- Член од
- 30 август 2012
- Мислења
- 3.773
- Поени од реакции
- 6.729
Де бе се фативте за Независна Битола мислиш некој бара отцепување сто пати е праен муабетот ајде пак детално сега ќе пишам што е проблемот .Види вака правена е ова дискусија многу пати години наназад ќе пробам да ти доловам од каде доаѓа таа нетрпеливост иако се согласувам со поголемиот дел од твојот пост. Тие скандирања независна Битола и дирлада можеби последен период допреа до поголемата јавност но тоа се скандира веќе 30 год и има причина зошто се прифатени не само од Чкембари туку и од сит битолчани.
Прво тоа не се сеционистички скандирања туку опшествено /социјални како и тие да звучат тие се упатени спрема нерарамномерното инвестирања во Скопје на сметка на сите други а посебно на Битола, која пред распадот на бившата држава важеше за индустриски и културен спортски па и универзитетски центар со голем потенцијал да прерасни во вистински регионалем центар на југозападна Македонија.
Неправдите кои се направени во изминатите 30 години спрема Битола и битолчани се одлика на тие скандирања, ако почнеме од осамостувањето систематски се што вредело или е уништено или преместено во Скопје, без разлика дали во делот на економијата,спортот или културата. Една лозар пелистерка беше мафијашки одземена иако имаше огромни протести, дирекцијата на рек Битола во време на Бучко 2003/4 беше преместена во Скопје иако имаше цело време нагодувања да не се прави и сега за било која одлука се чека од Скопје. На спортски план РК Пелистер беше гигант во однос на Вардар во 90тите сакале вие да признаете или не се изнагледавме неправди и највалкани игри од Михајло ,Начевци само да го турнат Пелистер, во тој период дом на ракометната репрезентација беше по дифолт Битола и тоа му го одзедоја на градот, да не зборам веќе како власта директно го спаси Вардар и го фузира со Миравци а Пелистер иста година испадна.
Незнам колку од тука се сеќавате дека имаше обид фестивалот на филмската камера да се премести во Скопке па имаше протести фала богу се откажаја од идеата.
Битола до пред 15 години важеше за унивезитетски град, на наша сметка го воздигнаја Штип и нормално Скопје а државата без никаков план за Битола.
Битола имаше и клиника наменета за цел југоисточен регион на сметка на инвестирањата во Скопје моментално е не повеќе од здраствен дом.
Во Битола се што е капитален објект направен е самофинансирање така е направен спортската сала така е направен и стадионот. Ете моментално и те како треба нова спортска сала државата нема слух ќе гради куќа на ракометот во Аеродром.
Општина Битола е втора по средства влеани во буџетот на РМ а 7ма по тоа што го добива назад.
Можаам вака до недоглед да набројувам сакам само да ти доловам за што се тие скандирања Битола е систематсски уништувана! Да живее независна Битола!
Пред тоа да пишам значи од овај начин на функционирање на државата еве гледаме Скопје во што проблеми дојде , од нерамномерен развој на другите градови ко прво , ко второ па тие од селата и истокот главни се 30 години во Скопје , под главни викам на државни и партиски функции па и и се главно и тие главните олигарси во државата од македонскиот блок .
Абе неможи ко прво на овај начин да се собираат даноци и да чекаат сите на милост на тие ова Владата и Скопје незнам што не е јасно . Па проблем има во функционирање на самата држава и неможи милост да се чека од државата читај Скопје .
Централна власт т.е. буџетот на државата се полни од ДДВ,акцизи (гориво, цигари, алкохол итн),персонален данок на доход,данок на добивка,царини и многу други давачки.
Општините имаат сопствени приходи само од комунални такси ( градење,користење јавни површини),данок на имот , данок на наследство и подарок и најпоќе пари влегуваат од дел од персоналниот данок на доход 3% .
Е сега е ова неодржливо за да функционираат општините бидејќи све оди во Централна Власта па општините се зависни од дотации и трансфери од државниот буџет.
Тоа значи ако тој од Берово шо е на функција во Влада во Скопје ако сака ќе префрли дотации или транфвер ако не нема кој те ебе. Овај од Битола шо е од партијата ако мрчи ќе го сменат , ама за да не мрчи ќе му дат да кради и ќе го држат во џеб .
Во ова ситуација нема шанса ова да се смени кај нас наредни 10 години минимум и решение е само во внатрешноста да дојдат партии кои не зависат од партија која е на централна власт , Арно ама така нема да добиваат дотации и ќе бидат тие неуспешни.
Значи треба да се смени начин ко прво на пари во општините т.е. општините во Македонија немаат широка финансиска самостојност.Тие се финансиски зависни од централната власт, бидејќи најголем дел од парите доаѓаат како трансфери од државата.
Македонија е унитарна држава со централизирано финансирање.Локалната власт има ограничена автономија и се потпира на државни пари.
Еве еден пример ако се смени само дел од персоналниот данок на доход 3% , наместо 3% во поголеми градови во внатрешноста во Македонија да биди пример 20 % тогаш не чекаат на милост од Скопје .
За Битола еве пример ако тековен приход од персонален данок (со 3%) на €200,000,000 годишно тогаш Битола добива €6,000,000 годишно од персонален данок , а за другите ќе се молиме во Скопје
Ако се зголеми вов приход од персонален данок пример да е 20% , тогаш општината добива €40,000,000.
И не е ова само за Битола и Скопските општини е истата приказна и низ цела држава .
Е сега со 20-30 % да добиваат Битола - Прилеп па сами општините ќе си направеа патот до сега немаше да чекаме овие од истокот во владата да чекаме да средат таму па ние милост ќе чекаме .
Така да нажалост тоа скандирање ќе продолжи и понатаму и е општо прифатено се додека не се смени нешто драстично .
Автоматски споено мислење:
п.с. На коњаникот ќе му реплицирав , по грешка тебе ама еве како дополнување на твоето мислење

Последно уредено: