Досега не сум наишол на логичко објаснување како не е хипокризија да се пее “Да го ебам цело Скопје и вашата држава“ (каде што ни се објаснува дека не се мисли на Македонија, туку на тие скопјани што велеле Скопје држава, во ред јасно), а потоа следното скандирање да е “Да живее независна Битола“. Независни од кого? Независна Битола не претставува ли држава Битола со своја автономија одделена од Македонија? Не делува дека е тоа желба на битолчани, а и ничија желба. Затоа не можам да го разберам скандирањето. Ако има некое логично објаснување нека каже некој, ако не ќе разбереме дека “се пее, бидејќи на тоа се пали маса“ и тоа е тоа, само нека не е реплика “ами и вие пеете за Каролина, а Каролина 'Македонско девојче' албумот и се вика“ и вакви слични.