Колумна од еден циничен навивач:
Па добро бе, уште колку филмови ќе гледаме со исто сценарио, само со други статисти? Прво провокации на трибина, тркачи по должина на ограда, камерите вртат, народот се пали — а полицијата? Аха, баш тогаш „заборава“ да постои. Си заминуваат магично 200 метри пред местото каде, чисто случајно, ќе се случи напад многу среќа или намерно оставен простор?!
И сега треба да глумиме дека не знаеме кој, зошто, кога и како? Па дечки, ако ќе ни го сервирате сценариото пак, бар сменете ја локацијата, сменете ја постава. Овие веќе ги знаеме по име.
После нападот: класика. Малку ќотек, малку бегање, малку фрлање камења — малку шоу за камера. Скршени коли, вознемирени баби, вознемирени портали. И, најважното: ниту еден приведен. Случајот ќе го истражуваме „темелно“. Како и секогаш.
Во меѓувреме, драма со маичка. Два дена тензија се дига, дури и ДУИ се огласи — кога ДУИ ти коментира за навивачка маичка, знаеш дека нешто сериозно не е во ред. Или премногу е во ред, за некој друг и така му одговара.
А сега, се зборува за забрани инциденти ма сите портали Баш сега? И баш сега се појавува видео на официјална страница — ама не било организирано. Видеото од три агли, со монтажа и музика, самото се качило, најверојатно.
И да, конечно нешто живо — групите се размрдаа од летен распуст. Добро е, ќе се памти датумов. Со раце, фер, колку-толку. Иако… кога однапред знаеш дека напад следува, не се чека на изненадување и реакција . Ти е јасно дека ќе те бркаат до дома, па кој стигне до влез прв, ќе спаси глава муабет прави после на форумот а другите на доктор
Нормално — на улица не смее пиле да прелета. Полицијата активна, присутна, хеликоптери фалат само. А каде беа вчера? Најубо да ги нема! Ама добро, така е кога сценариото е завршено — следува „чистење на сет“.
Најубавото прашање: зошто нашиот автобус беше полупразен? А во среда сите ќе се соберат ко да делиме бесплатни сендвичи?
И кај другите исто — кога се праи напад, одат 11 души. Сите знаеја дека Чкембарите доаѓаат, сите имаа инфо. Пренос имаше. А скоро никој на терен.
Или можеби само тие добиле „сигурна“ дојава: денес полицијата нема да гони. Денес снима, гледа, и брои лајкови.
А утре уствари Среда? Па, ќе се проба пак. Со камења, со бакља, со ново сценарио. Само молам, сменете го насловот. „Спонтан инцидент“ веќе звучи ко лош виц.
Сценарио или луда среќа во несреќа