Шаблонски одговори ми даваш, дај малце поконкретно и реален одговор. Никој не зел 30к кредит, оти то не го спомнуваш кај шо друг член на твојата група со то се фали. Пари се собраа од членските, податок од ваш член. Донации имало од ваши членој од приватните фирми, да. Во еден сте се сомневале дека со то прај проневера на пари. Кој како зошто, не е мое. Молење барање по фирми, ние то уназад 100 години го прајме за фк за да не испадни втора лига кога е прва или па уште полошо кога е втора да не испадни трета. Многу величење за работи кај шо барем за нас се нормални. Вардар бил стално државен проект и сте немале такви маки, иди еден титула се зема иди друг пак титула се зема. Иди трет ле влегол да игра. Ама ко дојдовте до момент на финансирање како Пелистер одма ами ние сме херои дека опстанавме. Ние можи не сме го зеле Пелистер да го раководиме, ама сме му дишеле во врат на тие шо го воделе, тужби тужби приватни еден куп наши членој добиле. Па не сме зеле да се фалиме или да хипербилизираме
Не те разбирам што сакаш да кажеш со првите реченици.
Најдолу и јас кажувам дека членови земаа кредити на лично име, за да покријат долгови на клубот. Да, висината на кредитите е 30.000 евра.
Клубот функционираше на следниот начин:
1. Собрани средства од членските и натпреварите, за покривање на споредни трошоци.
2. Донации од некои општини (ќе објаснам подолу).
3. Спорадични донации од некои фирми во форма на ручеци, некогаш обезбедени карантини пред некои утакмици, превоз за гостински натпревари.
4. Донации од членови на групата со сопствени фирми и од вардарци ширум светот. Кано не сака да се фали, ама направи неколку донации со лични средства. Нема врска што не се сложувам со негови ставови, што е растен во поинакво општество, дечкото помагаше неколку пати.
Тука зборуваме за спонзорство на КЛУБОТ.
ПАРИТЕ ЗА ГРУПАТА СЕ ЧИСТО ОД ЧЛЕНОВИТЕ од:
1. Членски
2. Плаќање карти
3. Плаќање делумна цена за превоз за некои гостувања за кои имало превоз (остатокот покриван од групата од другите средства), а на повеќето во тоа време се одеше со коли на своја сметка
4. Огромната количина на продадени реквизити и стикери кои се прават на големо по доста пониска цена
5. Останати приходи на ист начин од типот водење на продажбата на пиво и сендвичи за време на утакмиците
Свињенко даде пари за ДЕЛ од превозот за Лозана, беше прифатено за доброто на клубот, да има поголема поддршка и да избори пласман понатаму, што не се случи.
Во разговори со стари членови кога веќе партиски го испланирале за да го води клубот, на нив им ветувал фан шопи, работни места, како што функционирало во 90-тите. Од младите се' е одбиено, од старт се почна кампања јавна против него. А можеше кур да не боли и да си уживаме со туѓи пари, да газиме по 1000 луѓе на трибина. Луѓето се разочараа максимално, се изгуби бројката ради козарот, а затоа што го користи цел државен апарат и летаа кривични, беше издејствуван привиден мир за доброто на клубот. Кај што има сила, таму нема правдина.
Е сега, одиме на главното.
Она што вие без проблем го добивате како помош од општина, затоа што секогаш е спонзор на клубот, во Скопје не е така.
Општините ветија пари, со тие ветени пари, се планираа исплата на одредени плати. Дадоа некоја ситна пара и после по партиска наредба, ја заглавија работата до ребаланси и не останаа на ветувањата. Единствено Орце помагаше највеќе. Е тука баце имаш долг направен од твое име, лично Бакла стои ко потписник и одговорен. Не си Самсонеко за да те боли кур, туку си обичен човек кој нема ни адвокати, ни ништо. Не збориме за кривична која ради бунење против партиско раководство ќе ти ја наместат од типот палење бакли, пушење џоинт, туку зборуваме за одговарање пред судство за долгови за плата во 5-6 цифри во евра. Се земаа кредити на лични имиња за да се подмират сите плати, а во договор со новите спонзори беше договорено да они ја исплатат последната заостаната плата. Ама после се појави свињата и го користеше тој долг да го претстави како претходното раководство работело недомаќински.
И да, многу има разлика во целосно водење на клуб и само агитирање по фирми и јавноста за помош. Секоја чест за тоа што не се откажувате, многу пати сум кажал дека Комити и Чкембари се единствени во ова.
Вас во Битола лесно ќе ви дадат помош, затоа што е еден клуб во градот, немате пречки. Вас ви е проблем што тешко ќе дојдете до приватен спонзор кој ќе даде повеќе пари.
Кај нас Артан Груби забрани секаква помош, ТЕИЦИФРЕН БРОЈ македонски фирми не сакаа да помогнат дека им бранеа Груби (и сдс за мир во куќа), дпмне (сакаа они да се спасителите). Цела шпонска јавност се крена кога Град Скопје сакаше да даде пари. Колку е полесно да најдеме приватен спонзор, толку е потешко да најдеш спас кога клубот паѓа ради долгови.
Друго, едно е само да апелираш во јавност, друго е да си директно инволвиран во водењето на клубот.
Немавме свој стадион, одиш и одговараш за стадионот, за организација на натпреварот, за обезбедување, за гостинска делегација, за буквално се' до перење дресови. Па играчите се примадони, какви се' проблеми имаше со нив. Му раскинала девојката, паднал во депресија, па сака да потпише, па не потпишува, па си оди сред сезона, па замарање со пресрој во државата итн. И се' тоа беше направено без финансиски приход, со одлично маркетиншко водење, со многу повеќе публика во втора лига, светски организирана прослава со Жељо.
Не за пофалба, доживотна пензија треба да им се даде на неколку души за целата организација во тие 2 сезони.