Едукација од страна на навивачките групи е неопходна ако сакаме да привлекуваме нови членови, тука не станува збор само за најави на натпревари и прослави, туку општо се што опфаќа навивањето, почнувајќи од инциденти кои се неизбежни кај било која група, до изглед на трибина, скандирања, песни, графити, реквизити и се останато.
Генерално мора да се смени целосната слика која ја имаат луѓето кои се тотално надвор од тој свет кога се во прашање навивачи.
Јас еве ќе дадам пример од пред некој месец што ми се случи пред мои очи.
Одам по улица и го слушам муабетот на неколку деца кои беа пред мене, отприлика 11-12 годишни со ранци, дознале дека ќе има натпревар во фудбал помеѓу две училишта, нивното и соседното, сакаат да одат да гледаат и се јавуваат дома на родителите да добијат дозвола, едно од децата гледам има негодувања од мајка му, она не му дава, детево ја моли, ја убедува нешто лево десно и во еден момент и вика: абе мамо НЕМА ДА ИМА КОМИТИ.
После таа реченица веќе мајката се согласува и детето добива дозвола да оди на натпреварот, сега можам да замислам што ќе беше ако тоа истото дете побара дозвола да оди на натпревар на Вардар.
До таму е дојдена работата, луѓе што немаат никаква врска со спорт, веројатно и никогаш во животот не ни биле на натпревар, во главите имаат некоја претстава дека таму одат само некои наркомани и пијаници на кои единствена цел им е да направат некој инцидент поради кој ќе настрадаат мали деца.
И јас имам слични случки од опкружувањето како тоа дете, сите што ги познавам на кои навивањето им е непознаница ми викаат да не одам таму.
Кога бев помал, на еден другар му викам ќе идам на натпревар на репрезентација, ми вика пази таму да не те избоде некој со нож...
Имам уште милион вакви примери, сигурно и многу членови тука што активно одат на утакмици ќе се пронајдат во муабетов, посебно оние што доаѓаат од чесни фамилии на кои родителите им одат на работа и во животот никогаш немале проблеми со законот.
Капак на се кај нас имаше случки како убиството на Саздо, бомбата на Турчин, Кале, детето Златко што беше избодено во автобус...
Ова кај луѓето додатно ја расипува општата слика за навивач, секој родител мисли дека утре тоа може да биде неговото дете.
За жал не знам ни колку е возможно да мрнеме напред во тој поглед поради племето што го имаме во државата и нивните таканаречени навивачки групи, кои се бастион на партиски лигуши на дуи, голем дел од нив не ги ни интересира клубот за кој наводно навиваат, не па некои навивачки правила.
Како тастери само ги активираат кога им требаат за некој протест или гласање, лани на пола домашни утакмици ги немаше да се појават, битно против Вардар ќе се нацртаат на трибина, ќе скандираат против Македонци, ќе вадат пароли и медиумиве ќе пишуваат после 5 дена за тоа.
Не знам ни колку вреди ти да едуцираш членови и да почитуваш некои кодекси, кога ги имаш индијанциве што шетаат со ножеви по град и чекаат прилика кога се во чопор да нападнат некое наше дете, ако видат дека имаат рамноправен противник од другата страна одма се претвараат во Јусеин Болт и фаќаат спринтот.
Да не зборам што и од државата се заштитени како бели мечки во сите ситуации.
Стварно се надевам дека кај новите генерации што доаѓаат ќе се смени нешто, жално е да гледаме како цел Балкан има полни стадиони и многу побројни навивачки групи, додека кај нас на повеќето натпревари нема живо пиле, чекаме кај комшиите нешто да се случи за тука 5 дена да коментираме и да се испишат 10 страни.