ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
Види вака правена е ова дискусија многу пати години наназад ќе пробам да ти доловам од каде доаѓа таа нетрпеливост иако се согласувам со поголемиот дел од твојот пост. Тие скандирања независна Битола и дирлада можеби последен период допреа до поголемата јавност но тоа се скандира веќе 30 год и има причина зошто се прифатени не само од Чкембари туку и од сит битолчани.
Прво тоа не се сеционистички скандирања туку опшествено /социјални како и тие да звучат тие се упатени спрема нерарамномерното инвестирања во Скопје на сметка на сите други а посебно на Битола, која пред распадот на бившата држава важеше за индустриски и културен спортски па и универзитетски центар со голем потенцијал да прерасни во вистински регионалем центар на југозападна Македонија.

Неправдите кои се направени во изминатите 30 години спрема Битола и битолчани се одлика на тие скандирања, ако почнеме од осамостувањето систематски се што вредело или е уништено или преместено во Скопје, без разлика дали во делот на економијата,спортот или културата. Една лозар пелистерка беше мафијашки одземена иако имаше огромни протести, дирекцијата на рек Битола во време на Бучко 2003/4 беше преместена во Скопје иако имаше цело време нагодувања да не се прави и сега за било која одлука се чека од Скопје. На спортски план РК Пелистер беше гигант во однос на Вардар во 90тите сакале вие да признаете или не се изнагледавме неправди и највалкани игри од Михајло ,Начевци само да го турнат Пелистер, во тој период дом на ракометната репрезентација беше по дифолт Битола и тоа му го одзедоја на градот, да не зборам веќе како власта директно го спаси Вардар и го фузира со Миравци а Пелистер иста година испадна.
Незнам колку од тука се сеќавате дека имаше обид фестивалот на филмската камера да се премести во Скопке па имаше протести фала богу се откажаја од идеата.
Битола до пред 15 години важеше за унивезитетски град, на наша сметка го воздигнаја Штип и нормално Скопје а државата без никаков план за Битола.
Битола имаше и клиника наменета за цел југоисточен регион на сметка на инвестирањата во Скопје моментално е не повеќе од здраствен дом.
Во Битола се што е капитален објект направен е самофинансирање така е направен спортската сала така е направен и стадионот. Ете моментално и те како треба нова спортска сала државата нема слух ќе гради куќа на ракометот во Аеродром.
Општина Битола е втора по средства влеани во буџетот на РМ а 7ма по тоа што го добива назад.
Можаам вака до недоглед да набројувам сакам само да ти доловам за што се тие скандирања Битола е систематсски уништувана! Да живее независна Битола!
Де бе се фативте за Независна Битола мислиш некој бара отцепување сто пати е праен муабетот ајде пак детално сега ќе пишам што е проблемот .

Пред тоа да пишам значи од овај начин на функционирање на државата еве гледаме Скопје во што проблеми дојде , од нерамномерен развој на другите градови ко прво , ко второ па тие од селата и истокот главни се 30 години во Скопје , под главни викам на државни и партиски функции па и и се главно и тие главните олигарси во државата од македонскиот блок .

Абе неможи ко прво на овај начин да се собираат даноци и да чекаат сите на милост на тие ова Владата и Скопје незнам што не е јасно . Па проблем има во функционирање на самата држава и неможи милост да се чека од државата читај Скопје .

Централна власт т.е. буџетот на државата се полни од ДДВ,акцизи (гориво, цигари, алкохол итн),персонален данок на доход,данок на добивка,царини и многу други давачки.

Општините имаат сопствени приходи само од комунални такси ( градење,користење јавни површини),данок на имот , данок на наследство и подарок и најпоќе пари влегуваат од дел од персоналниот данок на доход 3% .

Е сега е ова неодржливо за да функционираат општините бидејќи све оди во Централна Власта па општините се зависни од дотации и трансфери од државниот буџет.

Тоа значи ако тој од Берово шо е на функција во Влада во Скопје ако сака ќе префрли дотации или транфвер ако не нема кој те ебе. Овај од Битола шо е од партијата ако мрчи ќе го сменат , ама за да не мрчи ќе му дат да кради и ќе го држат во џеб .

Во ова ситуација нема шанса ова да се смени кај нас наредни 10 години минимум и решение е само во внатрешноста да дојдат партии кои не зависат од партија која е на централна власт , Арно ама така нема да добиваат дотации и ќе бидат тие неуспешни.

Значи треба да се смени начин ко прво на пари во општините т.е. општините во Македонија немаат широка финансиска самостојност.Тие се финансиски зависни од централната власт, бидејќи најголем дел од парите доаѓаат како трансфери од државата.

Македонија е унитарна држава со централизирано финансирање.Локалната власт има ограничена автономија и се потпира на државни пари.

Еве еден пример ако се смени само дел од персоналниот данок на доход 3% , наместо 3% во поголеми градови во внатрешноста во Македонија да биди пример 20 % тогаш не чекаат на милост од Скопје .

За Битола еве пример ако тековен приход од персонален данок (со 3%) на €200,000,000 годишно тогаш Битола добива €6,000,000 годишно од персонален данок , а за другите ќе се молиме во Скопје

Ако се зголеми вов приход од персонален данок пример да е 20% , тогаш општината добива €40,000,000.

И не е ова само за Битола и Скопските општини е истата приказна и низ цела држава .

Е сега со 20-30 % да добиваат Битола - Прилеп па сами општините ќе си направеа патот до сега немаше да чекаме овие од истокот во владата да чекаме да средат таму па ние милост ќе чекаме .

Така да нажалост тоа скандирање ќе продолжи и понатаму и е општо прифатено се додека не се смени нешто драстично .
Автоматски споено мислење:

п.с. На коњаникот ќе му реплицирав , по грешка тебе ама еве како дополнување на твоето мислење :))))
 
Последно уредено:
Victim mentality владее општо во Пелагонија, не е само во Битола, а највеќе си патат од нивните локални политички шерифи кои намерно го кочат развојот на сопствените градови како би имале што повеќе зависни луѓе во рака.

Јас не знам дали постои човек од Скопје што некогаш се побунил зашто се вложило нешто во Битола, а најмалку па за стадионот. Сите скопски групи искочија со поддршка за да се направи асален стадион во Битола. Мешате и обвинувате обични луѓе за тоа што партиите се најмногу криви, а во партиите нема само луѓе од Скопје туку од цела држава. Во секоја партија во самиот врв имаш луѓе од секаде, во секоја институција во самиот врв имаш луѓе што доаѓаат од цела држава, не дека тие места се екслузива само за скопјани па сеа некој вас намерно ве саботира. Таа ситуација со мостот што си ја пишал, не кажа ништо ново што досега не го знаевме. Мислиш да се работеше за некоја скопска општина ќе рипнеа сите во истиот момент да се санира? Не, едноставно така функционира државата и институциите. Мостот што гореше кај Ист Гејт, една година беше затворен за сообраќај, па го пуштија демек сигурен е сеа, а кој знае и дали направиле проверки или го санирале како што треба, јас не видов да се работи нешто на него. Ни тука не е најсјано како што си замислувате. Па 10 години министер за транспорт и врски беше Прилепчанец и тоа еден од посистакнатите членови на таа влада на Груевски. Милион автопати требаше да направи до Битола и Прилеп за тоа време.

Искочете од филмот во кој живеете, дека сите се свртени против вас и сфатете дека проблемите што ги имате вие, ги има и 99.9% од населението во Македонија.
 
Се сретнавме во Ѓорче
За жал избегавте
А што правиме со прва ваша екипа што одби 4 на 4?
Чекај уште ли ви е на шипка тој што викаше не ме гибајте и што одби ферска?
Кога ќе дојде момент со права екипа да се удрите бегате стално ЧУДНО
 
А што правиме со прва ваша екипа што одби 4 на 4?
Чекај уште ли ви е на шипка тој што викаше не ме гибајте и што одби ферска?
Кога ќе дојде момент со права екипа да се удрите бегате стално ЧУДНО
Да не ја тупиме темава пак со случката во Ѓорче ,излезе снимка се виде епилогот им се затна муцката доста е зборење.
 
Victim mentality владее општо во Пелагонија, не е само во Битола, а највеќе си патат од нивните локални политички шерифи кои намерно го кочат развојот на сопствените градови како би имале што повеќе зависни луѓе во рака.

Јас не знам дали постои човек од Скопје што некогаш се побунил зашто се вложило нешто во Битола, а најмалку па за стадионот. Сите скопски групи искочија со поддршка за да се направи асален стадион во Битола. Мешате и обвинувате обични луѓе за тоа што партиите се најмногу криви, а во партиите нема само луѓе од Скопје туку од цела држава. Во секоја партија во самиот врв имаш луѓе од секаде, во секоја институција во самиот врв имаш луѓе што доаѓаат од цела држава, не дека тие места се екслузива само за скопјани па сеа некој вас намерно ве саботира. Таа ситуација со мостот што си ја пишал, не кажа ништо ново што досега не го знаевме. Мислиш да се работеше за некоја скопска општина ќе рипнеа сите во истиот момент да се санира? Не, едноставно така функционира државата и институциите. Мостот што гореше кај Ист Гејт, една година беше затворен за сообраќај, па го пуштија демек сигурен е сеа, а кој знае и дали направиле проверки или го санирале како што треба, јас не видов да се работи нешто на него. Ни тука не е најсјано како што си замислувате. Па 10 години министер за транспорт и врски беше Прилепчанец и тоа еден од посистакнатите членови на таа влада на Груевски. Милион автопати требаше да направи до Битола и Прилеп за тоа време.

Искочете од филмот во кој живеете, дека сите се свртени против вас и сфатете дека проблемите што ги имате вие, ги има и 99.9% од населението во Македонија.
Се сложавам со се што кажа Џони От, и таа е реалната слика и јадрото на проблемот.Се од тука натаму е друго причинско-последично.

Фала за поддршката за стадионот,ама пак сами го напрајвме, помошта(од ФФМ)беше минорна но сепак добредојдена.Така да нема и што да се буните за наши пари.

Виктим менталити можеби така поимате вие а можи и е, ама е основан и тоа е начинот да изразиш револт и бунт. Знајме дека сегде во МК е така но не секој се буни.Вака барем сите знаат дека овде има незадоволни луѓе и имаат причина.

Дека не вергламе со муабетите, пред некој ден ми изелзе колумна од Илија Димовски, или Илче Гебелс, пропагандистот и ПР машината на ВМРО каде што признава за грешките на ВМРО и на државата пред се кон овај регион. Еве линк до колумната, горе долу се е опфатено. А и од СДС кога беа на власт истото го верглаа, неправедно запоставен регион( пред се од Бочварски мислам).
Еве мал извадок
Во периоди во кои се изградија патишта кон Тетово и Гостивар, сега и втор пат, се градат патишта кон Кичево, Охрид и Струга, се градат патишта кон Крива Паланка, се изгради пат кон Штип, Кочани и Радовиш, имаме автопатска трансверзала кон Куманово и Гевгелија, да се остави патот кон Битола (а со тоа и кон Ресен, Лерин и Костур) на ниво на заборавен пат од шеесетите години е тотална несериозност за сите минати генерации на политичари.

Имало обиди за лобирање за изградба на овој пат, имало расправии и кавги кога се лоцирале буџетските средстав. Одговорот од повисоките и поодговорните функционери секогаш бил дека нема економска исплатливост за изградба на тој пат. Но искрено, никогаш ниту сум го прифатил, ниту сум го разбрал тоа оправдување. Впрочем, во Македонија, освен патот кон Тетово и Гостивар, и тоа само во летните три месеци, ниту еден друг пат нема сурова економска исплатливост. Во изградбата на патиштата треба повеќе да се гледа економскиот потстрек за развој и стратешкото значење на самиот пат.

Не е битно дали е од Берово Прилеп или било каде, ова е истото ко ке речат бугарите абе тие во Ваташа што ги убија од Македонија беа. Муабето е што тие истите ликови служат на одреден режим и политика, и не им е нив битно од кај си и кој си, сите тие се чисти извршители, не се прашуваат за ништо битно.
 
Последно уредено:
Се сложавам со се што кажа Џони От, и таа е реалната слика и јадрото на проблемот.Се од тука натаму е друго причинско-последично.

Фала за поддршката за стадионот,ама пак сами го напрајвме, помошта(од ФФМ)беше минорна но сепак добредојдена.Така да нема и што да се буните за наши пари.

Виктим менталити можеби така поимате вие а можи и е, ама е основан и тоа е начинот да изразиш револт и бунт. Знајме дека сегде во МК е така но не секој се буни.Вака барем сите знаат дека овде има незадоволни луѓе и имаат причина.

Дека не вергламе со муабетите, пред некој ден ми изелзе колумна од Илија Димовски, или Илче Гебелс, пропагандистот и ПР машината на ВМРО каде што признава за грешките на ВМРО и на државата пред се кон овај регион. Еве линк до колумната, горе долу се е опфатено. А и од СДС кога беа на власт истото го верглаа, неправедно запоставен регион( пред се од Бочварски мислам).
Еве мал извадок


Не е битно дали е од Берово Прилеп или било каде, ова е истото ко ке речат бугарите абе тие во Ваташа што ги убија од Македонија беа. Муабето е што тие истите ликови служат на одреден режим и политика, и не им е нив битно од кај си и кој си, сите тие се чисти извршители, не се прашуваат за ништо битно.

Епа што ти кажува колумнава?

Дека имаш партиски хиени, крлежи, кои пробуваат да дојдат на власт само поради лична корист. Не граделе пат бидејќи немале економска исплатливост = во проевод, немаат кој да стават таму да прави далавери. Значи не е до нас, граѓаните од Скопје, туку до политичарите.

А ако толку на сите им смета состојбата во која се наоѓа државата, колку проценти пратененици/министри/луѓе на функција се „надвор од Скопје“? Што не се соберат сите да кажат дека преку кур им е од тоа што само тука се форсира и не се вложува надвор?

Нема тоа да го направат пошто ги заболе, тука се преселени, гледаат колку можат во еден мандат да се збогатат и кур ги боли, нека му ја мислат следните.

Ни Вардар, ни Комити, ни Фемили, ни ЦПБ, ни Лавови, ни Пирати... ниту Скопјани ти се виновни за ситуацијата (во твојот град). Тоа што има провокации се само тоа, обични провокации (и вие пеевте за 63та па не гледам тука 10 страни да се разглабува и драматизира).

Тоа што тебе во Битола ти смета и се жалиш дека само Битола е оцрнета, му смета и на тој во Прилеп, Кочани, Валандово, Македонски Брод каде можеби е уште полошо...

А мене во Скопје знаеш што ми смета? Ми смета што ѓубре во Аеродром во топ 5 општини во цела држава, не земале 2 недели, ми смета што 2 месеци им требаше да искосат булевари и паркови во сред лето, ми смета што нема инфраструктура за возење на волку граѓани/возила и ти требаат 70 минути од Систина до Бисер, ми смета што 70% од тие што не се од Скопје, а возат активно, врска немаат како да се снајдат во сообраќај и се тотално изгубени, ми смета тоа што 30/40% од активни скопски возачи се тешки селендри, ропаци, ми смета тоа што имам диви орки низ град, ми смета тоа што плоштадот ми личи на Пакистан, ми смета тоа што немам обележја на мојот град и мојата држава никаде во центарот на градот, ми смета тоа што ми смрди на бог знае какви отрови, ми смета што закон и ред во главниот град на државата беа криминалци кои за да дојдат на власт убивале македонски деца...

Да ти набројувам што уште ми смета во Скопје или?
 
Поинаку ги поимаш работите. Ај прочитај пак, значи се кажува експлицитно, за сите ке има само за вас ке нема, одлучено со политичка одлука.Значи сите места добија автопат, само вие нема, пошто нели не се исплаќа, а сегде друго се исплаќа.... тука се насетува системското уништување

Не е поентата да се жалиме за комуналните проблеми. Не ми се скопјани проблеми за ѓубрето во БТ или улиците што се крш, ама систематското уништување е то што иритира каде што обврска си зела државата. Ти текнува Грујо ко купи 150 автобуси само за СК, а ниеден за БТ а имаме јавен превоз од пред 50-60 години. Нас 10 ке ни збркаја работа, ама не сите за СК ништо за вас. Па уште се понудија, ако сакате старите од ЈСП ке ви ги донираме, ми текнува убо.

Ето бе бате то е то што смета, пристапот на нештата, едни се со црвена крв а други со сина.Или сите ке имаме или сите ке немаме. Ова е само уште еден пример од многуте
 
Последно уредено:
Поинаку ги поимаш работите. Ај прочитај пак, значи се кажува експлицитно, за сите ке има само за вас ке нема, одлучено со политичка одлука.Значи сите места добија автопат, само вие нема, пошто нели не се исплаќа, а сегде друго се исплаќа.... тука се насетува системското уништување

Не е поентата да се жалиме за комуналните проблеми. Не ми се скопјани проблеми за ѓубрето во БТ или улиците што се крш, ама систематското уништување е то што иритира каде што обврска си зела државата. Ти текнува Грујо ко купи 150 автобуси само за СК, а ниеден за БТ а имаме јавен превоз од пред 50-60 години. Нас 10 ке ни збркаја работа, ама не сите за СК ништо за вас. Па уште се понудија, ако сакате старите од ЈСП ке ви ги донираме, ми текнува убо.

Ето бе бате то е то што смета, пристапот на нештата, едни се со плава крв а други со сина.Или сите ке имаме или сите ке немаме. Ова е само уште еден пример од многуте

Никој од нас не негира дека голем процент од покапиталните инвестиции се во Скопје, дека се запустија сите други градови итн.
Таму каде што се разликуваме во размислувањата е тоа што никој од нас ниту го барал тоа, ниту го посакувал. Скопје како град нуди повеќе можности, ама па и ние си имаме нерешени проблеми еден куп, како и во секој друг град. Каква сина крв, какви бакрачи.
Распад систем автобуси донесоа, нели гледаш слики како секој втор ден е расипан некој од нив. Уште поважно нема ни кој да ги вози. Градот е пренаселен, не можеш да се качиш во автобус на пофреквентна линија.
Патиштата се исти и кај вас и кај нас. Таман ги асфалтирале, па дошле Водовод откопале, па закрпиле, па ЕВН откопале, па крпенка, па цигани ги украле шахтите, па ниту една шахта не е нивелирана. Скопје не се само главните булевари. Од пренаселеност, нема каде да паркираш, секоја педа земја стана паркинг, не постои простор за пешачење.
Милион проблеми имаме и ние, ако ова е кралски живот, не знам што да кажат од другиве главни градови во соседството кои за нас се Лас Вегас. Несреден кеј, паркови со исушена или нарасната трева, улични кучиња на секој чекор, плоштад ал Арабија, знаменитости на заборав од времето, Кале затворено и да не ги редам сите други работи.

Ние знаеме да кажеме дека некој мора многу да го мрази Скопје за да го доведе до ваков изглед.
Муабетот ми е дека ГЛАВНИ ВИНОВНИЦИ СМЕ САМИТЕ НИЕ, што гласаме ваков отпад од политичари и што без битка се испоотселија сите асални луѓе за да останат идиотите.
Не знам зошто сте убедени дека НАМЕРНО некој ја кочел баш Битола. И тоа само за Скопје да се издигнел на сметка на Битола. Инвестираат (повеќе пропагандно на медиуми) во Скопје дека ЖИВЕАТ ОВДЕ. Тука се сите министерства, влада, собрание, 70% од приватниот сектор итн. И во Србија/Белград е ист примерот, иако во поглед на чистота и среденост сите се светлосни години пред нас. Ситуацијата така им налага. Најголемото гласачко тело е овде. И понезависно, повеќе им треба да се потрудат за да добијат гласови, затоа што во голем град луѓето не се знаат меѓусебе како во малите градови па политичарите да им влијаат на поинаков начин.
Кои се тие скопјани политичари кои намерно ја дискриминирале Битола?
Па повеќето не се скопјани, а во моментов имаме такво иселување на скопјани (да дефинирам скопјанец некој чии роодители живеат овде бар од 60-тите и неколку генерации растеле овде) што бар 70% од луѓето (особено во населбите во кои никнаа нови згради) не влегуваат во споменатата дефиниција на скопјани.

Инвестираат каде што имаат некаков ќар да здрпаат пари, да замачкаат очи во јавноста. Во општина Кисела Вода, во секој мандат 80% од инвестициите се во Драчево. Го направија посебен град. Другите населби особено Црниче и Пржино, стап имаат добиено. Ради бунт во Пржино се издејствува нешто на почетоков на мандатот и толку. Новата градоначалничка пак е (ќе биде) од Драчево. Дали намерно го форсираат Драчево за другите населби да го изгубат приматот на поурбани? Не, туку највеќе гласови имаат таму, највеќе им бунтуваат, повеќето живеат таму и си градат кај што им е маалото и слично.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom