АИК - Јургорден, по нашки Џургарден),Италија (исто одлична земја за љубителите на тифото), Чешка (Спарта и Славија) и нормално скоро цел балкан и огромен дербиња било фудбал или кошарка(во Србија и Грција).
Да знае жена ми колку пари сум оставил на фудбал и генерално спорт ќе ме исфрли од дома. Желба голема ми се Марсеј - ПСЖ и Лион - Ст. Етиен но за жал не можев никако да дојдам до карта. Али следно би сакал малце на исток да се префрлам во земји како Полска и да се среди ситуацијата Русија обавезно, па од Русија слушнавме прича, ако некој има нешто од Полска да сподели би сакал да прочитам.
Ви посакувам на сите среќна и успешна 2026 и честит Божиќ.
ПС.Доколку планирате посета на Германија и сакате фудбал екипи каде што за евтини пари и наједноставно може да најдете карта преку нивниот сајт се: Мајнц, Хофенхајм, РБ Лајпциг, Леверкузен и Волфсбург од Бундеслига 1 и Херта од Бундеслига 2.
Интересно искуство имав на Локомотив Лајпциг пред некоја година на небитна утакмица скроз али за 2 кола беше дербито со Чемие Лајпциг ,коп 300 400 луѓе навивање цела утакмица добри песни добри мелодии , на влез на трибина кај нив дојде еден дечко од прва екипа каде предупреди да нема сликање фаци никако инаку проблем па после уз муабет дознав дека пред некоја година некој блогер снимал на трибина кај нив па имало тежок инцидент со многу уапсени и се многу ригорозни во врска со тоа што за мене е скроз океј , исто така бев 4 лига на Мунстер исто страшно навивање и добра бројка за 4 лига , сега Мунстер гледам и до 2 лига изгураа .
 

Attachments

  • Screenshot_20251231-134638_Chrome.jpg
    Screenshot_20251231-134638_Chrome.jpg
    107,5 KB · Прегледи: 51
  • FB_IMG_1767185303208.jpg
    FB_IMG_1767185303208.jpg
    198,3 KB · Прегледи: 51
  • Screenshot_20251231-134715_Chrome.jpg
    Screenshot_20251231-134715_Chrome.jpg
    191,5 KB · Прегледи: 50
  • FB_IMG_1767185262974.jpg
    FB_IMG_1767185262974.jpg
    160 KB · Прегледи: 48
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА МАКЕДОНЦИ ОД ПЛАВО-БЕЛО ПАТРИОТСКО КУМАНОВО !!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom