ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
40 ГОДИНИ ЧКЕМБАРИ!

Дел од реквизитите кои се припремени по повод огромниот ЈУБИЛЕЈ кои ни претстојува во следниот период. Реквизитите ќе можите да ги набавите на чкембарскиот штанд пред Епинал, кој ќе биди поставен од 19ч.

- Белиот шал е инспириран од еден од најубавите Чкембарски транспаренти.

- Шалот ,,Птицо моја” е инспириран од истоимената Чкембарска химна.

- Шалот ,,Ко вчера да беше” е посветен на престојниот јубилеј кој ќе биде одбележан со тој слоган.

- Бар шалот е направен со македонски вез и пелистерски бои и го има редизајнираниот наш амблем по повод 40 год. Чкембари.

- Чкембарски Фанзин бр.9

- Фрешери за во кола, привезоци, маски за телефон и шолји со редизајнираниот наш амблем по повод 40 год. Чкембари.

- Чкембарски налепници.

#КоВчераДаБеше
Прегледај го приврзокот 452639
Каде можат да се купат сите броеви , колку гледам на сликата е до бр. 9?
 
40 ГОДИНИ ЧКЕМБАРИ!

Дел од реквизитите кои се припремени по повод огромниот ЈУБИЛЕЈ кои ни претстојува во следниот период. Реквизитите ќе можите да ги набавите на чкембарскиот штанд пред Епинал, кој ќе биди поставен од 19ч.

- Белиот шал е инспириран од еден од најубавите Чкембарски транспаренти.

- Шалот ,,Птицо моја” е инспириран од истоимената Чкембарска химна.

- Шалот ,,Ко вчера да беше” е посветен на престојниот јубилеј кој ќе биде одбележан со тој слоган.

- Бар шалот е направен со македонски вез и пелистерски бои и го има редизајнираниот наш амблем по повод 40 год. Чкембари.

- Чкембарски Фанзин бр.9

- Фрешери за во кола, привезоци, маски за телефон и шолји со редизајнираниот наш амблем по повод 40 год. Чкембари.

- Чкембарски налепници.

#КоВчераДаБеше
Прегледај го приврзокот 452639
Пофалба за бројот на извадени реквизити, ама не е само да удриш на квантитет.

-Редизајнираното јубилејно лого чкрипи – презаситено е со симболи и елементи на мал простор: кулата, детелинката, планината, тупаницата, 40-ката, па уште разгоропадениот арслан со шал одозгора… Малку како лого на агенција за обезбедување од Виница, направено околу 2002, што од немукает не го смениле, па го користат и денес.

-Шалот инспириран од македонски вез е добар, со тоа што мислам дека тоа парче заслужува да се најде подобро дизајниран амблем на него.

-За фанзинот секоја чест, очајно фалат такви работи на сценава.

-Белиот шал е благ ужас. Обидот за вклопување на Битола во Пелистер и 1985 во Чкембари е тотално неуспешен. Горниот ред со текст со црвени букви исто е очоболие и тотален вишок. Идејата да биде посвета на важен транспарент е добра, изведбата не.

-Птицо моја со стадионот – идејата добра, кон визуелниот момент имам резерви, ама проаѓа.

-Налепниците – ок, со познати мотиви и во рамките на очекуваното.

-На фрешерите, фигурата на навивачот има ДУПКА ВО ГЛАВАТА за да се протне ластичето за закачување. Ужасно решение што лесно можело да се избегне.

-Добра е идејата за маски за мобилен, да се прошара со различни производи.

Генерално, носечкиот дизајн со логото за 40-годишнината требало да биде изведен многу подобро. А го има на пола производи...
 
Во ,,специјалниот" амблем, освен 40 години, нема ниеден екстра детал од оргиналниот амблем. Се разбира, само шо е редизајниран.
att.5R78HFu_O4DixQ1OZh03EE9vr9y1loEsHgtUtPXA-lg.png.jpeg
Околу белиот шал, тој е направен исто како едно од најстарите и најпознати Чкембарски знамиња, кое поќе од 20 години не е изваено на трибини. Самото знаме беше богато со детали и истото е само прекопирано во шал, а другата страна е направена по истата шема, оргиналната е Пелистер, втората страна е Чкембари.
att.xYo3W9qGM0oriR-A4ErpPxWA0pRyIBDP_LRM_jlQ2kI.jpeg
att.Iya3Ea5JreKA95WUFwvZYxEXIeaM2wpno_XuJDu4qos.jpeg
 
Сепак Респект и за тие Чкембари што беа, значи лош термин дефинитивно одмори , башка петок иако празник, работен ден за сите... за да идеш на гостуавње реално се губат 8-9 саати све на све, така да со оглед на тоа сепак не е за потценување. И обратно да беше, да се играше у Битола исто за Комити ќе беше тешко да извадат добра бројка, кога треба да се појде у 15 00 часот, кога пола град е на работа а друга половина по одмори,
 
Колку и да бил лош терминот (а сепак е вечерна утакмица што и не е така лош термин), катастрофална е оваа бројка на Чкембари на фудбал. Особено што сите се "испукуваат" најјако во првите кола, кога е вратена и дијаспората и младите се на распуст. Колку најави направија, повеќе луѓе имаше на најавите отколку овде. Ко ќе ги одземеш Лозари и тие што живеат во Скопје и дошле директно, излегува ни еден автобус не наполниле од Битола.
Ако на вакво гостување не се покажат, не знам каде на друго место.
 
Се сложвам дека е лоша бројката за наши стандарди и иди малку чудно, сепак неколку фактори беа пресудни. Наврати се на вашите гостувања сите изминати години во работен ден и бош термин, бројката горе долу ќе излези дека е та.
А сега малку за mines на windows xp
Трчај трчај сопни се
 

Attachments

  • IMG_8400.png
    IMG_8400.png
    185,5 KB · Прегледи: 163
  • att.NS5x4DMxf2ocsuRNAoYux-tN2LxWQH5J8Z-0VJt1Djc.jpeg
    att.NS5x4DMxf2ocsuRNAoYux-tN2LxWQH5J8Z-0VJt1Djc.jpeg
    199,7 KB · Прегледи: 162
  • att.3lcdrcUv7WzvJVnMME7j32vmw3NWjjivpvAaoXulfTI.jpeg
    att.3lcdrcUv7WzvJVnMME7j32vmw3NWjjivpvAaoXulfTI.jpeg
    196,5 KB · Прегледи: 162
  • att.L-VApLVKcoBcGAiMA7KuJLgB2GVgUcCx3JxE7a4yij8.jpeg
    att.L-VApLVKcoBcGAiMA7KuJLgB2GVgUcCx3JxE7a4yij8.jpeg
    325,4 KB · Прегледи: 160
  • att._jZ38GY_csf-NhBfxHcgM1tC1FzpedJWkNygHiAOdaY.jpeg
    att._jZ38GY_csf-NhBfxHcgM1tC1FzpedJWkNygHiAOdaY.jpeg
    283,8 KB · Прегледи: 164

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom