ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
Последно уредено:
Nesto se stisa temava od koga izleze videoto kako Pojacite so stangli vo raka se spremaat za okrsaj pred da trgnat na pat doma? Ne bile napadnati random navivaci znaci, ne bile edinstveni vooruzeni Cigani, i ne bila napadnata kola so tatko i kjerka, tuku svoeviden konnvoj od 50 luge naoruzani i spremi za lom...

Inaku i vo soopstenieto na navivacite na Kiev, jasno se potencira deka i ednite i drugite se ne samo na vrvot vo svoite drzavi tuku i vo cela evropa, i deka trojstvoto (Leh-Spartak-CZ) bilo prakticno nepobedlivo (oni se srekni ako se srusi posle ova)

@Hooligans at play Kade se Gate 7 vo celava prikazna okolu ova dvojstvo - trojstvo itn...?
I tie imaat golem avtoritet za da stojat pasivno na strana. Kakvi im se niv relaciite so Poljacite?
 
Баш некој член спомна тепачката на Македонија - Полска, каде што пољаците се испотепаа меѓусебно, таму имало 223 уапсени навивачи. За споредба ние имаме тешкотии воопшто толку навивачи да однесеме на некое гостување надвор од границите, а камоли да имаме слобода да сортираме овие ќе се обични фанови, овие ултраси, овие хулигани за инциденти, фајт екипи итн, па да не ни е big deal да ни приведат еден член, а не па 223. Преку мали нешта се гради навивачка свест и се менува мислењето за навивачите кај општата маса на долгорочен план, а тие мали нешта често не ги кoристиме во наша полза. Од едукација кај младите си патиме пред се. Пример еве за најава за прославата гледам доста фасади од приватни куќи се испошкртани, дури и постоечки графити се искросани со најава за прослава и дуел со датум кој ќе е без значење после 2 дена. И после секој што ќе помине со дете шетајќи, ќе го претстави чинот како вандализирање и навивачиве катастрофа, тоа дете уште од старт ќе си има слика за навивачите како хулигани, вандали и после кога ќе дојде во тинејџерски години за први чекори на трибина, тој ќе гледа со одбивност према неа. Џабе ни се тука муабети ама трибината е само за одбрани луѓе вакви такви, трибината треба да е за секој, од повтарачи меѓу тие деца до првенци на генерација, секој што се пронашол таму и е спремен да вложи од себе на неа, ние немаме воопшто луѓе, а не па да сортираме. Знам како било, на најмалите им се вика земете спреј најавете по ѕидови, без да се сугерира каде на кои места може да се прави тоа. Најдобро според мене е кога се правеа најави со закачени платна, 2 дена да остане таму си ја завршило целта, а не направило штета никому, ниту оштетила некој приватен имот. Едукацијата треба да почне од возрасните, бидејќи со една шкртаница од 5 секунди со спреј на лошо место, се моча врз репутацијата на групата која дечки ја граделе со години цртајќи мурали, графити, луѓе кои правеле кореографии по цели ноќи итн.
 
Последно уредено:
Едукација од страна на навивачките групи е неопходна ако сакаме да привлекуваме нови членови, тука не станува збор само за најави на натпревари и прослави, туку општо се што опфаќа навивањето, почнувајќи од инциденти кои се неизбежни кај било која група, до изглед на трибина, скандирања, песни, графити, реквизити и се останато.

Генерално мора да се смени целосната слика која ја имаат луѓето кои се тотално надвор од тој свет кога се во прашање навивачи.

Јас еве ќе дадам пример од пред некој месец што ми се случи пред мои очи.
Одам по улица и го слушам муабетот на неколку деца кои беа пред мене, отприлика 11-12 годишни со ранци, дознале дека ќе има натпревар во фудбал помеѓу две училишта, нивното и соседното, сакаат да одат да гледаат и се јавуваат дома на родителите да добијат дозвола, едно од децата гледам има негодувања од мајка му, она не му дава, детево ја моли, ја убедува нешто лево десно и во еден момент и вика: абе мамо НЕМА ДА ИМА КОМИТИ.
После таа реченица веќе мајката се согласува и детето добива дозвола да оди на натпреварот, сега можам да замислам што ќе беше ако тоа истото дете побара дозвола да оди на натпревар на Вардар.

До таму е дојдена работата, луѓе што немаат никаква врска со спорт, веројатно и никогаш во животот не ни биле на натпревар, во главите имаат некоја претстава дека таму одат само некои наркомани и пијаници на кои единствена цел им е да направат некој инцидент поради кој ќе настрадаат мали деца.

И јас имам слични случки од опкружувањето како тоа дете, сите што ги познавам на кои навивањето им е непознаница ми викаат да не одам таму.
Кога бев помал, на еден другар му викам ќе идам на натпревар на репрезентација, ми вика пази таму да не те избоде некој со нож...
Имам уште милион вакви примери, сигурно и многу членови тука што активно одат на утакмици ќе се пронајдат во муабетов, посебно оние што доаѓаат од чесни фамилии на кои родителите им одат на работа и во животот никогаш немале проблеми со законот.

Капак на се кај нас имаше случки како убиството на Саздо, бомбата на Турчин, Кале, детето Златко што беше избодено во автобус...
Ова кај луѓето додатно ја расипува општата слика за навивач, секој родител мисли дека утре тоа може да биде неговото дете.

За жал не знам ни колку е возможно да мрнеме напред во тој поглед поради племето што го имаме во државата и нивните таканаречени навивачки групи, кои се бастион на партиски лигуши на дуи, голем дел од нив не ги ни интересира клубот за кој наводно навиваат, не па некои навивачки правила.
Како тастери само ги активираат кога им требаат за некој протест или гласање, лани на пола домашни утакмици ги немаше да се појават, битно против Вардар ќе се нацртаат на трибина, ќе скандираат против Македонци, ќе вадат пароли и медиумиве ќе пишуваат после 5 дена за тоа.

Не знам ни колку вреди ти да едуцираш членови и да почитуваш некои кодекси, кога ги имаш индијанциве што шетаат со ножеви по град и чекаат прилика кога се во чопор да нападнат некое наше дете, ако видат дека имаат рамноправен противник од другата страна одма се претвараат во Јусеин Болт и фаќаат спринтот.
Да не зборам што и од државата се заштитени како бели мечки во сите ситуации.

Стварно се надевам дека кај новите генерации што доаѓаат ќе се смени нешто, жално е да гледаме како цел Балкан има полни стадиони и многу побројни навивачки групи, додека кај нас на повеќето натпревари нема живо пиле, чекаме кај комшиите нешто да се случи за тука 5 дена да коментираме и да се испишат 10 страни.
 
Дали ФФМ со план ја има ставено Тиквеш-Вардар во петок??? Па зошто една таква спектакуларна утакмица да се игра во работен ден...
 
Дали ФФМ со план ја има ставено Тиквеш-Вардар во петок??? Па зошто една таква спектакуларна утакмица да се игра во работен ден...
Досега сите три натпревари што се играа/ќе се играат со две навивачки групи, се ставени во петок (Вардар-Пелистер, Шкендија-Слога и Тиквеш-Вардар). Случајно или не? :D
 
Досега сите три натпревари што се играа/ќе се играат со две навивачки групи, се ставени во петок (Вардар-Пелистер, Шкендија-Слога и Тиквеш-Вардар). Случајно или не? :D
Тоа е се договорено унапред или уз ход заеднички меѓу ФФМ, МВР и клубовите, пошо на сите овие им одговара, а е единствено контра навивачките групи.
 
И после нема да збориме за Лех,делије или било кои други. На сите во државава им одговараат празни стадиони,праат се и тие малце што останавме да не исчистат,затоа и сите на кои ќе им кажеш дека идеш на утакмица те праат будала. И ФФМ и МВР и нашиве скапани фудбалски партиски управи у уста да ги ебам,утре треба од работа да бегаме да го гледаме тимот кој што колку толку ни носи радост и сатисфакција во животот,ебаа матер на се уште ние им останавме трн у око ама тоа е,ќе страдаме но не се предаваме.

Утре сите во Кавадарци (кој може) !
 
Не се жалете во Ѕингово време немаше теорија да идеме подалеку од Градски, сега имате можност само со лоши термини.
Затоа за фановите на кошарката каде каде било подобро за гостување,забрани скоро и не постоеа,бидејќи навивам за Работнички со CPB имавме многу добри гостувања ме држи меморија во Куманово, ако има некој од дечките слики нека ги постира, секако и од Кумани ако има некој галерија може да закачи некоја слика.
 
Најдобро брзопотезно графитче беше на Рибари под тоа надвозникот на патот кон велешко езеро :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom